Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пропаѓање на Еуростандард

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од The Saturdays, 12 август 2020.

  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.800
    Допаѓања:
    270.675
    Пол:
    Женски
    Многу пензионери и корисници на разни социјални трансфери беа таму.
    Која е постапката сега , за префрлање на примањата во др.банка?
    Сакам да знам со време за мајка ми да бркам работа да може навреме да земе пензија.Ваму јас бев и полномошник оти таа е слабо покретна.
     
  2. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    НБРМ има објавено соопштение за правните и физички лица корисници на Еуростандард еве линк
    http://nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-nb-fod-12082020-2.nspx
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Важно Нинка си повлекла 250000еуричи веројатно по дојава, пред 3 дена... Јеби га не се сите штедачи министри па да имаат информација од прва рука, па да спасат 220илјади евра
    Ова нешто познато ми делува ко за у време на владеење на сдс..
    Шо би рекол еден твитераш, "ако не слушнала за ТАТ, Лавци и други штедилници, мала е за тебе"
    Screenshot_20200813_005940.jpg еваа отидЕ тоортата
    Многу интересно четиво, кој не знае или не бил роден убаво да се прочита..
    https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Афера_ТАТ
     
    Последна измена: 13 август 2020
    На Veta, orevokrsacka, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Ехее дечки ,сеа далеку се отиде па и ТАТ се замеша.
    Кој е да е, и 200 денари да има, ќе си ги повлече.
    За ова што се случи се збореше уште пред една година, јас имав некое денарче таму (да не мислите дека биле којзнае тешки пари) ама ги штедиме од плата па за мене се најголеми.
    Имам пријателка која работи во НБРМ, културно се јавив, ја прашав дали да си ги собирам "трупите" од таму, ми рече дека ќе добијат дозвола за работа ама дека се не стабилни.
    Не чекав, си извадов, затворив трансакциски (зашто земаат по 25 денари месечно за осржување сметка а си ќутат па на крај 25 по 25 плус извршител ќе дојдат високи суми , а нема да знам, нема никој да ме извести).

    Не само Нина, секој кој ќе начуе, ќе си повлече.

    Ете и за друга банка одамна се збори дека е пред рокнување...
    На Орцета банката..
    Кај и да е..може не денес, ама за некое време...
     
    Последна измена: 14 август 2020
    На ohlalalala, Doozy, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Па кога ќе почнат за Нина да верглаат дека повлекла парите :D а таа министер за финансии, претприемач, е не, ќе ги остави во банка која била во фаза на пропаѓање.
     
    На PaLaVa, ohlalalala, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Ама сеа...
    Оти е Нина..
    Оти Рефа не ја спомна никој:D
    Се шалам.

    На Нина не се приватни пари туку едноставно си ја затворила сметката од Групер во таа Банка и готово.

    Сеа...да не спомнувам други имиња кои повлекле далеку поголеми суми...

    Засегната бев со случајов и сум упатена, од таму знам.
     
    На ohlalalala, Doozy, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Која е на Орце банка?
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Стопанска Банка Битола.
     
    На boomsleng, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Трагичното е што пак ќе се удри од глава на штедачи кои цел живот се мачеле за тој некој денар. Нема да ги добијат така лесно назад, ќе има тек допрва проблеми. Карактеристично е да се случуваат вакви нешта у време на сдс, не е прв пат. Па имало и заложничка драма у Кавадарци. Е не, море со пушка човек треба да им влезе.
     
    На PaLaVa, cresa-jagoda, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Фино рефке за муабетов, ама Нинка имала 250илјади а до 30илјади исплаќаат, а и не ги подигнала лани туку пред неколку дена.
    Друга работа, парите ќе се вратат колку и од ТАТ што ги вратија и Бранче и Зоче. Очигледно, и незнам зошто не ја знаеш судбината на ТАТ, баш затоа и ја споделив. Како Соња Николовска како "Жена-Менаџер на Македонија", титула добиена директно од претседателот Киро Глигоров, пропадна за неколку месеци подоцна, како со црни вреќи се вадеа пари од штедилницата, како повеќе од 100 Битолчани штедачи си го одземаа животот, и како Соња беше осудена на само 3.5г затвор од кои пола не ги одлежа.
    И ако имаш 10мин пауза, сврти низ центар, пред банката, сега поминав јас, едно 50тина не министри т.е. обични смртници кои немаат врски како Ти, на пример, чекаат во ред заедно со 10тина полицајци.
    Е, зошто??
    Пропаѓале банки, штедилници и ќе пропаѓаат,, АМА...тоа не е одлика на стабилни држави кои "Блескаат" и се на патот кон ЕУ.
    И Охридска Банка пропаѓаше, па не чувме ниедна афера ниту штета врз граѓаните-штедачи или кредитори,, а вработените си ги превзема Шпаркасе банка!
    На крајот, не се само штедачите во прашање, се работи и за вработени, соработници...итн итн.
    И на Орцета Банката...таа банка беше во голем дел сопственост на покоен Буцо Лазов. Моментот кога почина Буцо, Орце, Мијале и остала багра ја превземаа неговата сопственост и оставина што тој ја имаше таму, НО немаше никаква оштета према ниеден штедач или вработен.
    Биди поздравена
    П.С.: 250000 евра од Групер не биле на Нина? Па чив е Групер? Државен?
     
