Да, така и јас памтам за патентот, само не ми беше јасно што им е филмот, зошто од доле да биде. Иначе тие беа Најките , фала ти и уште едни мора да избарам низ форумов, mum brain на најјако. Овие стил Атипас ми нема поента да земам, ќе одам со патиче директно, а за надвор ако сака да стои со чорапче ко што викаш, дури не заоди. Дома секако боса .
Дали и овој модел на Nike се океј, како тие што ги спомнувате погоре? https://www.sportvision.mk/mk/patik...SIhGXTSyTo6hF9vPQd_aem_xC9ZLe9eK4iYbUvcOwLm7A
Не знам овие дали се доволно флексибилни напред. Овој модел барај го Можеш да приметиш, дека под прстите има очигледни засечоци тој дел е флексибилен и прилагоден лесно да се превиткува. Петата е цврста за стабилност и не се флат рамни туку го следат чекорот. Лесни се многу и материјалот е мрежест за да може кожата да диши. Не знам во мк дали има избор на дезени ако тоа ти е битно, јас во Грција за ќерка ми земав цело време како ги одраснуваше, имаше различни џиџани со срценца, цвеќенца, бои еден куп.. Вакви слични како на сликата твоја им имав земено сини исти на двајцата пред две години. Веројатно ќе се удобни и овие откако неколку месеци убаво ќе прооди. Јас сум фан на ранинг Најки. И за себе имам танјун за секој ден пешачење и за парк и се фантастично удобни обувки. Иначе има на Најк nike swoosh 1, кои се од типот на атипас, ама ако треба да имитираме бер фут, подобро е да е босо или само на чорапа.
И моево израсна со вакви како на @Yowannty , сега и за малово ќе купам, ама како што реков, кога ќе почне да се пушта од точка А до точка Б. Не знам што бидна фамата со кондуриве за проодување. Па не вакви, не такви, па со прашинки од еднорог. Значи се знае што е и какво треба да е првото кондурче. Ама маркетинг удрен на најјако. Од сите што се набројаа Кеги се најлош избор инаку. 6 години поминаа од кога последен пат се занимавав со ова, а како 60 да поминале. Основна работа пробуваат да ја изместат.
Не ги среќавам по мк спортскиве страни тој модел Танјун за бебе. Некој во мк што ги купил, каде ги има?
А какви треба да бидат? Моето дете е 10 месеци ама веќе се исправа цело време на се и сешто, оди држејќи се, и до сега го пуштам така само дома босо или со чорапчиња. Какви чевлички/патики да му купам кога ќе стане постабилен за надвор и за во градинка пример? Стварно сум збунета некако што е најдобро. Фала однапред за помошта.
Најдобро е да не читаш на форум очигледно. Испадна сите што купиле со патент се ненормални и децата со криви нозе ќе им бидат.
Никој не рече дека некој е ненормален, туку ако веќе бираме тие со патент не се стабилни како со целосен ѓон. А не се ни толку свитливи. Не значи дека на некое дете ќе му се искриват нозете, ама може да се спречи нели. Можеш и балетанки за прва кондура да му облечеш, може да не му прави никаков проблем, а може и да направи. Да не навлагаме подлабоко стварно, нема потреба од вакви пасив агресив муабети. И да маркетинг добар чуда прави. @КаринаТ пишувавме погоре да е до глужд, да не е тесна, еден прст празно напред да има. Да можеш лесно со една рака да ја свиткаш на пола.
Цели можеш да ги свиткаш како хартија и да ги пикнеш во џеб, од Кеги што се со патент. Патентот воопшто не смета и е само за да може полесно да се облечат. Како се за пари само не ми е јасно, кога исто коштаат ко сите останати, па дури и поефтини. Чисто информативно, цел прст не се мери само за проодувалки, секоја патика треба да има прст простор кај децата. Се вадат влошките и на нив дури има обележано до кај треба да биде ноџето.