@Tea SK дали ја паткавте пред да прооди ? Моето си оди по мебел , ама не сака да го паткаме почесто за да научи... кога ќе научи вака да прооди сам ?
Не го паткај, ќе се пушти кога ќе биде спремно само. Моето од 9 месеци одеше по мебел, се пушти неколку дена пред 14 месеци. Ништо не форсирав, бабите имаа обид да го паткаат, но тој не сакаше, се пушташе од нив и тргнуваше да лази. Сега второто исто на 1година/корегирани 10м оди само по мебел, кога ќе биде спремна сама ќе се пушти.
Должината на стапалцето е 12.5 (толку измеривме), гледам по нетов тоа одговара на број 21 (ваљда). Треба број поголем да се купи или како беше тоа?
Прикажаните сантиметри се должина на стапалото, води се по таа мерка или најдобро е ако имаш можност да проба на лице место со влошката.
Толку и нас 12,5 цм измерив, износивме еден пар кеги проодувалки со патент 17-18 број тие му се мали сега….првен купив адидас бр.21 пошто по напишаните цм на страната мислев дека тие му се таман, но преголеми испаднаа, купив реебок бр.19.5 , има еден прст напред простор ама океј мислам толку луфта треба макс. да има…
Сама ни бараше да ја држиме за раче, т.е. да ја паткаме. Мојава да се чудиш беше. Почна да стои на 7, на 8 да оди по мебел, а тек на 14 се пушти сама да оди. Мислам во главата им е повеќе проблемот за одењево. Дур не се убедат дека се сигурни за одење, не се пуштаат сами. Ќерка ми буквално за врвка се држеше и мислеше дека сигурност и дава и така одеше. Дур не се престраши и сама се пушти.
И ќерка ми ова го прави. Не фаќа за раце и трча буквално по цела соба. Ако и ставам играчка у раце ќе стои цел ден, а без ништо за брзо паѓа
Пред да се пушти веќе беше пресмешно значи она трча и ме влече мене за мал прст, мисли јас ја држам. Им треба време ваљда стравот да го надминат.
Дали е во ред да купиме чизмички а сеуште не е прободена? Патка прави неколку чкорчиња сама си стои ама никако да се пушти се гледа дека и е страв а од патичињата од к&к ноџињата и се утоп.
Што е тоа паткање ? Да го држиш под мишки детето и тоа да се обидува да оди ?! Моето од 8 м оди по мебел на велико. Ама плашлив е , не верувам во скоро време да се пушти. Ама за лазење е спринтер . Абе како моторче да има у газот. Одвај го стигнувам кога ќе се вклучи на тројка
Ваљда тоа е паткање. И јас не сум паткала. Моето црвче од кога почна да лази е со 3 моторчиња. А сега дупло. Хахахааа Спреми се кога ќе прооди.
Нејќе веќе да чита мм овде А мн сакам да чита . Оти стално ми вика : одвај чекам да прооди , да одморам малку. Сме имале огромна дневна , ќе си трчкало детето а он ќе си дремел раат
Ејјјј па на лето вика веќе ем ќе оди ем стабилно ќе седе на столче . Има по цели денови да си седиме и да си мезиме на Мотелот. Да го слушаш само какви планови има за едно ипол годишно дете има у несвест да паднеш. Според него "критичното" поминало После годинката веќе све ќе било раат, мирно, лесно и ...да не редам
Во кафана не знам дали да трчам по него или стоејќи да јадам и пијам. Седнување нема. Ако има кој да го шета низ маси, тогаш може да се ужива.
Аха ќе си мезите кога ќе прооди... Во неделата во кафана, прво одеше по столчиња, после одеше по маси им ги тегнеше капутите на непознати, после трчаше напред назад по цела кафана...сите келнери не пцуеја...само не одбегнуваа. Она трча ние по нејзе. 15 месечна ѕверка од 9 кила не умори 10 возрасни луѓе за сите пари.
Кажи му, lower your expectations to 0. Ќе набива кондиција баш сега. Од кога прооде син ми, пред годинка да наполни, јас и мм не сме седнати, еве уште малку па година ипол.