Што имаш по дома. Ние ставивме алат, пенкало, клуч од кола, книга, играчка докторски слушалки, некој музички иструмент, лап топ…
Источна Македонија правиме вака, не знам за други делови дали имат. Кога ќе прооди детето освен нели погача и по ново колачиња се прави и ова: на мала маса се стават предмети по дома и се пушта детето да зачекори до таму и да си земе нешто, се вели тоа што прво го земе демек таква професија ќе има. Пример мојот го фати клучот од кола и шофер ќе е Не дека се исполнува ова, ама интересна традиција е
Majki koi prooduvalki gi preporacuvate? Gledam ciciban ama.mnogu skapi po 3000den, kegi okolu 1800... a kade ima adidas patiki 17ka brojce?
Кога правевте постапалки? Каква врска има тоа со младата месечина дали да чекам до тогаш крај на февруари е ? Ептен сум возбудена втор синко прооде на 14 месеци
Прооде само што направи годинка, а нарачав стапалки за некои 2 3 недели кога убаво се пушти сама да оди. Не знам што е со млада месечина, не сум следела ништо такво. Според мене нарачај си штом веќе е проодено малото.
гинеш кога се намалува гине месечината да не се подврне пак да не оди, има ретки случаи детето оде па се наплаше или нз што и не оде и пооосле некое време пак оди или му ,,сечат страх,,
Постапалкиве прекрасни. Кај ги порача? Моите испаднаа катастрофални, не сум некој мајстор во кујната.
Бебе е 12м, се уште не е стабилно прооден, но прави чекори додека се држи за мебел и стои сам. Кога излагаме сака да искочи од количката и да се движи надвор. Какви патичиња да му земам за почеток?
Мајка слично и кај нас бебе наполни годинка и веќе инсистира цело време на нозе арно ама во количка веќе никако не сака. Абе вриштење пишење ни секунда. Како страв како не знам... Или во раце или кенгур или нозе ...дајте совет како да се излажеме иначе кичмата отиде...
Мојава прооде на годинка, сеа веќе трча еве денес шетавме, се изнаужива во количка 2 часа, си гледаше, одмараше, ама има денови ќе се вози дали саат и веќе сака да се движи. Јас знам да ја занимавам да врти некои играчки во рачињата или да си грицка смокички мече од Лино тие со морков, или едни смоки со пченка и само така седи мирна