Ми прооде бебе прави по 4-5 чекори па седнува, не е оноа да оди низ соба подолго, ама сепак се движи без држење за предмети.
Zdravo, imam 10 meseci bebe i nesaka vo dubak, iskreno i jas nesakav mnogu da go stavam i zato ne se navikna ama imam potreba 10-15min ponekogas koga gotvam epten. Dali prooduvalka e podobar i pozdrav izbor?
Син ми имаше туркало, не класична проодувалка и почна често да паѓа нанапред ако забрзаше без да го турка количето, се коригира тоа откако му ја тргнавме играчката. Тој трчаше со него и ваљда се имаше научено да ја префрла тежината врз рачката, не знам.
Мене на ортопед заради ова ми рекоа дека и проодувалка/туркалка (не знам што е разликата? ) не се препорачува. Затоа што детето се наслонува напред кога оди со неа
Не би го оставила јас сам со проодувалка, не е сигурно како дубак, може да падне без надзор постојан. Син ми доби на поклон кога проодуваше, ама ич не ја искористивме, си се држеше по мебел.
За 10-15 минути во столчето за јадење, даваш 7/8лажици бркалки и завршуваш работа додека ги фрли сите доле. Јас вака правам.
Исто, мојата и подолго си седи. Имам една пеперутка од џамбо што се лепи па со таа си игра, или со спинери, или вадам од фиока по нешто што вика Неоми
Ви благодарам на одговорите. Леле да и моето нанапред понекогаш почнува да оди со стомачето кога ќе го фатам за две рачиња и избегнувам. Сега се крева и оди по мебел ама на прсти ваљда ќе се намести тоа со тек на време. Мало е уште мислам за да се пушти, големиот син тек на 13-14 месеци се пушти и тоа со страв.
15+ сме, уште не е проодена оди со држење за мебел, со држење за раце, со проодувалка но неќе ни 1 чекор да направи сама...
Ќе прооди, без секирации и без паткање, особено штом се ова веќе прави сама. Секое дете во свое време се пушта кога ќе се осети сигурно, не доцни со ништо не му ја мисли
Мојот прооде 1 недела пред да наполни 16м. Никогаш ама баш никогаш сам не пушти ни едно чекорче. Секогаш се држеше за мебел, ѕид, врати, за играчки..трчаше со проодувалката. И буквално вечерта кога се пушти изоде 3метра до мене и назад си се врати ко ништо да не е еве го од тогаш не е застанат, јас не викам прооде, него протрча. Ептен е стабилен и претпазлив, стварно чекал да се осети спремен. Сигурно и кај вас ќе е исто
И ќе тргне да знаеш. И мојата плашливо чекор два пушташе од маса до гарнитура. Или од кај мене до кај мм на 1 метро оддалеченост. А се пушти како да оди од раѓање. Со самодоверба, сигурност тргна да трча де. Јас во благи шок бев, ама ќутев и не мрдав за да не ја исплашам.