Дали некој има искуство со овој модел, дали се погодни за дете што проодува https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=05&Grupa=01&PodGrupa=503&MarketingStatus=020
Подобро не. Крути се многу. https://www.google.com/imgres?imgur...3d82b3385682#vhid=ng_DIkQMmYqBqM&vssid=mosaic Ваква верзија барај ептен се флексибилни имаш и без лепенки без врзување на средина како ластик има кај врвките баш се за мали дечиња и бебиња. Не знам кој број носи ама јас почнав со оние на колев и колев со патент кога му порасна ногата земав најк https://www.google.com/imgres?imgur...368ca3583a8b#vhid=Ua8_ItS1f2LEWM&vssid=mosaic Конкретно вакви само црно бели и ги уби од носење.
Фала онака дека џиџе се ги погледнав инаку за овие сум решена https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=05&Grupa=01&PodGrupa=503&MarketingStatus=043
И јас гледав исти вакви на адидас џиџе со лавче ама кога отидов во визбегово да ги видам во живо ниту се виткаа ни ништо.
Мали имаше такви на година и пол, нонстоп го сопнуваа и паѓаше, мбогу се без веза. И на малата и ги пробав , иста приказна и фрлив. Така да,не
Фала ви на споделеното. Ќе се залетав да ги нарачам, ама ќе се држам за другите ако не најдам нешто друго во меѓувреме
Мајки дали е нормално месец по пуштање сама да оди уште да не е стабилна? Година и пол е, мораме околу неа да сме инаку трча без контрола и не знае да паѓа. Нанапред ми паѓа и назад цела, морам да ја фаќам. Педијатар ја виде, вели не е страшно ќе се испраксира и ќе научи да оди нормално, ама ко да нема напредок. Кажете некој совет или вежби ако има..
Немам искуство моево е малечко само памтам другарка кога и проодуваше малото така цело време она позади него да го фати педијатарот и рече немој зошто вака ќе мисли дека секогаш ќе го фатиш ти од позади и нема да научи да падне без да се повреди,некогаш нема да си со него ќе се искрши мислејќи дека го чекаш позади.
Мојата паѓаше како даска Главата партал ја направи мислам. Заради тоа паѓање прооде на 15 месеци. Се пушти на 13 м, ама нон стоп губеше рамнотежа. Еден ден падна 3 пати во еден саат, ама мислам дека доле кај комшиите отиде од трескање па се исплаши и не сакаше да се пушти пак да оди. После 2 месеци пак си прооде. Нормално е да не се сигурни на почеток, сепак им е нова активност за што им треба пракса. Како нас што ни треба кога ќе научиме да возиме кола пример
Јас си мислам одма потрес да не добие, баш така ко даска се навалува цела. А дома ни е тесно само еден дел имам со меки подлоги, друго е паркет и ептен се плашам ама мора да се научи некако.
Оставај ја да паѓа. Само така ќе научи да си ја чува сама главата да не ја удира. Бебињата имаат рефлекс да ги испружат рацете напред кога паѓаат. Обично рефлексот касни кога се чуваат ептен на безбедно, во смисла цело време да ги пазиш да не се удрат. Ако ти е страв на паркетот, на трева пуштај ја да паѓа. Нема да ја здоболи толку како на паркет кога би паднала, ама сепак не ни пријатно со глава во трева да заринкаш И не ја кревај ти кога ќе падне, сама нека станува. За вежби, можеш да пробаш на топка да ја "ролаш" како игра, за да и текне да ги испружи рацете кога ќе се приближи со глава до под. На вака нешто мислам
Исто скроз и кај нас. И јас паѓав во несвес на секое паѓање ама тоа, коса викаат треба да побели од нешто
Најдобро е да не се користи за проодување, не треба ништо да бутка за да оди, дури ни столови не треба да бутка. Положбата на телото е поинаква кога користат такви помагала, на пример нанапред ќе ѝ оди телото и ќе паѓа нанапред. Остави на статични делови од мебел да се крева, не на нешто што се движи. Подобра опција се масички со активности, ќе ја заглавиш меѓу нешто за да не се лизга и да се исправува на неа за да си игра.
Здраво мајки , на колку проодеа вашите деца? Мојата е 15 месеци сеуште се нема пуштено мислам оди ако осеќа дека ја држиш само мо прстот да ја допреш , штом ке осети дека не ја држиш застанува и бара да се фати за нешто . Дали е наплашена или да ја носам што побргу на ортопед …. Ептен сум загрижена зошто сеуште не оди. Извинете на долгиот пост .