Јас по дома боса ја оставам да оди, а за надвор меки патичиња, бебешки за во количка, ептен да не е по чорапи ама најчесто ги вади и ги јаде. На клупи сака да стои и да рипа, па по чорапи ја ставам, не ми се сигурни тие меките. Задње кога бевме на ортопед, рече патики купување откако ќе прооди надвор бебе, и тоа меки патики, никако анатомски или оние ко во гипс што се кеги. Најк, адидас, да е слободен глуждот. За летоска се мислев и јас ама не верувам дека ќе е стабилна за сандали ако прооди, мислам им бега напред ноџето.
Mojata e godina pa ic gi nejke patikite i da sedi i dali stoi sekako gi vadi niv....bosa e celo vreme
Nego decava gi patkate za da proodat? Neli demek en trebalo,a drugarkive mi vikaat mora malce za demek da gi ohrabris stoznam
Јас не го паткав. Бабите имаа безуспешен обид, а го фатеа за рачиња за паткање, паѓаше на коленици и не сакаше. Кога се почувствува спремен, сам се пушти. Мислам дека нема потреба од форсирање, секако ќе проодат.
E ajde de i ja ne bi sto ke se maltretiran. Ova sea se pusta stoi, a ja fatis za patkanje groto si sednuva i si lazi i sama koa se drzi za nesto mebel prooduvalka si seta bez problem
Исто и јас како @Tiny Love така ми рече ортопед и не го паткав, а баба му упорно пробуваше ама исто и мојот паѓаше. Леле кога ќе ми текне пат, пат, пат му викаше
Никогаш не ги паткав. Во дубак ги ставав на кратко, колку да завршам нешто. Големата прооде на 14 месеци, сега бебуш на 11 месеци.
Моето прооди* со такви , немам замерка , лесни се баш. На таа возраст не му ни требаат обувки , значи нормално е за возраста да си оди крај мебел , тоа не значи одма патики купување. Дете се учи босо по дома после се купуваат соодветни обувки за надвор. Остави ги другите секогаш ќе има некој да деле совети , ама ти сама си знајш што е потребно и исправно * Не паткав , не беше уопште заентересиран за поимот одење-шетање за раци да го држам до пред годинка , по си сакаше лазење сам се опушти за една рака да го држам па за некое време се пушти сам чекори. Со паткање мислам дека му одмагаме. Треба сами да се опуштат и направат чекор кога ќе се осеќаат спремни и цврсти. Се во свое време ние може и од 10м да паткаме ама кога тие ќе бидат спремни ќе проодат
Не ја паткав, бабиве имаа безуспешен обид , кога и да ја фатиш вриштеше и ќе седнеше. Научи сама, научи и да оди веднаш на цело стапало не на прсти и најбитно научи да паѓа. Кога ќе осети дека губи рамнотежа паѓа на дупе , без плачење, станува и тера понатака.
Накај 9-10м сакаше да ме држи за рака и да одиме...ако е тоа паткање стварно не правам разлика. После на 11м сам се пушти веќе ама пак доаѓаше понекогаш и за раче да шетаме...сега на 18м ги барам тие денови за раче кога шеташе се турка да трча сам без помош и ќе шлакне на сред тротоар Паткање не чини веројатно со сила ако не ги помине сам фазите да се исправи, да скока во место па да се движи лево десно ова ако го скокне веќе е со сила проодување. И проодувалка е џабе. Земав пошто буткаше маси, најскапата играчка што фаќа место сега збеснува со неа и му ја фрлив... Дубак џампер немам користено. Искрено во дубак ми се како во инвалидска количка дури жал ми е кога ќе ги видам толку мали на 5 6 мес. Другарка детето е со инвалидитет и стално на тоа ме потсеќа. Секако кој како сака, ама дубаци џампери се ми е тоа маркетинг за пари И да додадам и јас сум била сама кога ми требало 10 15м во креветче го ставав искрено таму научи и да оди и скока и се да прај...за 15мин во ден не ви вреди пари по дубаци да давате
Претоставував... после им текнало може да заработуваат со нив. А реално не се наменети за здрави-прави деца моето ко што е хипер мислам би се превртело со се дубак
Ќерка ми почна кога оди по гарнитура да ми подава раце, како јас да ја држам, а она чекорчиња мали да прави. Тоа ли е паткање на бебе? Нели не треба така да се држи бебе? Што да правам сама што се подава?
Ако сака да те држи за рака или за прст дај и ,помогни и ,бара сигурност. Паткање е да го држиш под мишка и за раце и да го тераш да оди, а да не сака, да не чекори, да го форсираш ти. Барем јас вака тоа го имам разбрано , ако знае некој поинаку нека каже .
Daj i i mojata use se drzi za eden prst ama sama a ja ostaam podava race i ako ne i dades se plasi se kara i sednuva 13 mes e. Patkanje e da go forsiras vaka ne go smetam za patkanje. Ne se patka,za race se drzi
Не, паткање е да ја фатиш за раце нагоре и со сила да ја тераш да оди. Штом оди за мебел ке се пушти за брзо. Дај и раче, ама гледај рачето да е на ниско ниво како за мебел да се држи. Првата слика не, втората да.
Мене Антоније ми рече да не му подавам прст, рака. Им се нарушувал балансот што ти ја знам. Вика ако не му пружиш нема да знае дека може така и нема да бара. И што е за право, син ми сам си оди по гарнитура, кога ќе дојде до крај или си седнува доле или се враќа назад. За сѐ досега го имам послушано и детево како по книга сите фази си ги врви, ќе го послушам и за ова. Кога ќе се пушти сам тогаш. Никакво паткање, никакви проодувалки.
Зарем е можно толку брзо да заборавам? И јас ги следев сите совети и како по книга си прооде синко. Ниту еднаш не падна. Си го пријавив мислењето да ми го избришат.
Ова најтазе сега пред месец дена на преглед го носевме малиот, и баш и со пример ни покажа дека ако го држиш за едната рака ќе криви. Вака со ниско држење дали треба/може не спомна, само рече не за паткање, проодувалки и слични помагала. Сам, на под како и до сега.