Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пропаѓање на Еуростандард

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од The Saturdays, 12 август 2020.

  1. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Машки
    Утре официјално ќе кажат како штедачите од Еуростандард ќе бидат распоредени по другите банки. Распоредувањето ќе биде според презимето. На пример презимињата од буква А до буква И во Комерцијална банка итн. После тоа секој си оди во одредената банка и таму си ја подигнува потврдата и може да располага со парите.
     
  2. KajaVN

    KajaVN Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Aj da vidime
    Nekako kako da podzakasnija
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Затворањето банка, секогаш и насекаде во светот, предизвикува посебна вознемиреност кај луѓето. Причините се јасни: луѓето држат во банките голем дел од своите мачно заработени заштеди и знаат дека, особено во пазарните економии, тие се крвотокот на економскиот живот. Интензитетот на вознемиреноста, понекогаш и паниката кај штедачите, е во директна корелација со нивното историско искуство (добро или лошо), со интензитетот на последиците од поединечните хаварии и со вкупната доверба во државните институции. На нашиов простор, сето наведено не е за „машала“; не мал број луѓе се имаат „попарено“, во не мал број епизоди. Се уверивме дека се потребни децении за да се подзаборави на последиците од само неколку лоши години.

    Ризиците во нашиот банкарски систем во последниве две децении се драматично намалени. Но, тие никогаш не можат да се сведат на нула. Големите „рани“ што настанаа во завршницата на „стариот систем“ и во првите години на матното настанување на „новото“, прилично се подзаборавија, иако оваа фраза ништо не им значи на тогаш најдиректно погодените, кои загубата на парите и семејните драми што ги искусија, ќе ги памтат додека се живи. По тој период, сведочиме поединечни инциденти (згаснување на банки), кои, сепак, не беа во состојба да ја загрозат целината на системот и повторно радикално да ја поткопаат генералната доверба на релацијата клиенти-банки-држава. Во таа низа поединечни инциденти со „ограничена“ штета е и актуелното згаснување на Еуростандард банката. Реакциите на оваа одлука на НБРМ се мотивот за овој текст.

    Зошто НБРМ се решила на овој чекор?

    Ги прочитав сите соопштенија и изјави од оваа институција. Клучното, зошто НБРМ ѝ ја одзела дозволата на ЕУростандард банката е: потребниот капитал ѝ се намалил под 2 процента од пондерираната актива. Со тоа таа станала несолвента, односно нејзините вкупни обврски значително ги надминале нејзините вкупни средства. Во таква ситуација Законот за банки е категоричен: на таква банка ѝ се одзема дозволата за работа. Доколку супервизорот, НБРМ, не донел таква одлука, ризикувал, за себе, кривична одговорност. Главната причина за „испарувањето“ на капиталот на Банката, нѐ известува НБРМ, се лошите кредити. И, аргументира: лошите кредити, нефункционалните, како што ги нарекува Законот, односно кредитите што се целосно или делумно ненаплатливи, достигнале износ од 3,6 милијарди денари (58,5 милиони евра), износ кој претставува над 60% од вкупното кредитно портфолио на бившата банка.

    Фрапантно! Зошто се делеле толку многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, одговорот не е надвор од следново: катастрофално лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик; некомпетентност на лицата одговорни за Банката, извлекување (крадење) пари од Банката токму преку каналот на доделување кредити – одобрување кредити без соодветни гаранции. Или, поради сето тоа заедно.

    Како можеле акционерите на банката, доведена во опишаната состојба, да го избегнат одземањето на дозволата за работа? Само на еден начин: да го доведат задолжителното ниво на нејзиниот капиталот во согласност со императивната норма на Законот за банки. Ако не можеле сами, тогаш требало да најдат некој што може. Во конкретниот случај, наспроти нивното тврдење, ниту тие можеле тоа да го сторат, ниту постоел, во дадените рокови, друг таков надвор од Банката. Поради тоа, НБРМ се фатила за скалпелот со кој решила да го исчисти чирот.

    Како реагираше акционерот – главниот?

