И ние сме летни, затоа мислам дека немораш да се замараш многу со чевлички на почетокот. Мене ми беа многу ружни проодувалките и не и ни купив Овие ги најдов нејзино бројче ептен на среќа, ептен беа меки и флексибилни па ги носеше на почетокот. За жал баш моделов го нема веќе нигде. Топлинчињата на Колев се за веќе проодени, не се баш флексибилни за ептен први чекори. Инаку еве нешто што би избрала да сум на твое место моментално, И во Пеко и во babycenterимаат на Froddo. Провери happyfoot исто мислам нудеа проодувалки, можеш да им побараш понуда на инста. Или евентуално attipas.
@merriel0 и мене ми беа ружни проодувалките ама сите ме советуваа од кеги да и купам @Baby warrior https://kegishoes.com/proizvod/model-white/ овие ги имам јас класичните клот бели, вака не се покажаа лошо мојата имаше и тогаш мн мала нога, од класичниве патичиња нигде немаше бројче, иначе ортопедиве советуваат од патиките за трчање такви лесни да се земат за проодување.
Не можам кога ќе ги видам со патентиве испреку знам дека е за практичност па после и кога ќе ги облечат бебињава во некое преубаво фустанче и проодувалки некои груби на ноџе Минатата недела една другарка ја сликаше за роденден малата и едно фустанче прекрасно пуфкасто со некоја патика со патенти испооблечена ич не ги сакам
Лепота не се гледа кога е здравје во прашање. Јас ги имам на Кеги тие со срцињата и преубаво стојат со се, и за роденденот ги носеше, баш со фустанче. Иначе можеш и адидас патики да и земеш, Tensaur се проодувалки.
Да де секако нема да купам било какви за дете што оди таман работа само критика за дизајнерите можат малце да се потрудат Иначе -15% има атипас, мм ми што вика ја би се сопнал со овие а не бебе
Неможам да кажам точен број на ортопеди кои кажале дека немора да се кеги со патент проодувалките. Цитирам, ,,Немора да се даваат толку пари, малку имаат претерано со цените. Битно е да се просторни, лесни и нежни, со мека и флексибилна гума, и нормално бебле да ги прифати." Е на пример Адидас никогаш не би и земала за проодувалки.
Зошто не адидас?? Рано ни е нас за проодувалки, но сепак ме интересира, ќе дојде време. Ние за месец ипол ќе почнеме во градинка, на 8 месеци, што да и купам обувки, препорака мајки??
А што е филмот со патентот од доле на овие од кеги? Јас за синко дури не заоди стабилно му земав најк (не ги памтам моделите, знам меѓу два бирав), така планирам и на ќере, скроз може и со фустанче патика, gen z ја воведоа таа мода .
Лично моја преференца, моментално носиме берфут моделче а и ќе продолжиме по истиот пат Мене ми се стапалата крш зошто сум носела тесни и неадекватни патики ко дете а и понатака, па затоа внимавам за ќерка ми.
Затоа што адидас и најк не се бренд на обувки кој специјализира за бебешко стапало. Од следење анатомијата, мекост на ѓон, ширина итн. Кај нас за први обувки разгледај колев и колев, кеги, атипас, има и едни бао некако беа во бејбицентар, за тие јас знам. Патентот е за полесно облекување, за деца што го виткаат стапалото да не може да влезе кога видат обувки (пример моето ) Едит: и јас како Мериел, маж ми има речиси рамни стапала и после години носење ортопедски обувки поради пропусти во најважниот период и експерименти не правам.
Има и Nike barefoot модели, сум ги видела во Грција. Исто видете на zdravistapala.mk јас од К-К не сум баш задоволна, му потеше ногата и му се соблекуваа често.
