Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проодување кај детето

Дискусија во 'Бебе' започната од del-fin, 21 февруари 2011.

  1. Ms. Sunshine ☆°°

    Ms. Sunshine ☆°° Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Моево бебче има 15 мес. на 14 мес.почна да лази и еве сега прави по чекор -два но не се пушта, сеуште и е страв.
    Ја оставаме сама да се исправи и оди по краевите на гарнитурата, но некогаш сме и ние со страв да не падне некако лошо и да се повреди, па најчесто сме покрај неа додека оди и се мислам дека ова е погрешно и дека нема да се пушти уште некое време:|
     
  2. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Мајка според мене паѓањето е дел од учење , мојата уште се нема пуштено за одење ама веќе некое време буквално се врти околу маса, што се вика трчи да не ја фатиме, се исправа по кујна на зид и секаде кај ќе стигне, наше е да им обезбедиме сигурна средина (на пр. на маса да не има остро ќоше да го заштитиш, кај што стои позади неа да нема остар предмет во случај ако падне да не се повреди итн..), мојата паѓајќи назад се научи да седи и да се придржува на раце, ете и сега има моменти кога паѓа на глава директно на пархет мислам дека сите поминуваат низ таа фаза, едноставно верувај и, се ќе си научи сама.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Немојте да паничите кога паѓа, така и таа ќе се плаши. Ќерка ми откако почна да се исправа и да шета по мебел, додека прооде па и сега по 100 пати на ден паѓа. Никогаш не сме ја задржувале или паничеле и мислам дека тоа има врска што е внимателна, односно ‘знае да паѓа’ и не се удира. Се случувало да се подудри на ќош од маса, ама јас ставив ќебе на масичката во дневна што ни е и ја доближав до тв комодата да не може да го свлечка ќебето, па не ја боли кога ќе се удри. И други ‘опасности’ колку можев елиминирав и заштитив. Ѝ обезбедив слободен празен простор да може да си се движи. Веќе има 3 недели како е проодена, ја пуштам и надвор сама, паѓа на раце или на газе ама нормално е тоа така ќе се научи и ја гледам сѐ постабилна станува.
     
    На Dee*Tee и Zumbulche им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, и да падне не е тоа којзнае колкава висина, оставете го и паѓањето е дел од процесот на проодување, јас никогаш не сум му се тресела паднал станал никому ништо
     
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    3.021
    Мене ми е многу страв и цело време сум позади него :( Во игрална го оставам, таму паѓа, ништо не му е. Веќе ја изодува цела игрална, оди по креветите, и се обидува да се префрли од еден на друг предмет, пример од маса на стол, а меѓу нив има 30 - 40 цм растојание. Некогаш успева, некогаш го фаќам во лет. Од пред некој ден успева кога стои да се спушти внимателно на газе или на коленици, од денес кога лази, не лази на коленици, него стапнува на стапалцето и се оттурнува напред. Не знам дали е тоа чекор поблиску до проодување или чекор назад, поради тоа што цело време му дишам во врат. Да го оставам баш така, да паѓа? Инаку има негов простор за играње, без ќошиња и опасни делови, ама тоа паѓање на глава директно назад на под, многу ми е страшно.
     
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако го оставиш само ќе се научи да си припазува да не ја треска главата кога паѓа. Мојата уште коа почна да се исправа кога ќе паднеше 2-3 пати се удри и си научи да се контролира кога паѓа наназад, главчето поткренато си го држи и не го удира.
     
    На Zumbulche и Marge им се допаѓа ова.
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Мајки, мојата има 14 месеци, почна да се исправа на мебел уште на 11 месеци, ама сеуште никако да се пушти. Кога ја држам оди ама воопшто не е стабилна...некое време веќе оди на коленици, кога ќе ја видам ја кревам да одиме. Закажав на ортопед за месец дена има термин. Има ли некоја со сличен проблем, почнува да ме фаќа паника.
     
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Не паничи мама. Не ја форсирај. Некои дечиња подоцна проодуваат, ќе видиш преку ноќ ќе прооди. Ќерка ми од 8 се исправаше, на 9 и пол веќе шеташе фатена за мебел, ама беше плашлива и не се пушташе долго време. На 11 месеци прв пат се пушти а неколку дена пред роденденот сама се исправи и си тргна. А мислев далеку е од проодување ама баш преку ноќ се случи. Не ја паткај, остави ја сама да се учи и да си ја усовршува вештината. Кога ќе падне не ја дигај веднаш ако не плаче нормално, остави ја да се учи сама. Вака со помагање уствари ги спречуваме во учењето. Добро е што си закажала на ортопед за мирна глава но мислам немаш потреба да се грижиш. Ќе си тргне кога ќе е спремна.
     
