Баш читав дека ако не гази на цело дека укажува на некои нарушувања. Ако ја ставам на цело одма седнува. Така ја осеќа цела тежина и не може да издржи.
Кога бевме на контрола после проодување, ортопедот ни кажа дека нормално било да одат на прсти и дека со тек на време ќе почне да гази на цело стапало.
Па да, но мајката е загрижена бидејќи сама не се ни обидува.. иначе напредна е 13кг има не знам дали тоа има улога..
Кога ја носев малата пред еден месец на контрола сеуште не одеше сама и баш и кажав на докторката дека уште не оди и ми рече да ја фатам за раце да виде дали ќе оде така. Мојата одеше и докторката рече дека не е страшно, ќе прооде. Не се сите исти. На 17м прооди мојата и тоа одеднаш стабилно си оде.
Малава прооде скоро на 17 месеци. Претходно носена на ортопед ок беше се. Не ни покушуваше сама,само седеше.Ни за рака ни по кревет. Инаку нормална фаза е одење на прсти.Двете долго одеа така.
Ортопед така кажа. Синко го оставив на под и ги помина сите фази како што ги кажа ортопед. Има улога ако е мрзливо бебето. Синко имаше 12 ама прооде на 11. Ептен е темпераментен. Знам и други вака што не сакаат да се помачат да одат а се буциња.
Мене првото најмрзеливо , не лазеше , на ортопед се беше ок а прооде на 2 год . Второто прооде на година и 4 месеци а третово најбрзо , на 5 дена пред да наполни 11 месеци . Се е индивидуално , првото ( синот ) не мрдаше од место , каде ќе го ставиш таму ќе го најдеш . Второто ( ќерката ) лазеше долго пред да се пушти да оди . Третово ( исто ќерка ) лазеше околу месец ипол до два највеќе и потоа сама се пушти направи три чекори , падна , повторно стана и за два дена веќе стабилно одеше на рамни површини . Ниту едно не го форсирав да лази/оди , ги оставив да го направат тоа кога ќе бидат спремни .
Сакав да правам поступалка за господинот. Е сега не ми е многу јасно има ли некои правила, што како треба да се направи? Тие колачињата од пекара ли се порачуваат?
Според Антоније до 18м треба да е заодено детето, во спротивно треба да се посети ортопед, тој ќе го види и ќе процени, малце глупаво е за таква работа да се бара совет на форум, ниту се ортопеди ниту го виделе како се развива детето
Еден твој прст на рака колку што е широк, толку пошироки. Ги стегаш лепенките повеќе и нема кај да бега глуждот, кој е најбитен да е стегнат. Не се исплаќа кнап патики да купуваш, ќе треба да купуваш секој месец, ако не и на две недели. А колку ќе ги износи знак прашање. Ова ми е совет од Антоние
Кога се смета за проодено детето? 14 месеци прави утре малата, веќе цел месец се пушта да оди ама никако да заоди убаво сама. Значи 2 метра и ќе седне и почнува да лази или се фаќа за нешто и така продолжува. Како несигурна ми е некако. Пред неколку дена кај баба и се пушти повеќе, од една до друга соба неколу пати, ама еве ја дома пак не сака. За раче кога ја држам нема гајле си оди убаво, ама сама ко да се плаши...
Мами уште не сме проодени. Желба за одење слабо но понекогаш сс пушта на земја да ја водам. Ај сега е топло па боса шпарта ама еве веќе ќе залади. Што да и земам за ноџињата, а рано и е за проодување. И каде освен во џамбо има од оние камиончиња што се на туркање за проодување и шо пари се? Дали се стабилни? Имаме една демек проодувалка, ама толку е лесна шо ја џитка со едната рака.