@brm_brm @sani99 да ве тагнам генерациски. Проодеа вашиве? Мојава ѕверка од 8 мес оди по мебел, уште не се пушта сама да оди, 13 мес ги направи. Мене паника ме фаќа малце зашто не се пушта сама, а на секој друг начин оди.
Мојата по мебел од 10м. И од некни, нигде никаде се пушти 3-4 чекори ама трчајќи, не одејќи и си падна. Срцето ме стегна кога ја видов сама. Ама се клати и трча . Еве и денес на 2 пати Но неможе да се исправи сама, мора да се фати за нешто. Сеуште не е спремна. Мислам дека нема место за паника. Уживај мајка.
Мами баш се жалев и јас едно време , на 09.09 на убав празник се дигна да се исправи .. Сега цело време се исправува на столчето/ маса било што а сеуште не оди по мебел ма да еднаш два пати се потруди ама падна , вчера незнаеше како да седне дека стоеше, се гледаше како да има страв во него. Без паника, ќе се пушти преку ноќ па после ќе ги бркаме
Кои патичиња за проодување препорачувате за надвор на отворено. 13м е не оди ама надвор сака да патка
Мајки ќерка ми (14м.) е во фаза да се испушта сама и пушта 3-4-5 чекори сама. Пример од мене се пушта до друг предмет да се фати или пак од кај шо си игра (ако стои) и ме гледа се смешка и се пушта кон мене...абе топење е . Значи лази на велико некаде од 9м исто од тогаш или 10м се исправа и оди по мебел. Е сега ме интересира кога треба да почне да се исправа сама на нозе без да се фати за нешто. Прво проодува па се исправа сама или обратно. Треба некако да ја вежбам?
А во однос на станување/исправање сама од земја, без подршка? Кога е оваа фаза. Баш сега пред заспивање, си играмр по дома, мора цел стан да го поминеме.....лазеше па завзема позиција како комита (една нога свиткана на колено и одеднаш сама се исправи и зема залет. Ваљда само по себе ќе и дојде. Ама како што е ветрушкА, се витка како гумена бомбона, таа стабилност тешко ќе ни дојде мислам.
Bidi tuka da dades raka ako podade, da ja fatis ako paga ama vo sustina samo ke si dojde. Nie sme vo mal stan i cekor dva imase za neso da se fati...igracka stolce masa. Koa dobi stabilnost pocna da gi odminuva predmetite i da ne se faka...ke primetis den u den promeni ke ima
Si proodevme majkicki na 11 meseci, ke puknam od srekja kako paun sum istafrena cela ona odi jas placam hahahah. Zakasniv so kolacite samo naracav kalapcinja od aliexpress minatata nedela mislev kojznae koga ke proodi taa pa preku nokj proode i eve celi denovi ne e sednata se raduva i ona
Мојава е 12++ и пред околу 10 дена почна да прави неколку чекора од мебел до мене и се фрлаше во мене. Веке 10 дена никако не сака ни чекор да направи, од маса до гарнитура се спушта и пак се крева. Се нервирам шо вака ја гледам. Не знам зошто е така исплашена,а нема паднато. Ни секунда не стои сама без да се држи. А не беше вака...
Моето па прво почна да оди, па после месец можда се научи само да станува, па кога стана малку постабилен веќе почна и да клекнува додека си игра.
Кога прооде твојава? Јас мислам дека ради ова не се пушта мојава, пружи раче маса, пружи раче комода, пружи раче гарнитура, ко да нема простор да се разоди