Сигурна сум дека повеќето веќе знаат, НБРМ објави дека Еуро стандард пропадна, односно им ја одзеде лиценцата. Еве повеќе информации https://kanal5.com.mk/narodnata-banka-ja-odzede-dozvolata-za-rabota-na-eurostandard-banka/a434565 Кое е вашето мислење на оваа тема ?
Се нафука пари Трифун и ќе затвора банката сега, среќа парите се под гаранција на НБРМ така да ништо страшно.
Од каде тоа? Јас прочитав дека 99,3 од штедните износи ќе бидат вратени. За кредитите стечајниот управник ќе бил задолжен.
Сега веќе во пошта нема да може да се плаќаат сметки? Бидејќи Пошта беше поврзана со Еуростандард банка.
Еуростандард пропаѓа неколку години наназад. Пред скоро едма година кубуреа со дозвола за работа која ја дава НБРМ. Ја добија, ама рокнато магаре тешко станува на нога. По муабет со банкари, имале ризични коминтенти кои подигале огромни кредити. Коки нешто не заинтерсиран. Сестра му беше задолжена за Еуролинк осигурување и тоа го продадоа... Е сеа...тешко на луѓето. Ама ова со години трае пропаѓањето, не е од вчера. Кумашинчето ми работи таму, од него знам Тие што осетија си ги извлекоа парите. Јас бев една од нив. Сега, ќе има листа на исплата и ќе исплаќаат ама ќе си има динамика, неможе ти кога сакаш.
Ајде овие до 30,000 евра ќе ги обештетат, ама другите? Години може да трае стечајната, прашање е и колку реда доверители се, па и Комерцијална им дала кредит... А Нинче Групер паметна па 250,000 евра си повлекла со време
Стечајната нема врска со штедењето, Народна банка е задужена за враќање на парите. Стечајната ќе зависи за оние што имаат земено кредити, тоа бог знае како ќе се регулира за да не се наплаќаат камати.
Навистина тешко на луѓето. (ФОТО) Ексклузивни фотографии од заложничката драма во Кавадарци Вистинска заложничка драма се случува во Еуростандард банката во Кавадарци, по информацијата дека НБРМ ја затвара банката и дека ќе побара стечај. До оваа фотографија дојде Економски Лидер на која се гледа дека интервенира и полицијата. Лидер дознава дека клиент барал, но не можел да си ги подигне парите во висина од 500 илјади денари.
Стечајниот управник ќе раководи со имотот и должниците. НбРМ ќе прави исплати на штедачите. Нели кога се отвара банка ја отвараш пример со 2 мил. евра. Уште толку оставаш во НБРМ како гаранција дека ако рокнеш таа ќе ги исплати парите на коминтентите. Ова го кажав со нај прости зборови за да се разбереме убаво. Така да...за.штедачите нема да има проблем, ама ќе помине некое време додека да созрее работата, си има ред тоа, не оди преку ноќ. Сега судот ќе отвори претхпдна постапка за утврдување дали постојат услови за отварање стечај. И ќе отворат стечај и ќе назначат стечаен управник.Тој ќе ги води ДОЛЖНИЦИТЕ.т.е. оние кои имаат минус на трансакциски.И тоа не оди брзо.Ако некој мисли дека за пр.15000 ден минус ќе куртули, се излагал, делото не старее. Да си подмири секој и најмал долг,.зашто со Извршител тешко е и сумата е пута 10. Оние кои имаат кредити, иститее бидат превземени од некоја банка. Но,.банката со свои услови ќе настапи..каматни стапки...итн. Отприлика така оди..
Наназад цела година се збореше дека Еуростандард банка не е во добра ликвидна состојба и прашање на време беше кога ќе рикне.Имам две познанички што работеа таму и со време си најдоа другата работа.Имале многу лоши пласмани на кредити и затоа се случи ова што се случи. Инаку на тие над 30.000 евра депозити само до 30 те илјади ќе ги обештети Фондот за осигурување на депозити , а останатото ќе си пријават во стечајна маса. А дека некој ќе се спаси од враќање кредит мало морген,има луѓе што уште враќаат за Експорт-импорт банка во стечај,a од кога е банката во стечај и за ред други.
Јас ко што знам (а и како што пишаа) НБРМ т.е Фонд за депозити ќе обештети до 30000 евра, а тие 700 што имаат поголеми во стечајната се јавуваат ко доверители, а не должници, односно должник е самата банка, е сеа сигурно не се само тие доверители, а и таму си има ред и првенство.
Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за која попладнево на пресконференција гувернерката на НБМ Анита Бежоска Ангеловска соопшти дека и ја укинува дозволата за работа и утре пред судот ќе предложи стечај за банката. Бизнисменот Костовски за во петок најавува прес конференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката. „Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме. Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата“, вели Костовски за Фактор. Бизнисменот нагласува дека за изминатата година кога Еуростандард била под строги мерки, неа само дополнително и се влошило портфолиото. „Практично, ние имавме забрана за работа од НБМ. Како во тој случај да се подобри состојбата. Исто така, НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката“, вели Костовски за Фактор. За оваа одлука на НБМ вели дека е еднострана одлука на НБМ. „Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор. НБРМ денеска донесе одлука да ја затвори Еуростандар банката. Во неа има штедни влогови од 71, 5 милиони евра , а од Фондот за депозити велат дека имаат кондиција да ги обештетат штедачите. https://lider.com.mk/ekonomija/trif...gra-od-strana-na-narodna-banka-na-makedonija/