Ние може да се пофалиме дека почнавме самостојно да одиме (14,5 месеци) Уште не е многу стабилна и како шатче оди ама битно знае да изоди некој 6-7 метри и кога ќе падне знае сама да се исправи и да продолжи Почна да се пушта да оди на 13.5 месеци ама две-три чекорчиња и ќе паднеше на газето Сега е ред на мама да прави постапалчиња за малата принцеза
Имам едно прашање до поискусните мами. Син ми веќе почна да се исправа, ама додека да се исправи нозете ги држи некако извртени: те на страничниот дел, те на горниот дел од стапалото со свиткани прсти, те навнатре итн. Кога ќе застане, успева да ги исправи и да застане убаво на стапалото. На ортопед треба да одиме дури откако ќе ги направи првите чекори, па сакав да прашам дали некоја имала вакво искуство, дали така треба? Ако е нормално ок, ако не да знам дали да го носам сега на ортопед?
И на мојата и беа извртени нанадвор, ме збудалеа сите дека има криви нозе. Дури и на педијатар кога ја видоа рекоа дека не е ок да стои така. Потоа Видоевски ја прегледа и рече да не слушам никого нормално е така да гази и дека со тек на време ке се исправи. Сега е ок, понекогаш само десната знае малку да ја искриви но верувам дека со тек на време и тоа ќе се оправи
Сакам да купам подарок за бебе, ама добивам различни информации, па ај да видам што ќе каже мнозинството. До колку месеци бебе кое проодува неопходно е да носи патичиња/кондурки со мека подлога? Не сакам да направам утка, малото е точно 1 година, па има од истиот модел и со мека подлога и баш патиче тврдо. Сега гледам дека носи со мека подлога. И онака стапалцето му расте, ама сепак дали тоа растење влага во рамката од-до за да знам што да купам.
@Lilit син ми не да е прооден, протрчан е, прооде самостојно една недела после првиот роденден со број на обувки 20, сега на година и два и пол месеци 21 му се кнап, а 22 му се големи. Надвор носи обувки со ѓон, а по дома му ги облакам меките обувки затоа што залади, топлинки уште немаме купено. Ако уште не е проодено детето тогаш меки обувки, дури и да е проодено треба 1-2 месеци да научи да оди со тврди затоа што се потешки. Што и да земеш нема да згрешиш, меките ќе си ги носи дома, во градинка, по гости... Ако земеш тврди земи еден број поголеми, може нема одма да ги носи, ама за неколку месеци сигурно ќе му притребаат.
Абе он оди, да го држиш за раче оди, па и оди и сам, ама неколку чекори и одма да се задржи за нешто и поттрчнува, па така губи баланс зошто е хиперактивен, не е стрплив да оди полека. @irenna твојов одговор ми даде баш одговор, сепак тврд ѓон број поголеми.
Ако ти се блиски прашај ги, јас исто купував за поклон обувки, и им се јавив на родителите да ги прашам, си нарачаа поголемо бројче затоа што за сега имало детето обувки, овие ќе си ги чувале за понатаму.
Помислив и на ова, ама го знам веќе одговорот - пари. Искуствено од претходно, па не видов дека нешто корисно му купија со парите... си ги потрошија за глупости и при тоа ми кажаа како им се нашле за нештото. Не сакам така, сакам на него и точка. Веќе кога си ги дал парите, не се твои пари и ќе си ги трошат како сакаат, ама не е во тоа поентата, нели?! Фала ти многу, на таа варијанта ќе одам, поголеми за број или два, со тврд ѓон.
Kade mozam da vidam koga e mlada mesecina? Treba da se pravat postapalki a mi rekoa na mlada mesecina se pravele
Каде ако не на фемина повели http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/популарни-диети/месечева-лунарна-диета-2015
Повелете стапалца Ние веќе десетина дена како одиме. Секој ден сме се постабилни. Проодевме на 15 месеци.
Еве и ние да се пофалиме,почнавме да одиме веќе 10ина дена,на 14месеци. Дома оди со чоρапчиња со κожичκи и е многу стабилен,може зашто го научи пρостоρот. Надвоρ сеуште со стρав го пуштаме, а синκо тρча,без да знае деκа ќе падне
majki sin mi sekoj den pravi po 6-7 cekori,vcera napravi 10 .. dali se smeta deka veke proodel i mama trepa da pravi stapalca