Ќе оди во било која банка сака со лк и со чекче од пензија. Во КБ во рок од 90 мин ќе му биде одобрен минус од 1 пензија. За другитр банки не знам како им е брзината. Средствата што ги има ќе му бидат вратени бидејки се осигурани заедно со депозитите. едит: Во Тутунска може и онлине даму завршиш работа.
Очигледно дека има некакви дубари направено Банкава и неможе туку такадапропадне. Треба да се докаже дали е перено пари преку банката, и таквите да си сносат одговоност, А и народов треба да се буни ако не им средат депозитите. Не може само народов да испашта.
Без оглед што пишува во законот, не верувам дека ќе бидат обесштетени штедачите. Па немаат овие за исплата на плати и пензии, до вчера, да не беа изборите ќе кратеа од платите на администрацијата, задолжени се до гуша, државата ќе банкротира за година две. Последно нешто за што ќе има пари се овие 70милиони за штедачите.
Чудно, во капиталистички систем сме но, обесштетувања се по комунистички модел - до 30.000 евра. Побогатите губат над границата. По некоја логика, треба пропорционално обесштетување, кој колкав процент имал од вкупни пари и капитал толкав процент да добива од остатокот пари и имот. Или, обесштетување колку минимална плата.... еве ти колку да преживееш месецов, после снајдувај се.
Ама ова се прави по Европски норми и стандарди (знаеш оние ISO 9001..) Ова е на светско ниво, не одредува нашиот фонд за осигурување депозити. Сите банки се ЗАДОЛЖИТЕЛНО членови на Фондов а самиот Фонд е член на ЕУ фондовите (не ми текнува како се вика главниот, скратеница му е ЕУФДИ). Познавам луѓе кои продадоа стан во Острво во Ск за 75000 евра. Парите ги поделија 30000 во КБ, 25000 во НЛБ. Тој што има ваква пара,.следи и води сметка. Мене ми е жал за пензионерите. Стари луѓе , ќе им се развлече малку ова префрлањето.
Сепак е ризик... ако пропадни уште некоја банка и се исцрпи фондот, ќе останат со прстот в уста и на крај отштета од државниот буџет т.е. од СИТЕ НАС, ни криви ни должни... Така за ТАТ сите плативме... И не е фер некој што имал 30000 и некој со 300000 евра исто да добијат. Како потоа ќе има привлекување на голем бизнис и странски инвестиции? Кој ќе инвестира кога има опасност да го ограбат...? Европски норми се фино применливи за западноевропски стандарди и богато општество, не за економии во развој и пад како нашава. Таму е тоа ситница... освен ако не почнат сите по примерот на грција да не ги плаќаат обврските. Според мене, има пропаст - на здравје... обесштетувања кој како колку имал од тоа што ќе остане... освен нормално за таквите како нина групер кои однапред знаат што ќе се случи. И ајде после правда... Како не...?
Да беше ова организирана кражба како со ТАТ што било, ај да ги жалиш тие со високи суми. Ама овде е само банкрот. А "нормално" е да припаѓаат секакви бизниси, не е ни прв, а може ни последен пат да пропадне банка. Е сега, може грешка е кај тие што требало да информираат порано, ама мислам таков закон не постои за сега да одговараат. Мене ми е жал за пензионериве. Ќе треба време, ќе биде малтретирање и за нив додека се среди ситуацијава. Едит - башка се знае однапред дека ако пропадне банка, може да те обештетат само до одредена сума. А таа сума варира кај различни банки.
Колку само не си во право!! Зошто тој што имал повеќе од 30.000€ не ги распределил парите во повеќе банки? А заради такви што не мислеле на време, зошто јас тешко заштедени пари да изгубам? Зошто само одреден процент да добијам? Ако е така, на никој нема да му текне да штеди пари во банка. Па ќе ги видам банките од што ќе работат, ако нема штедачи.
ТАТ штедачите со огромни суми беа тие на врвот на пирамидата кои со нереални камати со 10000 марки стигнаа до 300000-400000... и уште ги бараат каматите... тоа е нереалното. И одвратно што за нивни лоши деловни потези сите плаќаме од буџетот кој се збира од сите нас. Мое мислење е дека не е фер оштетување до одредена граница туку рамномерно пропорционално и како што наведов само одреден минимум да има заради животни трошоци, без максимум. Ионака системот ги штити богатите, другите се, за жал, потрошен материјал...
Епа може некој милиони да има и сите ги изгубил, а да не може сосе него сите да се обештетат. Граници мора да има до каде и колку. За тебе кој е повеќе за жалење - некоја бабичка што земала пензија 15000 и имала еве заштедено некои си 40000 денари и живее скромен живот или некој што имал милиони и живеел во луксуз? Тој со повеќе пари нема сиромашен да биде, знаејќи дека сепак од негде имал голем прилив и сигурно дел од тие пари искористил за свој бизнис или имот. Ама бабичкава во случајов живее во мала куќа и останува без единствената живеачка. Нејзината загуба е мала, на богатиов голема. Ама кој повеќе ќе трпи на крај? Ама не во бројка. Како што реков - никој не ги украл тие пари. Мислам дај, смешна си.
Мое право е да изразам мислење. Ако не се согласувате, ваше право, а ако судите за мене, ве молам да кажете по кој основ сте компетентни за тоа, благодарам. Само вложување пари во банка е коцка т.е. вложување во бизнис. Превземате ризик и за губиток. Сите што губат кога нема веќе исплатливост т.е. рентабилност на бизнисот нов ги снајдува судбината за кој ризик прифатиле кога вложиле. Законите се друга работа... јас кажувам како мислам е фер. При стечаи, како е и сега случајов со банкава, од стечајната маса не се обесштетуваат сите доверители до некоја гранична вредност туку според големините на побарувањата. Тука обесштетување е по комунистички начин - сите еднакво (нормално освен привилегираните како нина групер). А парите за обесштетување се од фондот т.е. и од други банки и реално од сите нас бидејќи сега сите други банки да ја покријат загубите од фондот ќе ги покачат давачките за услуги, дерат со поголеми камати и сл.
Јас кажав дека треба да има минимум за обесштетување. А не се грижи, бабичката ќе се снајде и со толку пари. Моите мислења се мои лично и мое право за слободно изразување. И ве молам не ми го грешете полот.
Значи сакаш системот да ги заштити богатите затоа што и онака ги штити богатите? Ептен контрадикторни тврдења.
Со кои пари кога ѝ се изгубени? Може некни ѝ снемало пари дома, не успеала да подигне. И минимум, сериозно? А луѓе што земаат мали плати и живеат од ден за ден? А луѓе што примаат социјална помош? Кој е тој минимум? Тие малку пари што ги имал некој месец крпел, ама не, дека се малку пари, ај не го ебаваме, дај богативе да ги обештетиме, греота се.
Напротив, моите мислења се во склоп на сегашниов капиталистички систем, за жал во најсуров вид. Не би да е таков, но што е - тоа е. Сменете го системот во комунизам или социјализам. Власта социјал демократијата ја толкува само како за одредени, не за сите. Нема живот за сите.
Реков, треба да има минимум пари обесштетување. И тоа веднаш. Минимумот го одредува власта. Има минимална плата и пензија. Жалете се на власта да ги покачат. Системот е таков - капитализам кој ги штити богатите. Сменето го во комунизам или социјализам ако не...