https://www.sport-m.com.mk/ProductC...IF0357&Segment=07&Grupa=01&PodGrupa=503&Pol=U Мајки син ми не е прооден сеуште, почна да лази, да се исправа на мебел и сака цело време да оди, некој да го држи тој исправен и да оди Цело време е бос ама кога одиме да шетаме дали може со овие патичиња? Дали некоја има искуство? 11+ месеци е
Супер се патичињата, лесни и се виткаат. Само што не треба да се патка за да научи да паѓа, да научи да се чува Без разлика што ти изгледа среќен да го шеташ, остави го сам да прооди бос, има време кога ќе шетате за раче.
Мајки имам едно прашањ ќеркичката ми е 1 година и 6 месеци за раче оди цело време некогаш се сопнува надвор цело врме за раче оди но кога ќе и ја пуштам раката застанува стој вместо ислам дека се плаши и не продолжува а за раче цело време си оди раката моја е пред неа да не ја држам и пак си оди сама , нормално некогаш ќе се подсопни ќе ја задржам али сепак оди сама али да ме држи за рака а сама некако не сака што да правам мислење ? И дали 1 година и 6 месеци е долг период да се нема пуштено ?
Дали станува сама од под ако ја оставиш? Ако не, оставај ја на под да вежба да си станува без држење и никаква помош. И да не оди ако не ја држиш, нека не оди. Нека стои во место, нормално е тоа. Ќе се пушти сама кога ќе биде спремна.
Според ортопед, детето се смета дека е проодено кога само станува од земја и тргнува да оди. Антоније тоа ни го кажа.
Здраво мамички! Моето бебче 14месеци,уште не оди! Се исправа на мебел ама стои со свиткани стапала навнатре! Треба ли да се посети ортопед,како е кај вашите дечиња?
И јас со прашање. Мојата е 13 месеци. Сеуште не оди. Се исправа по мебел и се движи така ако се држи за нешто или за нас, и сама си седнува на газето се спушта од исправена положба. Проблемот е што цело време на прсти, не стои на цела нога. Да стои на цела нога може ќе одеше веќе. Има некој со слично искуство?
Мојата на таа возраст исто правеше. Прооде на 14 и прво одеше на прсти. Прашав ортопед рече дека е сосем нормално одењето на прсти, дури и препорачливо за стапалцата. Без грижа.
Тоа им е фаза на проодување кога одат на прсти после тоа ќе си оди со цело стапало. Од ортопед ми е кажано само да не му давам да вози од оние што се туркаат со нозе количките ради колковите и да не седи со нанадвор раширени нозе(моментот кога се на коленици па ги пружаат нозете нанадвор и така седат како жаби) овие две работи ми ги потенцираше.
Да се надоврзам за одењето на прсти, ќерка ми е проодена одамна, сега не знам што ја има светнато последните месец дена често оди на прсти. Да закажувам ортопед или не е нешто страшно? @Brpbrp ако знаеш да ми кажеш?
Кога нозете им се како во положба на буквата w? Мојава па нон стоп така седи на под Ти кажа зошто не треба така?
Внук ми поради ова одење на прсти прооде на 17 месеци. Потсетувај ја да ги спушти стапалата или спуштај и ги ти. После ќе почне да гази на цела нога кога ќе се пушти
Не се согласувам дека треба нозе да се спуштаат на дете, не треба тој нормален процес да се спречува. Сите одат на прсти и така треба да биде сè додека ортопед не каже поинаку. И моето одеше на прсти, па не прооде на 17 месеци, тоа нема врска едно со друго.
Зависи какво одење на прсти. Кај внук ми беше ептен на горниот дел на прстите, не знам дали ќе ме сфатиш. Правеа и физиотерапија и докторот таму кажа да ги спуштат нозете