2 год и 2 месеци има па уште паѓа кога ќе се затрча ти па сакаш да трчала твојата и јас тогаш нарачав, кога почна сама, 5 чекори 5 ама не се држеше за ништо и викам тоа е тоа
Па некако неозбилно ми беше да правам стапалки мислев треба ептен профи да стане да го сврти станов два пати без застанување
Кога стана постабилен да отиде пример од една соба во друга без да падне. Синко се пушташе по неколку метри од 11 месеци, ама се тетеравеше и паѓаше. Не сакав на роденденот да ми се качуваат на глава како не знае да оди, а сум нарачала постапалки. На сите им реков тогаш дека не оди сам сеуште да ме манат од дневен ред. Му требаше околу 1 месец да заоди убаво, т.е веќе трчаше на одморот после роденденот . Иначе можеш да си правиш кога сакаш штом се пушта веќе.
Кај нас се прават ножиња мекички како погачки, јас додека се решам кој ден да замесам она почна да трча викендов ги раздадовме, сеа сме забава до бесвест. Месецов искина 3 пара хеланки од лазење маж ми вика сега чорапи ли ќе кинеш
Уште една недела ќе правиме 18 месеци но сеуште не сака да прооди... Застанува неколку секунди и седнува одма. Од 8 месеци стои, лази ама за проодување некако тешко ни оди... Се држи на еден прст бара изгледа стабилност, не сака сама... Ќе Ве замолам за помош каде да се обратам и што да превземам... Ви благодарам однапред
Од кога почнувате со овие проодувалкиве кондурчиња? 8ипол месеци е мојава. Само едни патичиња од сите 10тина пара што ги има и се сега точни пред некој ден и пробував некоја комбинација се зачудив колку и пораснало ноџето. Овие 10тина бебешки ми беа од чико/h&m / primark / loco croko дека бебешки не стапнуваше воопшто. Ама сега мислам дека е време за убави, зошто стапнува и кај и да е од нареден месец вероватно ќе сака да ја држиме да оди.
Чим веќе сте имале growth spurt и ви и пораснало веќе ноџето, ако и земеш проодувалки најверојатно ќе ги носи околу 4 месеци. Јас околу година т.е. баш за роденденот во јули и ги купив првите, а паткаше и одеше боса од 9м, прооди на 13м. Веќе 20 бројче во октомври и требаше, па еве сеа 21 во февруари.
Кога сте веќе на темата, да прашам и јас. Бебка е 10м, сакам да и купам проодувалки обувки за надвор сега за пролетта. Кој број да земам, и од кои, Кеги?
Само бројките не им се како на другите не ги гледај така, јас мерев по цм и го погодив бројот. Пример Колев носи 18ка моментално, а на Атипас 20ка. https://kidscarewears.com/product/obuvki-za-deca-bebe-animals-bear-beige/ @happygirl јас со Колев почнав погоре што ги имав споделено, многу сум задоволна, бргу почна да оди во нив за ден два ги навикна и лесно се чисти гумата.
Јас сум скроз задоволна и од топлинчињата на Колев. Тие како балетанки што се со чичак трака. За по дома кога ќе сака да носи и за по гости.. Дури можат да поминат и како пролетни обувки. Мене битно ми е да се широки напред кај прстите.
Исто и моево со вакви порасна, од овој тип мислам. И во машина перени и изнаносени, гајле немаат. Едит: И јас по сантиметри порачувам. Мерам стапало и спрема тоа гледам број. И во Колев различни модели се разликуваат во големина.
https://kegishoes.com/proizvod/patiki-za-prooduvane-model-unicorn/ Овие ги имам од сестрами, дома е со чорапчиња со гумички. Тешки и се уште вака нозете и се плеткаат со кондурчиња.
дома беше оставена боса, се исправаше мислам негде од 10ти месец, првите проодувалки и ги земав од кеги негде пред првиот роденден, прооде сама после роденденот
Пошто летно бебе е моето некои вакви замислував и ја за проодување ама и патичиња за пролетва секако, мн ми се шарени во кеги некако патикиве јас сакам бели, во к&к гледав убави дизајни клот другарка ми рече и во пеко имало проодувалчиња ама не знаеше бренд на друго место кај да гледам?