Ајде не мора одма злоба. Веројатно е повратник од странство, кога би бил кримос локален би добил инсајдерска информација и веднаш како нинчето би ги повлекол парите. Патем, голем дел од заштедите во тат беа од гастарбајтерски пари, место да ги чуваме ко капка на дланка зошто реално само тие носат свежи девизи во РСМ, локалниве кримоси ги ограбуваат. Жално за човекот.
Иако е најлесно да се каже дека се од криминал, има и ликови кои на чесен начин спечалиле. Може да му е наследен имот од колено на колено, да е некој успешен бизнисмен, да има цел живот работено на некоја атрактивна позиција надвор од државава... Како и да е, допрва ќе следат големи глупости. Веќе се вртат на големо муабети дека и тие што имаат до 30000 евра нема наеднаш да ги добијат. Прво така ќе речат за да ги смират а малку по малку ќе испадне на рати 20 години да ги чекаат. Како и да е, и тоа како е крива власта. Уште не ви е јасно дека во лудачка држава живееме каде се е можно. Само не знам зошто ќутат и никаде ги нема оштетените. У секоја нормална држава за ситници палат цели градови а овде за животна заштеда не се реагира. Ваков пасивен народ заслужува и од дома да го избркаат, се да му земат па да му текне дека редно време е да почне да си ги брани интересите.
Дали е регулиран делот со постарите луѓе што примаат пензија, а не можат да одат и префрлат во друга банка? Конкретно мислам на старата и неподвижна баба чиј син бил одбиен од сите експозитури? "....бил одбиен со образложение дека поради Ковид 19 и годишните одмори немале персонал кој би можел да оди по домови и побарале неговата мајка лично да ги потпише документите." "Но што со овие случаи како Стојкоска, засега никој не дава одговор." Се прашувам дали воопшто вработените реагирале; дали откако излезе на вести ова направиле напор за женава? Знае некој нешто за случајов? До петок е продолжувањето..
@mareane дали при префрлување во друга банка, треба лично корисникот на пензија да биди присутен или може некој друг во негово име да го изврши?
дали има посебен терк на пријава за побарување кај стечаен управник? или со обичен допис и пропратна докментација ?
Може со полномошно во Комерцијална, ама они си имаат со нивен терк некоеако сака некој така да им побарате обавезно да ви дадат образец, бараа и лична карта од тој на чие име е сметката и чекот од Еуростандард.
https://sitel.com.mk/40000-penzioneri-kje-ostanat-bez-penzija Нели можеше бе да се продолжи рокот? Јас не знам како очекуваа дека 100 000 души во рок од 10 дена ќе успеат на сред лето да отворат сметки во други банки, кога и тие банки веќе си имаат клиенти кои си бркаат свои работи. Со тоа огромни гужви имаше.
Некој дали има инфо како би одило со кредити во еуростандард банка? имам кредит, не знам каде да исплаќам.
Околу пропаѓањето, мислам дека и газда трифун не е потполно чист и дека изјавите му се во насока на одбегнување одговорност. За пример земам една случка со него од пред години... се бунеше бидејќи државата му заплени мала јахта на охридското езеро... од едноставна причина што не регулирал статус, не ја извадил во странство ниту платил давачки. Имал тој пари за тоа ама, како и сите тајкуни т.е. транзициони мангупи, се правел на мутав и чекал да не му се тоа законите важат за него... или можеби субвенции од државата. Претпоставувам она што НБРМ му барала зголемување на капитал тој си мислел и сакал државата да му даде субвенција т.е. плати за тоа од проста причина што сите себеумислени бизнисмени така прават бидејќи мислат дека ако не се тие да ја движат и вртат економијата ќе пропадне па затоа мора државата да ги финансира. Така да, уверена сум дека има криминал и власта намерно ја пропадна банката и тоа темпирано за по избори и секако и нина групер и слични на неа да си ги повлечат парите, ама и дека газда трифун им дал повод, причина и изговори. И секако крадење, крадење и крадење... колку испумпани пари од непокриени кредити се објавија а и допрва ќе се дознаваат...