Направи го како ритуал носењето патики, во смисла, ајде патичиња и ќе одиме надвор, не се оди надвор без патики и сл. Колкаво е детето? Моево сега на 3 и пол години носи 27, на 2 и пол мислам дека 25 носеше. За проодување мислам дека носеше доста помали. Измери му колку сантиметри му е стапалцето. За 25 патики стапалото треба да е 14,5 cm долго.
13cm мислам дека му е. 24ка реално треба да носи, ама секако не е прооден. Само по мебел. 14 месеци е, ама крупно дете е. Пред месец дена беше 83вм и 12.5кг
Абе што направивте вие? Спремни за во школо Јас денес и купив патичиња на мојава број 20. И пробав 21 ептен и беше голема. Мојава изгледа ќе да биде мала на мајка Инаку и земав едни рибок од мегаспорт. Некако се друго ми беше многу тврдо, помеки беа оние летни варијанти платнени што баш и не ми одговара за еден/зима. Не е саглам проодена, она прооде па падна се уплаши и сега и е доволно за сламка да се држи за да оди, ама сама никако. Овие патичиња гледам и легнаа
Хаха изгледа на тато висина. Шала на страна и двајцата сме височки, па ваљда затоа. Ама и поголемо бројче му земав, зашто дури пролет ваљда ќе ги носи.
Дечко мој седеше и одеднаш стана сам и направи неколку чекори.Ова го повтори неколку пати.Да го сметам за прооден или..кај нас се меси погача блага па да знам дали да месам..
Da ve prasam dali postapalcinjata treba da se davaat na mlada mesecina? Jas gi naracav, pa sega mi kaza prijatelka deka se davaat na mlada mesecinaa. Ako e tska treba da cekam do 13 dekemvri, i da gi otkazam. Kazete iskustvo ili mislenje?
Не се замарај со вакви глупости, постапалките се адет кога ќе прооди детето, а не месечината во која фаза е. На многу места веќе не се ни прават, јас за првото не правев еве за второто нарачав од мерак чисто да одбележиме, да остане слика за спомен.
Постапалките се прават за адет и од мерак. Многу не ни прават, нема правила. И со и без нив ке си оди детето. Јас невечер ги носев, а не се носат ноќе наводно. Пробав за неколку адети наопаку и се излезе неточно.
Тоа се колачиња со тесто за милиброд (најчесто такви сум јадела) ама гледам сега дека порачуваат и онакви колачиња со цимет. Се сечат во форма на стапалце и се носат кај блиски роднини и пријатели. Адет е да трчкаш додека ги јадеш, што секако е опција а не задолжително.
Pa bas od merak i jas naracav. Iskreno srekna sum so mi proode deteto. I mi nema logika da cekam cel mesec, da ppdelam kolacija "radi mesecina". Sakav edna fotka za spomen da si napraam. Za ova so mesecinava ostanav u zbunka, pa si prasav tuka. Fala ti
Дај кажете како се справувате со коментари “Уште ли не преоди”, дури вчера една мајка се дрзна да ми каже “изгледа мрзливко дете имаш а”. Ау луѓе, пукам. Од стари некако очекувам, ама мајки, и тоа млади вака да коментираат. Бебе си е супер, си се движи сам по мебел и ѕид, со клекнува и станува сам без да се држи, еве сега почна да прави по 2-3 чекора сам кога има нешто блиску да се фати. Сите ме напнуваат дека не го паткам затоа не се пушта. Демек не знаел што треба да прави, јас да сум му покажала така што ќе го паткам и држам за рака. Ги паткавте ли вие, грешам ли? 13+++ е и јас мислам дека си е таман според возраста, кога ќе е спремен ќе се пушти. Битно сега си се движи ептен убаво држејќи се на нешто, стабилен е не се клати. Има некои вежби да му правам за преодување или да си го оставам сам како до сега да се вежба? Па и со старите на секое јавување прашањето “уште не се пуштил?”. Ќе пукнам жими се, некој ќе го крка јако…
Супер си е детето од ова што кажуваш, бар кога ќе се пушти ќе оди одма стабилно, ќе знае да падне. Пушти ги другите, какво паткање, не им се замарај.
Ич да не се замараш со туѓото мислење ,ке си се пушти детенцето кога ќе е спремно...ќерками покасно се пушти сама, имаше 17 месеци ,а пред тоа со држење се движеше само па еве ја сега ела заприја.
@Anturium и јас знам како Скајлер, ортопедот каде што одам е строго против паткање и учење на детето пред време да прави некои механички работи. Целиот процес на лазење, седнување, држење за мебел е многу важен за координација на телото, како рамислуваат во одредени ситуации, вежбаат граници, претпазливост, кога паѓаат знаат да паднат и слично. Не треба ништо од ова да се прескокне или избрза. Башка што не треба паткање пред убаво да им зацврсти телото, некогаш без потреба се прави притисок на 'рбет и колкчиња од предвремено стоење и паткање. Најсигурен рецепт ти е да оставиш детето да го води темпото. Непроодено нема сигурно да остане. Не си троши нерви на такви коментари. Игнорирај кога знаеш дека си во право или откачи ги по брза постапка.
Детето ќе ти прооди, после за друго ќе се фатат. На пример кога моето прооде, ми кажуваа дека сум згрешила што не сум го ставала во дубак, до сега ќе летал, а он тек проодел. Тогаш имаше годинка, знаеш она тек се пушташе. Со безобразни луѓе нема крај. Детето ти е супер, ти си супер. Не го паткав, сам си откри што треба да прави. Не сакам да ти кажувам ти што да правиш ама ако не сакаш, не го форсирај. Ако сакаш тоа е друга работа. Нашиот ортопед беше против, го послушав за се и за се беше во право он.