Јас купив од кеги такви, но тие што се со мрежасто планто. Ги нема онлине, во сити молл во продавницата на 3ти ги земав. Меки се и баш убаво оди со нив од прво облакање. Лесни се за облекување. Додека не прооде сама, не и облеков никакви чевли, овие од кеги и ги облеков после 3 недели откако прооде.
Не е прооден, ништо не му облекувам, но во парк бара да излези од количка, да лази и да се исправа, а бос не можам да го оставам да не стапни на нешто. И кога веќе купувам, подобро да купам нешто за шо вреди да фрлам пари, да не се некои украсни патичиња од ваикики (ко досега шо му купував).
Мене ми беше тешко да се одлучам што да земам додека беше во таа фаза пред проодување и се откажав. А и ќерка ми не бараше нешто многу да лази/оди надвор па немав проблем да почекам Гледав и други обувки и патики, ама некако овие уште во продавницата и легнаа на нога. Мој совет е да пробате обувка за да видиш дали ќе му одговара на стапалото, а за должината да ја погодиш, најдобро извади влошка и стави го стапалцето одозгора и треба да има простор кај прстињата.
Еве ги adidas tensaur и adidas runfalcon Само за тоа ми е, ако сака додека сме надвор да излезе од количка, инаку ниту тој трпи нешто на стопалца, ниту ќе ги износи воопшто, дури прооди ќе ги одрасни. Фала ти многу за советот за бирање број, само што сакав да прашам, ме прочита.
Уште ова и не замарам повеќе. Од кај купувате? Сите спортски продавници онлајн ги претерав, чисто да знам кај има, да не се маткам по продавници, ептен слабо избор и за модел и за боја, а бројчиња мали ни за лек.
Синко со 22ка почна. Инаку од секаде имам, кај се најевтини таму земам. Боја не бирам, бели сиви црни црвени секакви имал. Сега пак црни носи како првиот пар што му беа. Инаку онлајн ги порачав скоро сите.
Охоо Мојов ептен мали стапалца има. Ако се репер обувките од ваикики, од нив 19 носи. Морам првиот пат да купам со пробување, не сакам онлајн па да се молкнам по карга и замени да барам.
Подобро ти е да пробаш за првиот пар, тоа се согласувам. Тогаш и најк ке ти треба помал број, 20ка. Адидас се малку поголем калап.
Не би рекла дека се репер Ваикики. Му земав од нив 20ка, малку ми се големки. Од Окаиди има 21, мали му се уште од пролетта. Ваљда си зависи од калапот.
Dzabe ti e online odi si vo prodavnica so deteto. Imas vo sport vision sport m buzz...jas i zemav addidas superstar so daisy duck top i se. Denes i zemav i gumeni sandalki na addidas i edni samo mreza gore sto se ko.letni patiki da ne recam sljapki. Generalno koa gledav za patiki tie sto se bez lepenki polesno se vitkaat, na mojata se bez lepenki bez nisto. Broj 21 e
Отворени сандали не се препорачуваат кога проодуваат затоа што најчесто одат на прсти кога проодуваат и за да не си ги повредат прстињата. За лето на пеколниве жештини јас искрено би облекувала сандалки. Во кеги на ипанема имам гледано многу слатки гумени и затворени сандалки.
И јас баш ги гледав истите,знаеш ли дали се препорачливи за деца што тек проодуваат? Ме буни дека гумени
И јас сакам да му ги купам тие од Ипанема, моево е пред 3 недели прооодено ама ме буни дека позади се отворени
Тие од Ипанема се одлични, многу удобни и меки. Моево од година и пол до три години, може и повеќе, преку лето носеше такви. Јас сум задоволна. Е се полнат со земја, песок, може камче да влезе, ама не е проблем тоа. Ако се отворени напред, ќе се сопнува и ќе паѓа, башка може да лизга ногата, вака затворени им се постабилни.
Супер, фала Ана за споделеното искуство, се мислев дали да ги купувам...кажи ми само како одат со бројките или да го носам на лице место да му пробам? и дали исто како и сите обувки треба напред да има малку простор?