    Генералниот поглед како акционерот ја разбира Одлуката на НБРМ и воопшто банкарството, е содржан во неговото интервју во неделникот „Фокус“ од 28 август. Што вели возбудениот и „навреден“ акционер, инаку драг пријател на мнозина од „нашите сокаци“?

    Затворањето на банката било „смислено сценарио, правено со месеци“. Осомничени: НБРМ, бившиот член на Управниот одбор на неговата банка, Петковски и некои заинтересирани од конкуренцијата со намера да му земат вредни делови од неговиот имот.

    Неговата банка била „кокошка која носи златни јајца“ и веројатно затоа „некој имал интерес да ја преземе“, но во моментот не можел да докаже кој.

    Доколку бил известен дека Банката ќе биде затворена, немало претходната година да вложи 11 милиони евра, плус 2,5 милиони оваа година.

    НБРМ можела да примени други мерки, вклучително воведување администрација над Банката, но намерно не сакала.

    Поради лошите намери кон него (кон Банката), ќе ја тужи НБРМ и државата, како и некои други, додека е жив, па дури и потоа, ако мора!

    Тој ја прифаќа сопствената одговорност, но „пред сѐ поради тоа што им верувал на другите“.

    НБРМ, иако „апсолутно самостојна“, не смеела таква одлука да носи сама, нарекувајќи го тој чекор како „незрел и избрзан“.

    Имал најдено инвеститор од Дубаи, а потоа и некој богат Хрват, но ете, злонамерната НБРМ не сакала да ги прифати.

    Тужбите ќе биле поднесени поради тоа што им била нанесена голема штета на акционерите и на клиентите на Банката…

    Мојот најкус коментар на наведените реакции, и покрај пријателските чувства кон главниот акционер, се познавме уште од далечната 1965, е следниот: Сето тоа е далеку од стварноста!
     
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Но, за да бидам малку појасен, еве и некои кратки образложенија за некои од наведените тврдења.

    Смислено сценарио?

    Акционерот вели дека затворањето било „смислено сценарио“, а не состојбата на Банката која самиот (и другите членови на фамилијата како акционери) ја произвел(е). Докази за таквото тврдење нема. Ги нема, зашто доказите се: Банката станала несолвента главно затоа што над 60 проценти од кредитното портфолио било целосно или делумно ненаплатливо. Но, акционерот упорно се обидува да ја дискредитира професионалната одлука на НБРМ.



    На сите што малку ја разбираат оваа проблематика, јасно им е дека и железни опинци да обуе (како Заев) и гаќи од кевлар да облече, не ќе може ниту еден надлежен домашен и меѓународен орган да убеди дека затворањето на Банката е заговор, а не неодговорност на фамилијата акционери. Се разбира, воопшто не мислам дека НБРМ е безгрешна под кои било раководства во изминатите децении. Во одредени периоди раководни лица и од оваа институција беа дел од судски процеси поради сомнеж дека ја злоупотребиле својата функција. И, независно од судските епилози, моето лично мислење е дека во некои од нив за тоа имаше основа.

    Но, кога доаѓало до неодговорно вплеткување на НБРМ?

    Тогаш кога одговорни лица од неа се „збратимувале“ со неодговорни и сомнителни акционери и започнувале, од некои причини (сигурно не од сентиментални), да дуваат во свирката на нивните лични интереси, занемарувајќи го интересот на штедачите и општествената одговорност за стабилноста на системот. Да потсетам накусо. Скандалот со штедилницата ТАТ беше производ на неодговорен сопственик, манипулатор, и на неодговорно извршување на супервизиската функција на НБРМ. Најодговорниот за тој скандал „системот“ го амнестираше. Скандалот со Експорт-Импорт банката беше дело на сопственик измамник, збратимен со тогашниот премиер на Владата на Република Македонија и тогашниот гувернер на НБРМ, кои потпишале договори во интерес на акционерот измамник надвор од секаков разум, изложувајќи повеќе десетици милиони долари државни пари под неверојатен ризик.

