Јас од одма му зедов патичиња кога почна да изразува желба да оди покрај клупи надвор. Туркало имам од Џамбо и сум презадоволна, супер е стабилно, омилена играчка му е месеци наназад. Околу 1500 го земавме. Иначе имам гледано и во енцименци и оние пики струмица, лотус и сличните.
Ostaj ja ke si se pusti koa ke i dojde vreme. Prooduvalka moeto ne znaese da korsti ama znaese da butka plasticni stolicu dur cekavme red kaj maticnata ete takvi nekoi zemi
Леле моето столчињата само ги развозува низ чекална. Од еден крај до друг. Дома пакет вода вози. Е не, ќе давам пари за проодувалка/туркало.
Столиците ги вози. Партал го направи паркетот. Затоа сакам да и земам возило на туркање па кога ќе е стабилна и ќе си го вози.
@Tea SK какви обувки зема ти, знам дека бараше за проодување? Да земам патичиња адидас/најк или од кеги проодувалките сега за есенва. Не знам какви да земам?! А патичиња кај има мали бројчиња? Кое е најмало уствари...дека мало ноџе имаме.
https://www.sportvision.mk/obuvki/8...E37MIbcpcU_FhBYZ6nfk1oxDIBH22EMUvy5Apj7EzdnR4 Овие и ги земав јас. Многу се лесни. 19.5 бројче ама со прст да ставам позади имаше простор. Инаку цел град два пати го свртевме од Сити Мол до аутлетите во Аеродром едвај најдовме мало бројче. Нема нешто избор, 2-3 модели се под 21. На крај ги начекавме овие во Спорт Вижн Кидс во Сити Мол. Им се мислев и јас на проодувалките ама на крај поубави ми беа патичиња.
Ај ама се слатки. Се виткаат? Лесни се? Пробавме денес адидас во спорт м ама 20ка, најмало бројче, но големи и се. Да се дополнам,...мислам антоније ми рече дека еден прст да има луфта на влошката кога ќе мерам на стпалцето или не? Кај да ја барам луфтата напред или да го пикнам стапалцето напред па кај петата да мерам прст?!
Мене ми кажа палецот да е испод закривувањето напред кога ќе ја извадиш влошката. Антоније. Ама на брендовите има обележано обично на влошките.
Се виткаат и прелесни се. Адидас не се виткаа, барем тие јас што ги гледав. Јас и ги облеков и кај петата пикнав прст.
Здраво мајки, малото ме држеше за рака се пушти направи четири чекора и буп на газето. Ова се смета за проодување? Кога се прават колачиња? Да чекам убаво да прооди?
Здраво мајки, синко за некој ден прави 10 месеци. Лази, се исправа и движи покрај кревет, маса... Дома е постојано бос, кога е соодветно време да му се земат патичиња и какви, дали од оние за проодување или најк,адидас... ?
Отеков денес знам . Како да ми се врти муабетот од последниот преглед кај антоније дека кај првите обувки задниот дел кај петата/глуждот треба да е цврст а кај прстињата да се витка така беше? Денес шетнав по спортските и гледам дека кај дел задниот дел е мек не е така цврст?! Или многу се замарам . Денес таман реков ќе земам, пробавме супер, мм вика ама види назад меки се, нели д-р рече дека треба да се тврди
Така беше, денес ни кажуваше. Ама искрено јас не сфатив тоа со тврдиот дел, пошто тоа патичето што ни го покажуваше, што знам, не беше многу тврдо позади а напред скроз да го свиткаш предниот дел толку да е меко. Пошто на прсти одат на почеток и треба да им е лесна патиката, да не одат на цело стапало да е тешка. Ко да имаше низ темиве некој слики ставано какви патики препорачуваат.
@Mucika @brm_brm Одете до продавниците за спортска опрема и одма сами ќе увидите какви треба да се. Нема утка. Напред се виткаат, лесни се, другите ко ќе ги фатиш се со крут ѓон и тешки, сам ќе речеш во ова бебе шанса нема да оди. Јас конкретно Nike star runner му земам, дури не ни гледав модел ко ги купив после видов дека ги препорачуваат за почеток. Супер се погодија.
Рано ни е ама букирам за да земам на попуст. Стварно на месец ипол ќе треба патики да купуваме? Има и на претходнава страна nike revolution и тие вака фини ми личат @brm_brm види ги и нив.
Мојов ги носеше цели 2 . Ајде живи, здрави и само нека растат, да купуваме за брзо поголеми, јас тоа викам . Иначе да и nike revolution се добри .