    На MilaSs12, BeLLaDona23 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Некако ич не е стабилна, цела се клати кога ја држам...и се научи да оди на коленици, сега не можам да ја одвикнам...Фала ти, секогаш ме смируваш:inlove:
     
    На lilo и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  10. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Bebevo moe ne znae da lazi skoro 9mes e. A se isprava i koga e na site 4 mesto da trgne napred se diga u downward dog poza i neso slicno. Ne znam treba li da ja ucam nekako da lazi, go gledav onoj ortopedot Antonije vika mora da lazi pa da odi ova moevo aber nema ili naopaku e
     
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    3.021
    Моето од така кога правеше, почна да лази за 3-4 недели, сам од себе, никако не го учев.
    Читам дека не е правило, дека имало деца кои го скокале лазењето, ама мислам дека е доста битно за зајакнување на мускулите, па после тоа би требало да следи проодувањето.

    Мислам дека само од себе ќе си се пушти, да не се грижиш.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.674
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Ке се пушти кога ке е спремна. Најголема грешка е да форсираш и да ја тераш да оди.
    Не се знае кога ке почне да лази и колку долго ке трае таа фаза. Некои деца за неколку недели се пуштаат од одење по мебел до чекори без помош, а други со месеци.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека мора да лази па да оди. Ќерка ми од годинка се пушташе по 2-3 чекори, на 13 месеци прооди а пак на 14 месеци почна да лази. Претходно никако не сакаше да лазе, дури откако прооде таа почна да лазе.
    Секое дете е различно.
     
    На mal.ecka и Pacient srna им се допаѓа ова.
  14. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Fala na poddrska se zamisliv da ne i praam belja sto ja cuvam vo igralnata,tamu ne moze bas da se faka za da se isprava. Moze treba da ja ostavam niz stanov da se valja na site strani
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.674
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Ако е мека игралната тогаш треба да ја извадиш и да ја ставиш на тврда подлога. Плус по мебел ке се фаќа и ке се исправа.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Вчера бев кај Антоније на преглед за малото и го прашав за игралнава колку би ми било паметно да ја купам, зошто планирав.
    Ми вика немој, остави го по стан да се шета, само тргни остри ивици, не го ограничувај.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи еве јас кога сум била мала сите фази сум ги прескокнала директно сум почнала да одам.

    Не грижи се, ќерка ми еве исто на 9 месеци и нешто почна да лази исто се креваше и не можеше да тргне напред. И јас како тебе се секирав зошто не седи стабилно, зошто не лази, од едно време почна и еве сега не можам да ја довардам оди по сите ќошиња, се сака да фати не ја сака ни игралната, сака да се движи слободно и да собира се од по земја:rofl::rofl:
     
  18. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    834
    Моево точно дента кога правеше 8 месеци му текна да лази нанапред ама војнички стил, не на сите 4,до тогаш само наназад и у круг лазеше. Последниве денови пробува по еднаш двапати нанапред на сите 4 па ќе си седне, се вежба, ама на под е цело време и по цел стан ровари. Не се секирај ама извади ја од игрална, малку напорно е ќе трчаш по нејзе ама и за фаќање по мебел и движење е тоа добро.
    Иначе моево се залета да фати едно маче што се навива и се движи, така му текна за нанапред, можеш така со некоја играчка да ја залажуваш да видиш дали ќе и текне или да и вртиш некоја тропалка како вртимушка :lol:, моево така се лаже.

    Иначе ја еве не сум лазела воопшто, сум проодела на 9 месеци и некој ден, баш ме зачуди Антоније што кажа така.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Ne e meka, kocki staiv vnatre za da ne bide samo materijal.

    Abe ke stais neso na ivicite ama taka mora da go gledas poso ke se lupne. Jas vo ova ja ostavam i si brkam rabota rucek praenje generalno.

    I jas ne sum lazela ic ama me stavale vo dubak pa nemalo ni koga. Majka mi e ekstra zimurliva na pod voopsto ne sme bile ni jas ni brat mi. Sega koa ja glea malava pa uste i bosa i ide da me potepa i mene i ortopedive
     
    На IRBBB и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Ќе си лази без гајле. Јас замарав со мојата не лази, чудно лази, мрзеливо незнам што па еве ја сега сателит е. Се почувствува спремна и се стави во акција. Кога ја видов сигурна и јассе опуштив да ровари инаку претходно баш беше нестабилна и во секој момент мислев ќе се залепи за ламинат. Во игрална ја оставам за ручек да спремам и фала богу е супер. Ако не е игралната нема ни да се јаде ни пие богами. Очи и на тил ни требаат сега :rofl:
     
    На IRBBB и Pacient srna им се допаѓа ова.