и купив пред првиот роденден, веќе правеше по некој чекор и надвор одеше држејќи не за рака, не беше проодена сама, ама ми требаа патики за роденденот да ја облечам, пред да направи 13 месеци прооде, така што не беа лоша инвестиција, пошо за сега маста им ја извадивме
@brm_brm @IRBBB @Tea SK @nevermet18 Мајки моето прооде убаво пред некоја недела на 17 и пол месеци, по дома станува и шетка низ стан па по малку трча.. Само проблемот е кога сме надвор, никако не сака да го пуштам долу за да оди ( само кај мене сака во раце) а додека е со другите си шетка по малку што е најнормално се дур не се опушти.. Вашите по колку време се опуштија надвор? Веќе е претежок за во раце да го однесам...
Ако нешто можам јас да ти помогнам Мојата прооде нешто пред 14 месеци, т.е пред три недели отприлика и дури сега баш пред пола саат се пушти на улица. Поминувавме пешачки од мерак дури за раче па еден застој што направивме што да ти кажам. Низ двор одеше ама никако не сакаше на улица или маркет. Ваљда им треба некое време да се опуштат
Моето па од одма си сакаше да оди, било кај. Ама такво си е детето, сѐ сака да фати, да истражува. Ќе се опушти, немај гајле.
Ауу ја обратен проблем имам од коа прооде. Трча надвор нејќе рака да даде. Ќе се опушти не се секирај.
Паралелно и дома и надвор Мене пак ми беше страв надвор да ја пуштам а она се тегне. Пошто паѓа цело време и уште паѓа де, како у струја е брцната. Не сака воопшто да ја носам. Пример во лифт, се фаќа долу и јас затоа ја кревам,...па тоа се драми дур да излеземе од лифт за да ја спуштам. Количка е мисловна именка. Пензионирана е веќе. На ум сум трицикл да и земам, ваљда ќе е поинтересно. Вака сум врзана никаде не можам да прошетам. Така да се во свое време, ќе се пушти.
Секое шетање тортура мислам е. Ко мува без глава трча по улица. Јас сум на мисла баланс точак да и земам да се уморува повеќе.
Баш тоа и зборував на мојава цело време. Не можам да те носам тешко ми е ме боли кичмата. 1000 пати го кажував дневно или голема си веќе сама знаеш да одиш, дај раче на мама и ќе шетаме. И на крај се откажа и не бара веќе, ептен некогаш.
Фала ви мајки , ме опуштивте .. Него да прашам јас му земав едни кондури од Пеко , ама гледам кнап му се веќе и ќе треба да купам нови со анатомски влошки , незнам какви да му земам погодни за одење?
Меки треба да се. Адидас или најк имаш избор, има доста добри патики. И да му се малку големки ништо страшно, ќе ги израсне, не му сметаат. Мојот во чизмите клапка, напред има уште два прста, па не паѓа. Дури и по дома ги облака моите влечки, без проблем оди како шатче. Едит: Нашите беа вакви https://www.sportvision.mk/obuvki/8509035-adidas-run-70s-ac-i само рачунај дека многу лесно се одлепуваат овие, па често се случуваше да си ги соблече патиките.
Ако си во Скопје во Монд, бренд vulladi види, некои шпански се, ама ги немаат онлајн. Мислам дека им се стари колекции, останати броеви. Јас за мојава земав чизми за роденден, многу се меки, а не се спортски, класични како кондури чизми. Гумата како палачинка им се витка.