11+ е бебе, прави и по 20тина чекорчиња. Си држи играче во раче и си оди. Па седнува да одмори, па пак ќе стане. Проодено е? Да порачувам колачиња? Инаку, секаде оди босо.
Штом оди со прст или со држење за нешто, нема проблем физички, се плаши да се пушти. Кога ќе биде спремна ќе си се пушти, мојата ќеркичка исто беше до пред две недели, 15ипол месеци има ама не видов потреба од грижа.
проодено е, треба време да станат стабилни, подолг процес е проодувањето и мојата денес прави годинка, оди од пред две недели исто така, уште се плаши и не е станилна, јас веќе нарачав колачиња
Среќен роденден на ќеркичката! Да, да, подолг процес е. Веќе 2 недели трае и кај нас. Ми се чини најтешкиот период е досега. Тогаш, и јас да нарачувам колачиња деновиве. Од каде ги нарача?
фалаа ти од cookiebooking на инстаграм, скапички се малце, цената им зависи од дизајнот, ама многу се вкусни и многу убаво ги направија еве ги
И јас се секирав како тебе бидејќи слична ситуација имав и со ќерка ми. Од страна на пријатели дури и со помали дечиња им проодеа а ќерка ми не. Сите блиски само ме прашуваа дали е проодена и требаше да се објаснувам. Матичната докторка ми рече се додека се исправа и оди по мебел нема никаков проблем со развојот и до 18м се очекува да проодат, до тогаш не треба да се форсираат и да ги оставиме по нивен тек да си стекнат сигурност. Ќерка ми сама со држење по мебел одеше од 11м но дури точно на 16м почна да сака да оди за раче, пред тоа не сакаше ни за раче. По неколку дена од "паткањето" почна да се пушта по некој чекор сама да прави и еве веќе десетина дена секој ден по неколку чекори плус си ги чекори сама. Претпазлива е и не брза. Ќе си се пушти кога ќе си се осети сигурна немој да се секираш и да форсираш
Сама прооде на точно 17 месеци, до тогаш скоро 4-5 месеци одеше само за рака, ни неколку чекори не правеше сама, се корнеше од плачење ако и ја пуштев раката и пробав да ја убедувам да оди. На 17 прооди во камп, и само таму и дома одеше сама, надвор пак би бараше раче, дури скоро месец и требаше да се опушти надвор и тоа се уште не секаде се пушта сама, туку уште бара раче. Не се секирај ич, штом оди за рака значи нема физички проблеми, едноставно и треба поголема самодоверба. Ама ќе видиш колку многу постабилна ќе е рзс разлика од другите што похрабро проодуваат сами од порано еве сега оди, трча а скоро и да не паѓа (во смисла на паѓање од недтабилно тетеравење)
Потврдувам, мојот прооде на 15ипол месеци и на прсти можам да избројам колку пати паднал до сега, а е 2 години. И не оди, туку трча цело време
15 м има Потпрена на нешто оди ,ако те држи за две раце оди. Ама ако и пуштиш едно застанува и готово ако веќе успеам чекор да направам како без рамнотежа е ако ја држам само на едно раче. Не знам дали да ја носам на преглед.
Можеби треба да и дадеш уште малку време. Барем уште еден месец.... Нека си оди како што се чувствува сигурна, макар и да се држи со двете рачиња. Сама ќе се пушти кога ќе биде спремна. Мојата ќерка почна да оди сама на 12 месеци, но како да се исплаши од нешто и престана сама да оди. До полни 15 месеци одеше само со држење за рачиња. Полека, сама се пушти. Ако сакаш, однеси ја, да не ти е на мисла.
Рано е може и треба повеќе време за рамнотежа. До 18 месеци викаат се чека. Ќерка ми на 16м ипол скоро прооди, до 16м не сакаше ни за раче
Моето од 9 до 14 месеци одеше само потпрено или бараше една рака сам не се ни обидуваше, само што наполни 14 се пушти сам.
Да не ве цитирам посебно, мене ми е чудно бидејќи поголема та на 1г веќе трчаше да не речам. Ама ај ќе и дадам време
Секое дете во свое темпо ама мајка секако мора да се засекира, те разбирам и јас се секирав дека имаше околу нас дечиња проодени од прв роденден
Ќерка ми од 11м одеше по кревети и мебел. На 13месеци точно се пушти сама. Се пушти на широко, на плочник каде имаше и други деца и ми дојде мисла дека чекала таков момент да се осети слободна. Пробај така на пошироко и опколена со деца да видиш како ќе реагира.
Јас па во околинава имам све деца година ипол што не одат. Моево блесаво се пушта од 11 месеци само, ама не е стабилен ич. Гледам поголеми деца се плашат можеби, ама пример доста поспретни се од моево, се качуваат сами, поцврсти се едноставно. Секое дете во свое темпо се развива. Не е само да оди, цел систем е тоа. Мене поголемиот ми прооде на 12 месеци и профи беше од старт. Ова полека полека совладува и оди уште по мебел најголем дел од времето уште. Надвор паѓа како крушка со кондурите..
Баш некни во игротека бев со групата на големата и имаше и од нејзина кој што одат и мислев ќе се занесе по нив ама не. Дури и да стои ко ќе ја пуштиш седува на гз и лази