    Како гувернер во периодот 2004-2011 година, најголемите проблеми ги имав со акционери кои добиле согласност да имаат мнозински пакет-акции во банки кои, според ниту еден здрав (законски) критериум тоа не смееле да го добијат и особено да го задржат тој статус. Да спомнам неколку примери: Јовица Стефановиќ – Нини, Македонска банка, балкански матикаша, во својата земја повеќе пати суден и осудуван; Љубисав Иванов – Ѕинго (некогашната Силекс банка), амблематична фигура на македонската мачна и матна транзиција; Драган Даравелски, некогашната Кумановска банка, еден од јадрото на најкорумпираната група на чело со Љубчо Георгиевски; главните акционери на некогашната Радо-банка, (повторно) Јовица Стевановиќ – Нини, Чедо Радомировиќ, Димитриевиќ (последниве двајца поради отсуството на финансиски капацитет и залутаност во секторот); основачот и акционерот на т.н. Руска банка, транзициски бизнисмен со презиме Смоленски, кој не сакаше од никаде да внесе капитал за докапитализација на банката, освен од Белизе (банка која служела само за трансфер на сомнителни пари). Го имавме цело време на глава и семејството Стојменови, кое постојано бараше нивната штедилница да добие статус на Банка. Но, купот документација во НБРМ, ако одговорно се чита, тоа не можеше да го дозволи.

    Сите наведени, под мое раководство на НБРМ, ги отстранивме од банкарскиот сектор на Македонија, последниот без да може штедилницата да ја трансформира во банка. Да не го сторевме тоа, во времето што настапуваше, ќе имавме серија други и зачестени хаварии во системот, нов драматичен удар врз довербата во банкарскиот сектор.

    Како наведените реагираа на отстранувањето од секторот?

    Некои од нив одмолчаа, покажаа минимална пристојност; некои организираа хајка против мене користејќи свои медиуми и медиуми платени за тоа; некои упатуваа разни, директни и индиректни закани. За жал, и акционерот од најновиов случај се труди да стане дел од последнава група, а јас не би сакал да стигне дотаму – убеден, или наводно убеден дека тој е оштетениот, а не оштетувачот на други. И, да заклучам во врска со „заговорот“: во својата историја од близу три децении, НБРМ не направила грешка кога санкционирала акционери, применувајќи го Законот, туку кога не санкционирала, а морала тоа да го направи.

    Затворена е банка што била „златна кокошка“ или „искубан петел“?

    Истовремено кога акционерот вели дека Банката била „златна кокошка“, го соопштува и следното: дека 15 години Банката не поделила дивиденда; дека семејството во неа во целиот период на нејзиното постоење вложило над 60 милиони евра, а од неа не добивал(о) ништо и дека на бившиот член на Работоводниот орган на Банката, Петковски, му рекол дека тоа така не може. Со сето тоа и јас се согласувам – бројките за отсуството на дивиденда се во сите годишни извештаи на Банката. Но, ако е така, тогаш таа, евидентно, не била „златна кокошка“, туку „искубан петел“, „липсано магаре“, или „бунар без дно“. А таквиот случај не привлекува атрактивни инвеститори, туку, некој што не е „со сите“, или нови матикаши.

    Да му кажеле на акционерот дека банката ќе биде затворена, немало да вложи 11+2,5 милиони евра за нејзина поддршка

    Јас сум сигурен дека оваа изјава на акционерот е искрена. Но, што значи таа, де факто? Во неговата банка депонентите оставиле над 70 милиони евра. Но, бидејќи вкупните средства на Банката на крајот на јуни биле прилично под обврските на Банката, поради што таа влегла во зоната на несолвентноста и поради што НБРМ, по автоматизам, морала да ѝ ја одземе дозволата за работа (по дадениот рок за пополнување на празнината), невнесувањето на наведените износи би значело дека и штедачите (физички и правни лица) и Фондот за осигурување на депозити би биле уште повеќе оштетени, а акционерот, кому му е „жал за нив“, на други сметки и во други фирми би имал плус 13,5 милиони евра. Дали е ова искрено жалење за оштетените клиенти на Банката и фер-размислување постапка?