    Последна измена: 13 август 2020
    На PaLaVa, christinnn, Nade-sunrise и 10 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Пред 10 години, брат му на бившиот ми му се јави да му каже да си ги подигне парите од банка оти ќе пропаднела.
    Два дена покасно пропадна.
    Брат му само знаеше да чита вести на интернет.
    Банката беше во Швајцарија :wasntme:
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Од подигнати пари и префрлени пари во друга банка знаеш колку разлика има???
    Во кое време (пред да и се стави клуч на ванкавс) сакаш можеш колку сакаш да префрлиш во друга банка.
    А дневниот лимит е 30000 евра ЗА ВАДЕЊЕ КЕШ

    Тат беше пирамидална ШТЕДИЛНИЦА.

    Ова е БАНКА.

    Разлики има.
     
    На boomsleng и g8lQQk им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    ОК е тоа дека можеш да разбереш ден два предтоа, ама тешко дека голема сума на пари ќе извадиш од банка два дена пред пропаѓање зошто банките кај нас и онака не се ликвидни.

    За Еуростандард во право е членов погоре, кој слушнал од овој оној, повлекол на време. Сега другите може нема да завршат како ТАТ ама не верувам дека толку безболно ќе е исплаќањето.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Има разлики не викам не, но ТАТ остави 100тина самоубиства, 6000( од 13000) штедачи и ден денес неисплатени, т.е. огромни рани во банкарскиот сектор. И таман работа сега да треба 23 години наназад да се вратиме и да го почувствуваме истото....
    Пак ќе речам, зошто немаше полиција и гужви пред банките кога пропаѓаа, Охридска, Зират, Стопанска Битола и ред други банки?
    Зошто не се направи продажба на неликвидната банка?
    Зошто Трифун како еден од најуспешните бизнисмени повеќе од 30 години, врзан со сите власти, баш сега тоне. Ја продаде Еуролинк, сега банката му ја затворија.
    Ќе има многу прашања и за министри и за бизнисмени...па ќе видиме...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Охридска ја превземаа.
    И Зираат Банкаси ја превземаа.

    И за Еуростандард имаше преговори ео КБ ама ништо не испадна.

    Да не испадне дека се залагам за Нина...пиххх..и онака не ја сакам, ама ја земам како пример.

    И Македонска Банка отиде во Ликвидација која СЕУШТЕ трае...и после толку години.Се е исплатено ,ама ги собираат паритњ од оние кои и останаа доожни.
     
    На boomsleng и azelea им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.467
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како е Еуростандард банка поврзана со поштите?
     
  17. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Е така де, Ги превземаа, јас истото ти го напишав!
    Зошто и како еден од најмоќните бизнисмени во државава не успеа да ја продаде неговата банка денес во 2020та година?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Не го плаши народот. Нашиот закон од тогаш е далеку променет и постабилен. Денеска секоја банка задржува дел од парите како задолжителна резерва во НБРМ која подоцна се користи за вакви случаеви за да се исплати народот. Тоа во време на ТАТ го немавме а ни беше добра поука за да си ги смениме законите. Прочитај што е задолжителна резерва и неправи паника. Народот ќе биде исплатен до 30,000еур 100% само што познавајќи го начинот на кој што се дејствува во нашата земја сигурно ќе им треба повеќе време.
     
    На Elen4e_sonce, SandStorm, g8lQQk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    На cresa-jagoda и Ева33 им се допаѓа ова.
  20. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Слободно појди пред банката, пробиј го кордонот полиција и кажи им го ова на штедачите што од 7ипол сабајле се таму, да не се секираат. ќе им олесниш
    Јас мака немам со таа банка
     
    На tina2018 и orevokrsacka им се допаѓа ова.