Јас црни и имам два пара земено до сега од најк пошо и се преудобни, стабилна е и зато шо се црни ги сакам пошо и ги комбинирам буквално со се и многу потипски ми е него со розови. За родендени и јас барав тогаш, проблем кај Нина беше бројчето, мало ноџе имаше и тешко напѓав ама доколку сте при можност, геокс има прееубави од горатекс што не пропуштаат вода, удобни секако, а можат да се комбинираат на посвечани работи.
Син ми пред 3 недели негде се пушти и цело време по дома се пушташе правеше неколку чекори па седнуваше. Сега последниве денови воопшто како со страв да е а сака да се придвижи одма седнува и лази дали еднаш на ден ќе се пушти асално. Кај сите ли е вака? Мислам ептен паѓаше и се маваше и како да се испоплаши...
Малава одкако се пушти дома,уште 2 месеци не беше салам проодена. Дома само пред мене се пушташе,ако беше татко и дома не. Надвор пред други немаше шанса. Се додека дома сама убаво не се усоврши не се пушти.
Бев во sport vision. Ова со сантиметриве ни вработените не знаеа да ми го објаснат што е. Ми викаат прво големина на влошка. Добро викам дајте ми бр 21, ќерка ми стспалото е 11цм. 5 пати го премерив. Пробувам-огромни. Пробавме бр 19,5 тие беа малку големки ама таман 1цм поголеми како што треба. Не земав зошто ќе чекам да прооди, влегов само да видам за број чисто ориентационо. А баш и попуст имаше ама ќе си почекам
Може си слушнала како детето преодело ама од нешто се исплашило и престанало.Па бабите го носат по бајачки од уплав и што ти знам што.Ама после фамозната бајачка детето пак си почнува да оди. Ова ти го кажав дека може си слушнала ваков пример.Ама не се детето уплашило едноставно таков е развојот со паузи.Првото ми се пушти на почетокот на 11 месец,а почна да оди чекорчиња точно на роденденот.Значи цел месец и беа потребни за да го усоврши процесот.Вакви паузи ќе има и во говорот понатаму, ќе кажува некој зборови па после месец два ништо.Се е тоа во ред.
Kjerka mi pocna da lazi na 10 meseci , na 12 stoese sama , a na 15 pocna da se pusta da odi ne ja forsirav so niedna faza do prooduvanje, vrtenje od grb na stomak I obratno , sama sednuvanje , lazenje gji pomina site fazi .
Нема ни зошто да се брзаат децата. Кога ке им дојде тогаш. Со брзање само полошо може да им направиш.
Мајки малата веќе некое време се пушта сама по неколку чекори ама некако како несвесно да го прави тоа. Денес прв пат си седеше и сама си стана без да се задржи на нешто и си отиде со неколку чекори до комодата за тв. Ама пак како несвесно да го направи зошто имав пуштено музика на тв. Се смета ли тоа за проодено?
Чим од седечка позиција се исправило и направило самостојно чекорчиња се смета за проодено. Лесни чекорчиња
Нема тука свесно несвесно. Има спремно и неспремно. Може тебе ти изгледа дека е несвесно ама во одењето се вклучени многу работи, и не е случајно. Ова е и според ортопед проодено. Лесни чекорчиња.
Моево е многу плашливо станува сам два чекори и одма си седнува да лази. Не е паднат за да биде уплашен,си кажува бам и лази. 13 месеци. Еве доказ дека секое дете си е своја приказна . Брат му сам одеше на 13м не чекор два. Едноставно си е до дете
Нас не изненади бебето , ептен плашлива беше лазеше ама веќе 2 месеци како шета по мебел сама и викендов сабајлето си се пушти , деновиве од маса до фотеља по 5 чекори убави прави ама кога има некој пред неа се фрла за да ја фатиме , и нозете како ги плетка леле леле , 10месеци полни .... да нарачувам колачиња ?
И мојата од 10 така се пушташе ама за проодено се рачуна кога ќе се исправи само од седнато без да се задржи и да тргне. Баш сега прооде пред неколку дена,11+++ е