    За негова утеха, да го информирам, пред да ја затвориме Македонска банка, од нејзиниот акционер изнудивме да вложи 15 милиони евра, кеш. Да не го направевме тоа, повеќе десетици илјади штедачи ќе останеа без своите пари, за кои мислеле дека се на сигурно, а тој во својата Србија и во Македонија ќе продолжеше да поткупува нови и нови корумпирани функционери и да живее како султан на некогашната турска империја, како сегашните арапски шеици, или како денешните нео-либерални ајкули. (А можеби од други зделки и поради други луѓе, тој, и покрај судските процеси, сѐ уште е со наведениот статус.)

    Акционерот ја прифаќа својата одговорност, но само затоа што им верувал на

    другите?

    Акционерот се самокритикува, јавно, велејќи дека е одговорен, но само затоа што „им верувал на другите“? Кој може да купи ваква евтина обланда? Тој, со неговите членови на семејството, се акционерите – апсолутната власт во Банката. Тој од 2013 година е и претседател на Надзорниот одбор на Банката. Неговиот син 10 години претседател на двата одбори за одобрување кредити – Одборот за кредитирање на населението и истиот за кредитирање на правни лица. И, на прашањето на „Фокус“, „како е можно да се подели толкава грамада лоши кредити“, акционерот дава неверојатен одговор: „Управниот одбор правеше сѐ што сакаше со кредитните одбори; си постави (Управниот одбор) луѓе кои исклучиво ги бранеа интересите на тие луѓе што се во Банката, а не на акционерите. Одлуките што ги носеа кредитните одбори (на чело со неговиот син) беа манипулирани, а начинот на манипулација е евидентен“. И, за да илустрира, вели дека „една нула ‘значи поголема загуба’“, пластично додавајќи дека: „одборот, на пример, носи одлука за кредит од 15.000 денари, со една нула тие стануваат 150.000“.

    Од ова зашеметувачко образложение, секој што го слуша може само да заклучи дека изнајмените работници од страна на акционерите ја презеле власта во Банката кревајќи Чартистичко востание, или Октомвриска револуција. И, згора на тоа, ако се знае фактот дека неговата сопствена ќерка остатокот од неколкуте милиони евра од продажбата на осигурителната компанија ги депонирала во конкурентска банка, а не во банката на сопствениот татко, односно во банката на фамилијата, тогаш нема друг заклучок дека навистина имало заговор во врска со Банката, но заговорниците биле од редовите на семејството Костовски, не од НБРМ. Играле сами против себе.

    Сепак, можел ли некој да најде спасоносно решение?

    НБРМ сигурно не. Зашто, освен лошото управување со Банката, кое, условно кажано, би можело да се „лекува“ со „воведување администрација“ во Банката, таа имала голем недостиг на капитал. Второво НБРМ не можела да ѝ го даде. Можела државата, ако било разумно. Таа, очигледно не била заинтересирана за национализација, делумна или целосна. Акционерот инсистира на двајца појавени потенцијални купувачи на Банката. Првиот, оној од Дубаи, НБРМ го тестирала. Промашување. Вториот, доцна бил стокмен, очигледно за сеење магла. Секој може да прочита безброј текстови за него колку време мамел и колку луѓе измамил во Хрватска и во БиХ. Освен тоа, каков е тој што би дал 100 милиони евра за „искубан петел“, кога со тие пари би можел да стане доминантен сопственик во една од трите најголеми банки во Македонија?

    Какви поуки нуди овој случај?

    НБРМ да продолжи ригорозно да го применува соодветното законодавство. Критериумите за тоа кој може да има банка треба да се заострат. Акционери кои самите се дискредитираат и кои немаат капацитет за поддржување банка, побрзо да се отстрануваат од оваа дејност. Критериумите за добивање согласност за членови на управните и за надзорните одбори, треба да се оддалечуваат од формалните. Во банкарството на Македонија има голем број членови на овие одбори кои немаат прочитано ниту еден член од Законот за банки, кои немаат елементарно ниту теоретско, ниту практично знаење. И, последново не е отсега, тоа е стара состојба.