Баш тие со патенти на средина се понестабилни од најк патика на пример. Мојов ортопед воопшто не ги препорачува. Овие атипас се ок, најк патичиња се исто скроз ок. Битно е обувката да може буквално како полжав да се свитка во рака. Отропедски обувки не се препорачуваат ни за возрасни, а не пак за деца (ова ако развојот е ок). Нема да помогнат ако детето има рамни стапала. Мојава пример има скоро рамни и имаше мака со стабилност при стоење на прсти, односно не можеше да стои на прсти без да се клати. Ортипедот ни даде 5 различни вежби да се прават по 3 пати на ден, а не ортопедски обувки. И да, различно е анатомска од ортопедска обувка. Ортопедска е веќе медицинско помагало. Анатомска е жива глупост. На се што сум купила од обувки вадам ако имаат потпунка на средина за да биде рамно. Значи обувка за проодување е битно да не е тесна, да е со скроз рамна влошка и буквално да може да се преклопи во една рака. За жал естетика тука тешко. И барем еден прст напред од палецот до крајот на влошката да има.
Ова сакав да го пишам. Повеќе се за парички муабетите за специјални чевли. Мене ортопед не ми ги препорачувал стриктно. Син ми порасна со патики со мек ѓон, адидас, најк, пума сум му земала, битно да се виткаат лесно на пола и да има луфта напред. Како поголем скечерс носи, ама тие се малце покрути за бебе мислам, не знам може грешам. Немаме проблем со стапалото, ама од што ги гледам денес децава, ретко кое да нема рамно стапало, сигурно е комбинација на причини зошто, ама поголем дел се со рамни стапала и одат навнатре..
Не, така ногата е комотна. Ако купиш кнап прстите при движење ќе удираат напред. Ова ќе ти го каже ортопед (мислам дека околу 8-9 месеци има контрола) и баш тогаш кажуваат какви обувки. Балетанки, сандалки, се тоа е прекјут, ама на дете му треба стабилна обувка до глужд. На големата први обувки и беа најк, баш затоа што ми исполнуваа се од горенаведеното. После кога веќе заоде убаво имаше и сандалки и се. Малово се пушта по мебел, ама уште ништо не сум купила. Дома е босо или по чорапи со гумички. Додека не почне да се пушта не купувај ништо затоа што брзо ќе го надрасне уште пред да го употребиш. Те прочитав погоре пишуваш ќе сака да ја држиме да оди. Не ја прави таа грешка. Остави дете прво да лази, па на колена ќе почне, па ќе се исправа на мебел и кога ќе ојача ќе почне да се движи. Со паткање одат прво со нозете напред и газат прво со пета, а тоа не е правилно. Правилно е нанапред со главата како слободен пад и на прсти.
Да да она лази веќе цел месец, од 7ипол месеци. Сега почнува и на коленца пробува се врти и странично кско обиди за седнување. Не зборот ми беше дали ноџето е иста димензија на 8м и на 12м или драстично пораснува?
Прав ортопед никогаш нема да препорача обувчиња со патент. Во тој дел стапалото воопшто не се превиткува и патентот само додава на нестабилност. И јас моиве ги пораснав со Најк танјун и сега планирам такви да земам. Исто и Адидас има едни што се доста солидни ама не ми текнува на моделот. Атипас е супер за првите месец два, ама тие имаат целосно мек ѓон. Под петата треба да е тврдо и нефлексибилно за да дава стабилност, а меко и да се витка флексибилно треба само под прстите, оти само тој дел од стапалото е всушност флексибилен. Мене чорапчиња со гумички, ама не оние ситни туку поголеми делови на гумички ми биле најпрактични. И надвор сум ги оставала со такви дека летни деца. Сега проодува и ова, ќе му земам најк, ама надвор ми е ладно само по чорапчиња.
За големата па и сеа за малово со патентиве не ги планирам. Мек ѓон да може да се витка како полжав ,широки во прсти и стапала и терам... и сандалки и земав ама високи до глужд. Никој не може да ти каже бидејќи секое дете е различно големата во 1 м два броја и порасна...