Не ги губиш. Само чекаш долго време з да ти ги исплатат.Можеби наеднаш, можеби на рати. Нервозите се големи. Секој колку и да има вишок пари си ги сака на сигурно.
Да. Макар што банката е крш поодамна, сега заради Камчев и актуелните случувања ќе ја срозат. Така да...подигајте што имате.
Стопанска банка - Скопје битно нема да пропадне, така? Поврзани се според банкараската полиса веројатно, затоа прашувам.
Линк. Линк. И велите ќе пропаѓала... .ама Камчев у притвор? -.. И пред 2 години беше у притвор и ништо не се деси... Ако пропаѓаа вака банките судејќи по рекла-казала муабет во мкд ќе немаше банки...Во последните година дена сите банки испропаѓаа апропо чаршиските муабети.
Абе и за Еуростандард кој ќе речеше дека ќе пропадне. Ама пропадна. Така да, за други банки не сум слушнала ,,чаршиски муабети", ама за Стопанска-Битола се збори. А кај што има чад, има и оган.
За битолската одамна се збори, не е ни тајна дека слабо работи. Сега ова плус со Камчев ако е негова. Не велам дека се сигурни информации, можда се само муабети пуштени баш заради тоа што тој е во притвор. Но, не е на одмет луѓето да си пратат ситуација.
Сакаш да кажеш дека не си сигурна дека СБ Битола е на Камчев, ама јавна тајна била дека слабо работела? Линк нешто од тврдењава дека слабо работела, поштонекој пред тебе стави линк дека со добивка работела. И доста веќе не ширете шпекулации за пропаѓање на банкиве аман, луѓе се плашат, вадат пари, и после пропаднала, па ќе пропадне. Настрана од тоа, не чувам пари во СБ Битола, али банка ко банка, лихвар, Господ здравје да им даде на банкиве, да не беа они ќе живееше народов со мајки и свекрви.
А па финансискиве извештаји на банките во РСМ што се за верување. Повеќе верувам на иван исцелител јас
Па еве јас на моиве дома им реков да ги повлечат парите тие ми велат рекла казла муабети се им велам и да се да сме на сигурно, а не вака да ни пропаднат сите пари се изнервирав денес многу,не ме послушаа.
Со банка ако нешто не е во ред, се гледа по тоа што период од повеќе месеци не може да кредитира,тогаш значи има нешто. А шпекулациите и дезинформациите се лоша работа за секоја банка.
Муабетите кои се шират за затварање, уствари се ради дивидендата кои треба да ја добијат акционерите, поради тоа е ваквото натегање. Линк.
Вакви шпекулации предизвикуваат паники кај луѓето и сите ако одат да си ги подигнат парите, нормално банката ќе пропадне. На страната на НБРМ има финансиски показатели за работењето на банките таму може да се види, не знам како е за помалите банки за да кажам нешто за конкретнава банка, ама вакви шпекулации можат само хаос да направат.
Да, еве Ние збориме за Стопанска-Битола, ти збориш и ставаш некаков си линк за Стопанска-Скопје, што нема никаква врска со Стопанска -Битола.
Шпекулација беше и за ЕС Банка, се додека не извисија луѓето. Бежовска кога ќе објави и кога веста ќе биде кажана од нејзина уста, ќе виде доцна.
Тамам работа банка да објави дека пропаѓа, па сите парите да си ги повлечат Секогаш од шпекулации доаѓаат вестите за пропаѓање на банките.