Здраво девојки, малава е година и два месеци. Од 10 месеци сама стои, оди по кревет околу маса и секаде се крева ама никако за прооди на земја. Кога ја пуштам на земја да оди таа си седнува и ползи. Ако може некој совет како да и помогнам да прооди ?
Пробај со некоја илустрација, на пример нашата прооди на 10 ипол месеци( лазеше од 8 месеци) , од кога се исправаше некој период со сопругот седевме на земја до неа кога таа е исправена и и подававме рачиња да дојде до нас со зборовите чекорче по чекорче, па почна полека да се испушта и секогаш кога и да и кажевме чекорче по чекорче секој ден се испушташе повеќе. Сепак се е до тоа колку сами се спремни но ние сме тука да ги подржиме. Мој совет што повеќе игра со неа на под заедно, нашата така научи да се исправа, качува врз нас...
Моето е месец помало 13м точно , и еве сега овие два дена се пушта сам низ соби и сеуште со страв е. И он од 9м се исправа оде крај кревет , ама лазењето му беше поубаво и одма седнуваше . Пробуваме така да иде од еден до др неќе , си седнува си лазе и така иде. А држи го за рака една или за прст да ме држе само лета низ соби. Не се грижи , без форсирање , ќе се пуште кога ќе е спремна , за брзо ќе биде , кога ќе се осеќа стабилна самата. Џабе е се ние што правиме кога они кога се спремни тогаш. Пред да се пуште синко скоро една недела се вежбаше да се исправе сам од седење без да се држе за нешто , па стоеше сам по минута две и почна да праве чекори.
Aj prosvetlete me. Kakvi obuvki treba da nosi edno godisno detence. Anatomski na kegi? Ili nekoj drugi ramni vnatre? Mojata e skoro proodena za eden mesec imame rodenden i sakam da i kupam nekoi cevlicki syo ce si gi nosi i vo maj i juni...juli Ako moze sliki
Моја препорака Nike Star Runner патики за секој ден, а за роденденот имав на Кеги за проодување што само тогаш и уште 1-2 пати ги облеков. Цело време е во патики поудобно е. Ама добра обувка лесна за одење на тазе проодено дете за дотерување нема. Треба да е рамна влошката внатре.
Kegi vristi a doprat do noga sansa nema da i se oblecat ama za grizenje i zabi vadenje super i e gonot
Јас и купив од проодувалките ич не се тешки и баш гледам дека лесно покрети прави ме зачуди сега. Може и различен модел имаат женските