Oooo srcka toj ne znam dali da.go spremas ili da go ostais da se iznenadi Abe doma ke e polesno poso ke si setka ke se zanimava samo baska ke pocnete da razgovarste ke znae da ti kaze da ne sto saka pojasno ama nadvor.....ednas bevme na rycek so detevo 2 min ja ostaiv do nas mislam stoi gleda pesni na mob taa go raskopa cveketo vo restoranot se zemja bese
Дали се смета за проодено кога ќе почне да прави по 10тина чекори или кога скроз ќе се пушти? Ништо не ми е јасно
Па ваљда да , мада јас правев престапулки од кога даваше повеке од 10 чекора сакав барем малце поубаво да зацврсти , почна да дава по некој чекор па почекав можеби и повеќе од месец затоа што не ми беше стабилен ...
Па и јас мислам така, мада за тоа ќе си почекам пошто она вака прави месец дена и ќе се уфилма на крај дека може да оди и ќе се затрча и ќе шлапне и толку е два дена нејке да оди па пак ќе се пушти и све во круг се вртиме
Мајки, малиов 11м има, се уште не оди сам, но кога ќе не фати за рака и оди, со едната нога оди право а со другата фаќа косо, нормално е тоа за дете што не преодило или?
Еве сум и јас во темава и не знам од кај да почнам. Направи 18м веќе, лази, шпарта низ дома Speedy Gonzales, по маси, кревети се движи, по скали дури сама се качува фатена со една рака за некого а со другата на ограда ама да се пушти сама да оди нема шанси. Два и кусур месеца веќе на прст не држи со двете раце и не само што оди дури и подтрчнува ама сама нема шанси да се пушти. Многу се плаши и не е сигурна. Ако пробам со една рака да ја држам ќе направи некое чекорче, како шпагета се витка и ќе си седне. И почнувам да се загрижувам и нервирам, Талески не предупреди дека нема да прооди близу роденденот ама си проаѓа време
@Tea SK @brm_brm @nevermet18 @IRBBB Мајки бидејќи вашите деца се проодени , ве молам да ми олесните малку барем... Кога е босо моето си патка најнормално со стапалцата исправени напред а вчера го приметив со кондурите едното стапало десно е свиткано на десна страна значи не право туку на десна си патка.. Нормално ли е ???
После колку време од проодување се носеше на ортопед? И препорака за добар ортопед, да не се чека 2 мес за преглед и да не е 3000 преглед. На Видоевски му откажав љубов
Проодено кога се рачуна, кога ќе оди сам скроз или вака како вчера и денес што се пушта сам по 5-6-7 чекори (стабилни)?
Теоретски е кога само ќе стане од земја и ќе пушти неколку чекори. Практично јас си рачунав за прооден кога сам си пушти чекори. Отпосле извежба од земја да се исправа. Од ден во ден ќе усоврши се, за недела две огромна разлика ќе има.
Кога викаат да проодува босо се мисли без чорапи или без чевли? Ги оставате боси без чорапи и сега? Ми прават бабите шубе... топло ни е дома дури и јас сум често без чорапи.
Без чорапи. Ептен ако ви е ладно дома, тогаш чорапи. Чевли на непроодено не. Ние сите дома сме боси, а на малите ако им облечам во наредните 5мин сами ќе ги тргнат. Е бабите се друга приказна, да е до нив по 2 пара чорапи ќе носат.
Штом ви е топло дома остави дете на слобода без чорапи Моево мислам дека заштитен знак му се боси нозе, не трпи чорапи ич. Да е до бабите и памучно капче на глава ќе им стават внатре, дека 10 степени надвор, уживај
Чим така нема чорапи веќе дома . Додуша во шпихозни или хеланчиња со стапалца е, чорапи и било какви обувки е невозможна мисија. Џосс Стоне си ја викам.
Ортопедот велеше ако дома е над 20 степени, секогаш да е без чорапи, без разлика дали е проодено или не. За проодување најдобро е со боси стапала.