Син ми е годинка без една недела. Кога не е свесен и е заигран се опушта и прави по 5-6 чекорчиња и штом ќе се свести застанува и бара помош. Инаку стабилен е доволно е за еден прт да те држи и оди, но веќе цел месец е вака и никако да се опушти и стабилно да зачекори сам.
Бебушка си оди ама со држење и убаво патка за едно раче. Почна да се пушта 4-5 чекори сама ама само накај мене или маж ми во игра. Инаку сама не се пушта. Уште некако ко да ѝ е страв.
Син ми почна да ме нервира убаво си се пушти сам да оди и тоа свесен и реков готово ќе правиме престапулка и еве го пак не е сигурен ќе тргне и застанува и чека рака.
Мамички кога се рачуна дека проодело детето.Немој да ми се смеете,во забуна сум.Синко правеше по 2-3 чекорчиња па по 5-6,еве го сега може да направи и 20-ина да падне на газе и да продолжи со лазење,или пак ќе стане и продолжи со одење.Да рачунам дека проодел и да направам постапалки или да почекам.
Син ми така оди и по повеќе, но некогаш знае да застане и да бара рака и сега незнам дали е прооден или не
Од пред 3-4 дена веќе се пушта и сама. Од кауч до влезна врата, од врата до трпезарија. Прави повеќе од 10 чекори сама, ама уште е ко пијано коковче. А накај мене и маж ми доаѓа и без да ја викаме, се научи дека тоа ѝ е како игра, и ни се фрла во раце!
Еве овде мамичкиве викаат дета тоа е тоа дека пооделе.Јас од мојов не можам да мрднам,претходно со лазење идеше ама сега само што сум се свртела него го нема.Остај што незнае уште да оди како што треба па и се затрчува мажево и тоа на прсти.Ви посакувам лесни чечорчиња и цврсто да гази во животот.
Имам само една добронамерна суѓестија, кога постирате на оваа тема околу искуството со проодувањето на вашите деца или деца на ваши блисќи покрај останатиот опис многу е бирно да наведете на која возраст проодело вашето дете бидејки е тоа што претежно ѓи интересира оние кои ја читаат оваа тема. Ова го пишувам од причина што има многу постови без овој многу битен податок.
Мојот почна да се пушта по малку цел единаесетти месец,и претходно се пушташе бидејќи лазеше и за се и сешто се фаќаше и исправаше ако имаше нешто во близина ќе се пушти 2-3 чекорчиња.Со тек на време одден на ден напредуваше.Некаде две недели пред првиот роденден почна да се пушта по 20-ина чекорчиња.Еве сега една недела после роденденот оди па ќе подзастане па ќе продолжи,клекнува станува без држење.Може од седнат на земја да стане без да се фати за ништо,постабилен е и повеќе рамнотежа има,кога ќе се затетерави наназад не паѓа више почна наназад да чекори.
Помалиот син денес полни 15 месеци, а прооде на годинка. Месец пред да прооди почна да оди и да се држи за маса, па после тоа почна и сам да се движи. Сега е брз како зајак.
Искрено,не се сеќавам баш,не беше многу одамна пред 4 год,проодевме на 11мес,претходно лазевме,ама не на коленици,туку се влечевме онака војнички,од време на време ке доползеше до маса,фотеља,па ке се исправаше,знам дека многу ми помогна дубакот..
Дали некаде се прават постапалки по нарачка ? Имам видено колаче - детско стапалче во розева мокасина, преубаво беше. Дома ќе си направам за адет, ама за на работа сакам да порачам.