Здраво, предлог за топлинки во фаза на проодување? Досега ги носеше од кеги патиките, зимски имаме од кк со крзно како што пуштивте погоре. Е сега за топлинки низ дома?
Во фаза на проодување мислам дека е најдобро детето босо да биде по дома (или чорапчиња со гумички одоздола). Така и ортопедот не советуваше. Син ми не трпеше ни чорапи, а не па топлинки, џабе ги купив. Ако купуваш топлинки, не би ти ги препорачала топлинките од топлинки.мк за дете во фаза на проодување. Многу се тврди, потврди се од било кои патичиња што ги имаме. Особено кај глуждот, многу се цврсти, може да го повредуваат детето при движење, посебно ако има подебелко ноџе.
Јас имам купувано од h&m, окаиди и ваикики. Обични чорапчиња се, само одоздола имаат залепено ситни гумени делчиња за да не лизгаат.
моето дете е година и 4 месеци сеуште се плаши сам да оди надвое особено .носено е на ортопед ми рекоа нема потреба од паника .дома нема никаков проблем али надвор ако не го држам за рака пискааа се лути ,количката ќе ја бутка ама сам никако
сакав да споделам дека како мајка на предвремено родено, и толкиу многу гтижо, мојата лепотица прооде на 1г и 6 м .( сега ). ги помина сите фази претходно кои водат до проодување и сега е топ стабилна,само стана и замина. така да , не споредувајте деца и не паничете дека ,,доцнат,, - нема правила
Фала на споделеното. Мојата не е предвремено, има сега 16 месеци ама уште не оди самостојно. Прави 5-6 чекори без држење и седнува или се задржува за нешто и така продолжува да се движи. Се надевам се е во ред, дека нема некој проблем не дај Боже и ќе почне повеќе за брзо.
овде го имав споделено моето искуство и притисок од околина згора на секјирациите дека е предвремено родена.Толку многу бев насекирана сонував за денот да прооди.после 300 консултации (со лекари) сите ми укажаа дека до 18 м е загрижувачи само ако не дава знаци за проодување ( тоа значи не лази,пасивна е,не се обидува да се движи а камоли да патка неколку чекори па да падне). од она што го знам, оваа фаза во која твоето девоче е последна пред стбилно одење-така бевме и ние.наеднаш се исправи и замина.не се секирај одлична е
Патики за проодување од кеги , Пеко или кк или патики нормални да кажам Најк Адидас и слично што би препорачале ?
И мене ме интересира какви патики за проодување да земам? Ортопедот ми кажа да бидат анатомски, но не знам од каде и какви, ако може некој да сподели некој совет.
Меки, лесни, кога ќе ги фатиш да се виткаат целосно. Нас ортопедот ни покажа најобични адидас од оние меките што се како за трчање модел
https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=05&Grupa=01&PodGrupa=503&MarketingStatus=003 дали ова може да се користи во фаза на проодување додека да залади за нешто со крзно внатре? ги имам добиено на поклон па дали да ги почнувам се мислам?
Зимски чизми за скоро проодена, како треба да изгледаат? Полнети, со онакво перниче за стапалото подигнато или? Ги гледам на кк, малце скапски? Кеги, цицибан? Многу прашања кои ме мачат, ако има мајка со истиве прашања што си нашла одговор - бујрум