Имај за слики и за свечени прилики едни вакви. Може демоде се не се разбирам од женска мода.. Кај машки е полесно дефинитивно. Од патики најки дефинитивно прелесна патика за тазе проодени
Ги гледав овие ама со перниче се внатре анатомско, а требало влошката скроз рамна да е. За мода колку сакаш се наоѓаат и за 500-600 денари
Може и големи да и бидат, подобро на лице место да пробаш, зависи и од моделот. Ако памтам добро, на година стапалото му беше 12цм, му земав 22ка адидас.
Па што ги пишуваат за проодување напиши кондурче само. Маркетинг ... Јас со малиов сериозно си имам проблем што не трпи ништо на нога. Ни за мода не дава да му облечам обувка. А големиот прооде скроз бос. Лето ама. А со ова малово незнам секако дома сме повејќе ке шиба бос. Во градинка ни тие како чорапчиња со кожа што се не ги трпи. Се вади
И мојава сѐ ваѓа дома. Боса е скроз по 378338 пати ѝ облекувам чорапи и џабе пак ги соблака. А ладно е мене по чорапи ми студи на паркет. Најсмешна е кога ќе стане од спиење одма ги соблекува и ги фрла надвор од креветче, па и ми покажува со раката демек види што направив
Убаво ли измери колку цм е? Велиш мало ноже а 22ка е доста голем број за 1 година. Синко со 21 почна а е доста високо дете.
Да толку е отприлика 11-11,3 цм. Ај ќе премерам пак за секој случај. Палчето ѝ е малку подолго. Пробував во кеги 17-18 бр ѝ беа големи баш и се зачудив зошто летото имав купено едни сандалчиња бр 17 и тогаш ѝ беа големи а сега ѝ се кнап. А 17-18 од тие што ѝ ги пробав сега беа најмал број. Ништо, ќе чекам да прооди прво па ќе пробам на лице место. Ќе земам за дома чорапи од тие со кожа доле што се шиени. Џабе ако купам сега патики а ги носи само 2-3 месеци, зима доаѓа кај ќе ја пуштам по патики да шета. Ќе земам некои обични поефтини чизмички сега колку да има за надвор и нема да ја пуштам со нив да оди.
Секаде била со фустанче и патики никогаш досега и немам облечено чевли. Старки носи и обични патики најк/адидас и според мене нема ништо поубаво него наџиџано со чевли со светки, буфки и триста чуда Али до вкус е
Во старки цел ден мене ногата ме боли не па бебе што проодува Немам ниту едни наџиџани кондури со буфки и светки ама спортска патика и фустанче мене не ми иде. Пре би некои чизмички најобични за зимава ама ни такви никаде нема за оваа возраст. Патики ќе купам обавезно понатаму секако најголемиот дел од времето во тренерки е.
Овие старки за деца се убави, меки. Ама да бараш во спорт вижн токму конверс, не оние на кеги шус, тие се за никаде. Ги гледав за синко ама немаше на попуст негов број. Редовна цена не ми се даваат пари за три месеци. Не би ги зела за проодување ама за понатака се добри.
Не зборам за бебе шо проодува, бебе шо сега се пушта се знае како треба строго босо. Не брзај за патики додека не прооди сега за да не биде боса надвор земи и некој бебешки меки. @MilaSs12 да за конверс старки мислев, од Артурс ги зимаме иначе да многу пари се за малце време ама и јас и мм сме постојано во старки така да мора и малата
Разбирам тотално. Ние ви најки сме, јас танјун а маж ми и синко во црвени револушн. Ама за пролет ке земам и за синко старки оти и јас и маж ми носиме. Не е убаво да кажеш дека малку време, како што не ти спие, гарант ги носи повеќе од други деца.
Си видела во ваикики? Толку џиџани кондурки есенски имаше во рамстор за девојче. Она готово веќе скроз сама оди се пушта?
Не не сакам џиџани обични најобични чизмички како ugg boots имитација бебешки ќе барам некои колку за ‘мода’ да има. Лани имав такви за ептен бебе кога беше зимата од окаиди ама сега нема. 700 ден беа. Баш во ваикики ќе видам ама и таму се сите некако или големи неможам да најдам број како за неа, или се ептен бебешки како топлинки. Не сум била одамна ај ќе побарам баш. Инаку да дома се пушта ама гледам дека се плаши зошто се лизга со чорапите и паѓа. Фатена за мебел трча, струја е Кај и да е за месец, два очекувам да прооди па да знам со време кај има, што има.
Хахаха и ти си во право да речам пиџами дека носи малце време по врено е иначе од белите има само мали бројчиња 24ка носи кај мене сега а од другите бои мислам дека од 27ка почнуваа баш сакав овој пат плави да и земам оти бели има износено еднаш ама немаше бројче и пак бели земавме. Мислам дека имаат и со пола бројче ако не се лажам.
Ова е број 30? Јас сиви видов во спорт вижн. https://www.sportvision.mk/obuvki/3331829-chuck-taylor-all-star
Имав такви од декатлон ми ги донесоа погрешка за девојче ама веќе ги поклонив иначе ќе ти дадев убави и топли внатре. Во ваикики имаат мали бројчиња ама одма се трошат. Имаш таму такви чорапи што не се лизгаат ко со гумички доле едни и дебели се таман за сезонава.
Случајно на инстаграм ми излезе странава. Ми текна да ти препратам. По сликиве мислам дека имаат и ептен малечки бројчиња 18-19.