Ама, види, не знаеме дали и детето на @Erika.greeneyes оди така за да и' дадеме таков совет. Затоа спомнав ортопед да каже, инаку никако не треба да се интервенира при такво нешто што е природно и нормално.
Да точно, секако се се прави во консултација со стручни лица. Ние тука само коментираме за ситуации од лично искуство
Не знам какво е тоа горен дел на прстите. Мојата оди на прсти не знам како да доловам поубаво. Ваљда ме сфативте.
Те сфаќам Нормално е, треба да оди на прсти, пожелно е. Ако ти е шубе, нека види ортопед, но мислам дека нема потреба да се секираш.
Не го виткаше делот што е пред прстите, туку стапалото и прстите му беа прави а се дигаше на прсти, газеше со делот кај ноктите што е. Ама објаснив, се надевам ме сфати
Ние кога прооди отидовме на ортопед, и таму почна да оди на прсти. Повремено и дома така одеше. Кажа дека се додека е повремено не е проблем. Дури и е ок.
Исто сме знаеш Мојава па не оди на прсти, од кога застана е на цела нога и мене па тоа ми е чудно зошто големата на прсти прво одеше. Инаку се држи за раче, барем еден прст уште и е страв. Се пушта сама ама не онака да оди туку ако гледа дека има некој или нешто на метро метроипол да се фати. Последниот пат кога ја носев на ортопед кај Димова баш ми рече може на прсти да оди, може на цело стапало, може едното или двете ноџиња да ги прекршува навнатре или нанадвор и се е тоа нормално додека прооди убаво и стабилно. А да и ми рече дека некаде околу 15 месеци е некоја нормална возраст да се пуштат убаво, да не паничиме ако не прооди порано Сепак секое дете различно некое порано, некое подоцна. Големата точно на 1 год прооде, ова малово е по јако ама изгледа помрзливо во се и јадење и одење...
@Erika.greeneyes Јас па мислам се исправаат на прсти кога веќе нозете им се ујачани, може се исправа така да дофати нешто, може се глупира, може едноставно си вежба. Дете што не е зацврстено убаво нема шанси на прсти да се исправи. Почна и мојот така да се движи, а баш очекував после година дека ќе успее зашто е тромавко малку. Не сопирај никаков процес на проодување, само тоа што пишаа за позата на седнување во W, обавезно враќај и ги нозете назад. Како Буда може, а обратно не. И пробај топче да и ставиш во рацете така се осеќаат побезбедни и полесно се движат.
Тоа е фаза само, а ова што ти го збори членката е како балетаните што одат тоа не е во ред и за тоа треба ортопед,а за твоето не треба. Ние имаме едни комшии детето едвај прооде цело време во раце ја држеа кога и да излезеа надвор бидејќи плачела и не сакала во количка стигна 16 месеци кога почна малку да допира со нозете и дури на 2 и пол години прооде нормално и сето тоа зошто ја држеа во раце ништо не и беше ни зацврстено мака изнамачија особено малата.
Леле и јас вака имам една пријателка, светот ќе застане ако таа секој ден не е искочена цел ден и бебето е фактички цел ден во транспортер. Дома е во дубак. Второ дете и е, не сакам многу да и зборам ама ми вика немала таа време да седи доле до него, невработена бтв. Греота детето или е легнато или стои во дубак.
Дете е за на под да се стави и да се развива регуларно во ред даго подржиш и да прошеташ ама со саати е штетно... Ако нема време за што го правела детено како ќе се развива и физички, а и психички?
Здраво, дали се рачуна за проодено доколку направи детето 2-3 чекора, и кога се прават постапалки дали треба да се однесат некому или може и некој да дојде?
Јас го рачунав за прооден кога сам си се исправи и тргна да оди. Јас не сум правела такви колачиња ама можеш да им однесеш на најблиските.
Мојот си се држеше на маса и одеднаш се пушти накај мене направи 3 чекорчиња и толку. И цел ден се врти околу маса . Јас би сакала да направам и затоа ме интересира кога да направам
Абе како сакаш ти, кој може да ти каже како да рачунаш Ама кај моето на пример, од тие први чекори до убаво проодување поминаа месец ипол. Ако ти е мерак направи си.
не ги знам ама ако можеш скроз да ги свиткаш да...важно е да се меки напред ама да имаат убав ѓон кај стапалото
Океј се, се виткаат. Ги носи поголемото, вторпат му ги купив сега. Ама ѕирни ги Lite racer или Tensaur run. Со Lite racer син ми прооде, многу убави, лесни, свитливи се. Јас сум верна на Адидас. Во принцип, патики што се за трчање се меки, лесни и гумата им се витка.
Добивме патичиња што се ептен тешки и морав да заменам. Според стапалце носи 24ка, не е прооден, му земав 25ка за пролет. Дали погрешив? Ама никако не сака да носи патичиња.