Димитар се пушта он кога сака, од дневна до кујна, од кревет до комода или до кај сестра му да ја фати, ама кога он сака, на пример јас ќе го кренам и ќе го оставам да стои он ќе си седне, ќе си одлази до кревет и од таму ќе се пушти да оди со кренати рачиња горе, прави и по 10 чекори, го сметам за прооден ама бидејќи оди нестабилно и првенствено уште му е лазење стапалчиња ќе давам за нова година. Прооде сам со 6 чекори на 13 месеци, и не бил во дубак мајко моја и свекрво ако ме читате Битно за Коледе ќе може да оди по куќи
Само запамтете дека нормалната т.е. очекувана временска рамка за проодување на детето е ДО 18 месеци така што нема простор за грижа ако на 13, 14, па и 15 месеци сè уште не прооделе
Прооде детето мое! Завчера лабаво се пушти си тргна како паторче сам низ дневна, денес веќе топки шутира по дома и не дава раче се праи мангуп Изволте на стапалца, свеки ги правеше и донесе, мама уште не стигна колачи да напраи.
На наши пријатели синчето пред недела дена им прооде точно на 18 месеци. Јас и брат ми на 15 и 16. Прочитав некаде статистика дека всушност само околу 20% од бебињата/дечињата се проодени на годината
Баш од тие 20%, 10% сме ние на форумот 10% ни се мажите Немало после година проодени у тоа време, никако Се шалам малку, сите дечиња во свое време се ќе направат. Лесни чекорчиња на сите тазе проодени.
Лесни чекорчиња на фраерот, да го освои светот! ❤️ Каков стрв ми направија постапалките на свекрва ти, лиги ми потекоа.
Има ли некое што не прооде сеуште а има веќе 17 месеци ? На 06.02 ќе направи 18 месеци а абер нема да прооде , т.е направи неколку чекори и толку а премногу е активно детето, сега се радува кога пробува да стои од седејќи без да се држи за нешто. вака држејќи се за раце си оди по дома цело време , надвор никако не сака
Мајки и јас со слично прашање. Од кога се смета за проодено кога ќе пушти неколку чекори сам,ама уште не е стабилен или треба да е убаво цврст? Мислењата од страна се различни. Значи оди покрај кревет, зид, маса по цел ден. Пред недела време од кревет па до татко му направи 5-6 чекори сам и беше многу среќен. И сега пробува сам, некогаш е постабилен, некогаш ќе падне. Некогаш ќе се заборави и поаѓа сам, а некогаш мери мери дали ќе може да се фати за нешто. Или уште да почекам за колачиња? Инаку мислењата за нокшир ме насмеја и добро е не било само кај нас така Моите кога запнаа да го ставам на нокшир време било, нас сите на годинка не научиле.
Софче, проооден е. Секој ден се повеќе и повеќе чекори сам ќе пушта, ќе видиш. А за стабилно одење еве го моето иде веќе 1 месец, а не е уште стабилен со рачињата нагоре е и со стомакот нанапред за стабилност И мора да падне 2-3пати во рок од пола час
Епа значи ако е така и мојава е проодена. Од 2.1 секој ден прави по 4/5 чекори, најчесто ја мотивираме со даљинско а вчера цел ходник поминала за да влезе кај дедо во соба. Мм вика ова не е проодување треба да стане и да се пушти
Даааа проодена е женската Гледам секој ден се повеќе и повеќе постабилен е, уште лази до ѕид да стане или за нешто да се фати, станува сам само ако има нешто во раце. А трчка низ соби.