Здраво на сите, читав наназад ама пак не можам да се одлучам, бебе ми е 12м т.е направи годинка и оди на градинка, ама со чевли е скаран,дур беше топло се беше бос или со тие чорапчињата со гума, ама ова ладното ме плаши и не знам што да правам. Добивме тимберленд на подарок ама се ужасно тешки некако незгодни поголеми и ги вади нон стоп, претходно имавме едни есенски на оригинал маринес. Последно го носев на ортопед пред една недела ми рече ортопедски чевли, инаку уште нема убаво проодено, оди по се живо и диво, но не се пушта сам. Па, некоја со искуство да ми даде предлог за чевли за сега кога е поладно.
Нашиот ортопед ни кажа за проодување да носи чевли со ѓон кој се витка лесно. Со нив најдобро се оди. За надвор не знам кои би ти ги препорачала за ова време
Девојки од патики најк и адидас кој модел го препорачувате за први патики, има 13м не е уште прооден, оди држејќи се за предметите наоколу.
Моето лази од 7 месеци. Веќе секаде се исправа. Лази низ дневна трпезарија имам голем простор. Ама за до вц кујна или било што да направам игралната што ја имам е спас. Имам од оние коцкастите што се. Нема подобро за да не го мислиш бебето. Антоније може колку сака да ни препорачува ама друго е кога си сама со бебе цел ден.
Најк танјун ако најдеш ама јас не најдов до сега. Најк револушн 5 или стар ранер 2, на кои ти одговара цената тие ги земи. Обавезно ке најдеш некои на попуст. На кратко додека завршиш работа секако дека може, ама по цел ден да седи таму не е препорачливо.
Da da sekako samo bas na kratko. Inace jas go ostavam na pod od malo i samo odam po nego. Tesko e ama za nego e dobro sekako
Какви обувки препорачувате за проодување? До сега ништо и немаме купено, се мислам дали обични најк адидас патики или од тие со патент што се на кеги или колев. Почнува да се пушта по некој чекор прави сама, би требало веќе да и земеме нешто. Исто и топоплинки за во градинка препорака?
Јас сакав од тие со патент стварно се премеки и прелесни, ама немаше број за моето дека се до 20ка мислам. Па купивме топлинки на Кеги и патики најк како најмеки без перничиња внатре.
Топлинки од Енци менци на Чико. Сега мислам има попуст,ние имавме 2-3 пара на попуст ги земавме по 500,800ден инаку се 1800ден. Еднаш бевме решени и 1800 да ги платиме,навистина вредат за парите и има разлика со другите топлинки. Меки се,се виткаат,цврсти да ја држи ногата убаво(за разлика од џамбо ,ваикики беа широки напред и го сопнуваа) убаво држи лепенката.. За штотуку проодено за во градинка се топ. За дома по чорапчиња ,земи си од тие со гумички да не се лизга. Најдобро е босо,ама со оглед на тоа дека е ладно,остави по чорапи. Патики од спортските продавници,земи моделче од меките за трчање,имаш добри од најк,рибок..
@Sofi.ja Супер идеа скроз ги заборавив чико и енци менци. Баш ќе ги погледнам. И јас се мислам за сега само топлинки да и земеме за во градинка па за месец два таман патики за надвор и ќе се потстопли. Сега секако не ја шетам надвор а и не оди сеуште.
@Sofi.ja Купени топлинките на чико. Стварно многу добар попуст имаат и многу ми се допаѓаат и на изглед и квалитет. Сега само уште да се навикне да ги носи и да ги сака. Два пара и земавме едни за сега, едни поголеми за понатака. И гумени чизмички земавме 23 број којзнае кога ќе ги носи, догодина. Ама преубави беа па и на попуст. Фала ти многу за информацијата.
Како се одредува број на патичиња? Да му мерам ноџето на хартија? Се додава нешто после? На обуено колку треба да има простор напред?
И јас никако не можам да му одределам број…мерам со метро 11цм + 1 што се додава 12 тоа доаѓа 19ка некаде…од ваикики топлинки носи 20ка ама тие не ми се репер мн се меки…спуштив од интернет една како влошка редиш ногата од бебето и ти кажува големина…пак чудна големина ми доаѓаше, плус кај застанувало моево нешто да му измериш…сега за роденден купивме 20ка како кондурчиња повисоки, малку му се поголеми ама ги зедов само за мода, не за одење..имам скечерс патики 21 големи му се..,последно купував топлинки од чико и од таму одвај се одлучив за број..купив 21 па ако се големи потака ќе ги носиме
Вчера пробувавме баш... Скечерс и Адидас 21 му беа таман, Најк мали. Па нарачав Најк 22, какви ќе бидат такви, ваљда ќе ги поноси бар месец. И моето е 11-12цм кога мерам. Ама 19 бројче патики му се мали, и 20 имаме едни Адидас, мали му се веќе. Види онлај, пишува цм на секое бројче, различно оди за различни брендови. На пробување ги стегнало прстите во бокс нема шанси да видиш колку има простор. Ни пораснаа дечките, патичиња им купуваме Фала ти! Така некако и бирав, само ми беше страв да не се сопка.