ТАТ Луѓето продаваа станови за 50 000 марки, па за еден месец имаа 70 000. Епа сеа .... Пирамида. Не мерете штедилница и Банка.
Аха, се разбравме. Ама законот вика до одредена сума можат да те обештетат, а не дека ќе те подлажуваат со некое илјадарче. А тие што изгубиле големи суми треба многу повеќе да знаат да ракуваат со пари и да знаат што како ако ги изгубат. Не е само тупни ги сите пари во банка и нека си седат. Нека им се даде и на нив колку може, не викам не. Ама да не очекуваат цела сума дека ќе им ја вратат.
Да, законите се такви. Мое мислење е дека принципите за обесштетување не се фер во однос на капиталистичкиот систем. Да е поинаков системот ќе немаше приватни банки ни пропаѓања. А 30000 евра во европа се како тука 3000-5000 или помалку според стандардите. Треба помалку загарантирано обесштетување. Таков е системот, богатиот побогат, сиромавиот посиромав. Едно без друго не оди. За жал.
И затоа што нема живот живот за сите, треба уште повеќе да нема живот за сите? Не го сакаш капиталистичкиот систем, ама сакаш сѐ да биде максимално капиталистички? Идеите ти се контрадикторни и бесмислени.
Моите идеи се за подобрување на системот во склоп на системот. Не сум анархист/ка. Како сакате доживувајте ме. Сменете го системот ако не... Капитализамот е таков, богатиот побогат, сиромавиот посиромав...
Тука прочитав дека и Капитал банка не е сигурна и сега баш по фб гледам објавиле статус: Капитал Банка АД Скопје - банка со најголема адекватност на капиталот! Почитувани клиенти, Народна Банка на Република Северна Македонија објави официјални податоци за нивото на адекватноста на капиталот на банките во РСМ, најголем показател за стабилноста на Банките - https://bit.ly/NBRSM_kapital Дозволете да Ве информираме дека Капитал Банка е банка на прво место по овој показател. Во услови на светска пандемија уште еден доказ за стабилноста на Капитал Банка.
Што знам, лично мене стабилна банка ми е. Сигурно 10 пати е прогласена за банка на годината. И комерцијална да, стабилна е, само многу игри се вртат околу Хари Костов, па не би ризикувала.
Најчесто политички. Еден од најголемите олигарси е како што знам. Хари Костов секогаш е со власта, без разлика кој и да е на власт, финансира на двете страни. Се шушка дека сака да ја преземе/откупи или како точно се вика ЕСБ, највише поради инфраструктурата што ја има ЕСБ и пошта, Има уште, само не знам точно што и како.
Е таман работа некоја од нив да пропадне, тотален крах ќе доживееме...и Халк, Шпаркасе и Уни се далеку од нестабилни, во овие малите ко Капитал, ТТК таа на Ѕинго не би вложила пари.
Back to the 90’s... Сашо Тасевски распали на Фејсбук и извади многу добри поенти... Замислете, некако сте заштедиле педесетина илјади евра во Еуростандард банката. Или сте продале стан и парите сте ги ставиле во таа банка. И сметате на нив. Арно ама, му ќефнало на некој главуч во СДСМ да му ја преземе банката на Трифун и ја турнува во стечај. Е сега, министерката која исто има пари во таа банка, знае за тоа, ама не ви кажува, зашто вие за неа сте нула, клошараана, нижа форма на живот, ништо. Важна е само она, ќеркичката на шверцерот и нејзинот газ, па ќутенката си ги повлекува парите од банката, а вас со останатите ве остава во гомна до гуша. И замислете уште ја гласавте неа и нејзината партија да владеат уште 4 години. Зошто бе? Одамна се познати по тие етички вредности. Да си го гледаат само својот газ. Допрва овде ќе има пиштење и вриштење. Еве го септември. Тешко нас, луѓе мои Како се вика тоа кога од позиција министер за финансии, ги повлекуваш своите пари од банка која државата решила да ја тури во стечај? Ама, не кажуваш јавно што ќе се случи со банката, туку го криеш тоа за груперастично да ги насанкаш останатите кои чувале пари во таа банка, а само своите пари да ги извлечеш. Е тоа, има име во светот на правото и кривото?