Околината од едно уво влегла од другп излегла. Остави го само, не го форсирај ќе си научи се. Можеш и да ме прочиташ колку и јас бев загрижена, прооде на 17, а се дигаше по мебел и одеше од 11. Ама лазеше профи. Одма кога прооде знаеше како сам да си стане од земја и како да падне, така да најубаво и најправилно е да си научат се сами. До 24 месеца се толерира така да имате доволно време, ако е превнимателен како мојот ќе му требат месеци додека да реши да се пушти. Трпение и не мисли многу, опушти се и биди горда на секој мал напредок, дај му време Често ми се дешава да пишам се во машки род Извини многу, девојче имаш
Фала за споделеното тро помирна сум... со децата секоја фаза мисла,особено дека предвремено родени, и то свекрвами сегде го потенцира-знајш не оди од сега оти е порано родена....ми иди да му ја залепам една
Леле ова со порано родените на мета кога се ме вади од такт. Внук ми е роден 35та, син ми 41 недела, па скоро се на иста возраст совладаа. Внук ми има 27 месеци реченици цели со по 4 збора изговара, буквално си правиш муабет како со 4 годишно дете. А сега што не рече некој зашто е предвреме роден затоа е толку напреден. А преоди на 18 месеци исто ја јадеа сестра ми дека поради тоа е. Од стари ај ќе кажеш очекувано толку и теже, ама млади кога ќе кажат нешто такво ми се иди фластер на уста да и ставам. Не се замарај, сериозно пробај, посвети се да бидеш горда на се што е научила до сега, а не да го мислиш тоа што не го совладала
Затоа муабет со неа немам.мислам незнам општо како му иди на некој да коментира ,,порано родена,, со цел ум на било кого ама за народ што мисли оти е нормално да прашува и да пика нос сегде тоа е.неделава ќе одам на здраво на општа контрола па ќе видиме што ке кажат. инаку немав грижи, за рачиња си патка да не речам и трча,пробува сама да оди со проодувалката, гледам дека е во фаза пред одење.фала на сите на сподленото
Мајка, моето е терминско бебе па со се доцнеше, стабилно седна на 8 месеци, пролази на 11, прооде сега на 15 месеци, зборче нема сеуште, секое бебе е различно, од едно уво влегло од друго излегло, и само "аха, важи" на коментарите
Братучедите мои се предвремено родени, во 28ма недела и едниот прооде на година и пол, на другиот му требаше повеќе време да си го крене газот некаде пред вториот роденден. И двајцата предвреме и близнаци еве, па пак има разлика Околината дома да си гледа наместо наоколу
Се вратив за да споделам новости-ја однесов на систематски на ЗДРАВО БЕБЕ чисто информативно , не по календар, а во меѓувреме и залази , и почна активно да се движи по мебел, да се исправува седни -стани, и сл. докторката ми рече дека детето се развива ПЕРФЕКТНО дури мојата грижа не е грижа за неа апсолутно никаква и дека за проодувањето нема многу што можи ние да влијаеме, кога ќе се осеќа спремна ќе се пушти-без форсирање.Има бебиња на година што проодувале но со прескокнати фази и така може да дојде до искривување на ноџињата па да треба да се корегира нешто друго, така да без брзање.Мојот совет е- ако сте со двојби, подобро една контрола и ајт, чисто за ти да си мирна.
За колку време почнаа вашите да одат откако почнаа да се исправаат на мебел? Мојата скоро 2 месеци како се исправа ама не оди сè уште. Се движи само држејќи се за мебелот. А и не сака паткање. Јас не ни планирам тоа,мајка ми има пробано ама не сака никако да оди додека некој друг ја држи за рачиња - одма седнува. Дали е тоа загрижувачко?
Син ми долго време го учев да оди. Со држење. А ќерка ми за еден месец научи сама. И она не сакаше да ја држиш за раце, сама се пушташе. Инатлива
Како мојата да ја читам. Патики/сандали не сака да види, сама се исправува и седнува веќе 1 месец. Лази шпринт. За паткање ја мрзи, два чекора и одма седнува. Исто со муабетот од најблиските, треба да прооди, па треба да прооди. Не ја форсирам и се уште не сум загрижена, ќе и оставам време.
Исто и мојата сама се исправа, седнува и лази шпринт. И истото со обувки. Еве за брзо 13 месеци и досега само чорапи најмногу сме и облекле. Ама и нив ги соблекува, посебно во количка. И јас ќе ѝ оставам време. А кога и да шетаме гледам бебиња што ги паткаат и бебињата уживаат. Затоа малку ми е чудно што не дава рачиња за да се движи така и ме интересираше од некој мислење дали е загрижувачко. Ама секое различно, јасно ми е. Маж ми вика дека нашата сè сака сама да прави, не прифаќа помош, се инаети.
На моето вакво слично камионче му помогна да се исправа уште пред да наполни 8мес. По цел ден се вртеше околу него. Сега е 11мес не го игра многу, а уште не е прооден иако 3 месеци како стои до се и се движи покрај се..
Тамам си е, не треба да се грижиш што седнува, не е загрижувачки. Едноставно не знае да патка бодејќи не е паткана и ќе оди самостојно кога ќе ѝ дојде. Продолжи си како и досега, нема потреба да помагаш за да прооди, а ниту помагала ѝ се потребни. Кога ќе се почувствува стабилна, ќе зачекори.
Мами кога се смета за проодено? Први неколку чекорчиња или кога ќе е постабилно со повеќе чекорење-одење?
Сакам да кажам само дека купив од пеко проодувалки и се многу добри. Тенки, лесни, кожни, не ги осеќа дете на нога, преубави се. И на попуст се поефтини од тие на кеги. Па да споделам
И на лик Кеги отсекогаш ми биле ноу ноу Кеги и топлинките ги качиле 1.500 ден. А нема, нема споредба. Сега земав на малата цицибан со 20% попуст Оние се занеле премногу