    Народната банка треба да ги провери процедурите колку луѓе од неа внатре може да знаат однапред дека може да следи затворање на некоја банка. Случајот со „нашата“ Нина говори дека треба да се размисли што да се прави и со такви случајни минувачи низ државниот систем, кои, очигледно, немаат елементарен професионален и етички интегритет, вклучително и да располагаат со такви осетливи информации.

    Парламентарните партии кои се во опозиција да не сеат магла и да не шират паника, зашто и тие како граѓани ќе жнеат од таа магла. Тие го имаат Собранието, правото врз основа на Законот за Собранието и деловникот да ги повикуваат претставниците на НБРМ, на седница на соодветната комисија, отворена или затворена, и да им ги постават сите можни прашања, да ги добијат сите одговори и секако да прочитаат што пишува во законите што ги изгласале. Потоа, ако најдат каков било основ и да бараат одговорност по сите институционални канали. Да се биде составен дел од Парламентот и да се исфрлаат изјави какви што слушавме деновите од ВМРО-ДПМНЕ, се само нови докази дека големите болести на нашето општество уште долго ќе траат.

    https://plusinfo.mk/goshev-za-euros...sopstveniot-tatko-tuku-vo-konkurentska-banka/
     
  5. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Се кладам дека ќе се одолговлечи со години исплатата. Веќе каснат со рокот што го дадоа од 20 дена...помина на 2 септември мислам?
     
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Опа бато, Трифун проговори кој се перел пари преку неговата банка, а тоа најчесто биле фирми блиски до СДСМ и Заев...

    29 фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата „Сара инженеринг” која е фирма на Вице Заев, „Глобал Медиа Груп”, како и „Тритерол”, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка, изјави на денешната расправа на седницата на Собранието на Република Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

    Повеќе компании блиски до власта биле вмешани во перење пари и испумпување на средства од Еуростандард Банка, обвини Трифун Костовски – мнозински акционер во банката која пред три месеци беше турната во стечај.

    Според Костовски, директорот на банката Николче Петковски давал кредити без покритие, а испумпувал пари во компанијата „Гала Фарм“, преку која се ваделе милиони евра. Костовски додаде и дека Николче Петревски го „бркале луѓе“ затоа што без нивно знаење им ги користел сметките за да префрла и да испумпува пари од банката.

    Парите не се перени само преку струмички фирми, туку и преку скопски фирми на пример „Гала Фарм“. Пумпани се пари од 2016 година преку кредити, позајмици…“ – објасни Костовски.

    Николче Петковски правел трансакции преку сметки на луѓе и компании кои не знаеле дека ги користи нивните сметки, и уште го бркаат луѓе за тоа. А дека Николче е близок до структурите на СДСМ е апсолутно точно. Многу е близок со министерот за внатрешни работи. Зоран Заев при неговото доаѓање во Еуростандард банка, не се поздрави со мене, туку веднаш замина кај Николче Петковски.“ – заклучи Трифун Костовски.

    https://dnevninovosti.mk/trifun-kostovski-obvini-luge-na-visoki-pozicii-za-stecajot/
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Оштетени штедачи: Фирма на Игор Џамбазов земала неповратен кредит од Еуростандард банка

    Фирмата Брачна игра дооел, во сопственост и управување на Игор Џамбазов, познат шоумен во државата, е една од фирмите кои земале нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма нема платено ниту една рата 469 дена пред затворањето на банката, односно од 2019 година, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.

    Според билансите на фирмата, во годината кога е земен кредитот, фирмата немала ни приходи. Основана е во мај 2016 година, без вработени, со седиште во општина Карпош во Скопје и непаричен влог од 5 илјади евра. Во изминатите години од нејзиното основање, фирмата плива во долгови, со задолженост од околу 120 отсто. Без приходи, со меница како единствено обезбедување за земениот кредит, оваа фирма е сега кандидат за затворање како деловно неактивна, стои во информацијата.

    „Џамбазов, ја искористил својата фирма за да му биде одобрен ненаплатлив кредит, веројатно договорен со некој од раководните лица од Еуростандард банка, за да не го врати. Како е можно фирмата на овој шоумен да добие кредит само на основа на обична меница, а истата да биде презадолжена уште кога е основана, а уште повеќе и без приходи во годината кога ѝ е доделен кредитот!? Даден кредит што не може да се наплати од фирмата поради тоа што нема ни од што. Затоа, и овој наш шоумен, како и останатите сопственици на 148 фирми од извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, ќе мора да сносат одговорност за нивното помагање и соучество во овој организиран криминал и висока корупција“, велат оштетените штедачи.

    Според нив вакви и слични криминални стории за Еуростандард банка има многу. Избрани фирми што земале кредити и не платиле ниту една рата со години.

    Оваа кражба остави преку 3.000 семејства без нивните лични средства во сред пандемија и тешка економска криза“, соопштуваат од Оштетени штедачи.

    „Изминатиов период од кога почнавме јавно да го споделуваме криминалот направен преку давање кредити без почитување на кредитна политика на Еуростандард банка и воедно толерирањето на истото од страна на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзините ревизори, поранешниот сопственик Трифун Костовски комплетно се повлече и не излезе со ниту една реакција во врска со фактите коишто ги изнесовме во соопштенијата. Баш напротив, тој преку социјалните мрежи користејќи ги своите пријатели кои често се и јавни личности, преку споделување на текстови за негова поддршка како е тој прекрасен човек, филантроп и џентлмен, се обидува да ја прикрие вистината и фактите кои говорат каков човек е тој всушност“, реагираат оштетените штедачи.


    ©Makfax.com.mk

     
    На oblace1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Вака така, сите наши ѕвезди и филантропи најобични преваранти и лопови испаднаа :rofl:
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    8.728
    Пол:
    Женски
    Stanben kredit od bankava, dali nekoj znae sto ponatamu so plakanje na ratite?
     
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.754
    Стопанска Банка Битола е спремна да заврши како Еуростандард.
    И тоа многу, многу брзо
     
    На AngIv, Waverly Raven и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    A Stopanska banka _Skopje dali e vo rizichni banki?
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Различни банки се. Така да, не.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Стопанска банка Скопје на тие ,,превари" што им ги прави на своите корисници има собрано пари за уште 100 години, по лоша банка немало и не верувам да има во мк наредни 100 години, кој користел услуги од Стопанска Скопје особено кредити знае на што мислам :)
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.186
    Баш дојдов ова да го напишам. Веќе некое време се слуша дека ќе пропадне.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    И пак ќе има луѓе на кои ќе им пропаднат парите, наместо на време да си ги повлечат.
     
  16. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.186
    Па за жал да. Тие информации никој не ги споделува во јавност, за луѓето навреме да си ги повлечат средствата. Секогаш се вакви да ги наречам ''рекла кажала'' муабети.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ама кога веќе има ,,рекла кажала" муабети не треба да спијат на тоа уво дека се само шпекулации и да продолжат да чуваат пари во таа банка.
     
  18. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.186
    Така е. Кога некој има средства во банка прво не треба да си спие на тоа уво дека е безбеден, значи треба да си прати како фунционира таа банка. Друго, оној кој располага со голема сума пари треба да се распраша пред да ги стави во банка до која сума банката ги обештетува во случај на грабеж, стечај итн. И трето, никогаш не се става цела сума во една банка баш од таа причина бидејќи ти и да ставиш 50.000 евра, ако банката ти покрива 30.000, автоматски ги губиш тие 20.000.
     
    На mira.mira и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Ова не важи за Стопанска банка АД - Скопје така?
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.262
    Допаѓања:
    12.236
    Пол:
    Машки
    Не не, се работи за две различни банки.
     
    На mira.mira и S.W.A.G им се допаѓа ова.