Мене искрено не ми до толку страв од пропаѓање на самите банки, туку од банкрот на "ДРЖАВАТА" и заробување на депозитите од страна на самата "ДРЖАВА".
Јас ви зборев и за двете банки, целата фама се дигна за Стопанска ад Скопје, поради дивидендата, а не затварање како што се ширеа дезинформации, а овде некој и логоата ги меша па чисто да биде јасно. Секое чудо за три дена, и ова ќе трае кратко и после ќе спласне чаршискиот муабет и ќе си продолжат да функционират банките. Патем, сопругот на гувернерката работи во Стопанса ад Битола, сигурно нема да го остави на улица.
Па ова не е никаква сигурност. Зашто ако пропадне банката ќе го префрли во друга банка, сигурно нема да го остави на улица.
Иронично напишав, не е ни сигурност дека банката ќе пропадне како што тврдите, туку само ги глорифицирате небулозите, наместо да се повикате на релевантни извори и извештаи, секако и практиката како работи една банка и кога е знак дека банката има проблеми. Лошо е кога се сее страв и параноја за вака осетливи работи. Затоа што од ништо се прави нешто. Но, живи били па видели.
слушнав и јас шекилации ...незнам штом се расчул мубатот, каде има жар има и оган... има ли некој инфо од сигурен човек
СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА И МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Почитувани, Ве известуваме дека беше одржан работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка. Состанокот беше во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина. Во продолжение е заедничко соопштение за јавноста: Поаѓајќи од значењето што го има банкарскиот сектор за секоја економија, а и за општеството во целина, тој преставува најрегулираниот дел од економското живеење. Поради ваквата поставеност и значење на банкарскиот сектор во нашата економија, во трите децении независност, овој сектор ја игра водечката улога во одржувањето на вкупната макроекономска стабилност во земјата, стекнувајќи притоа доверба од нашите граѓани и компании. Како и во годините досега, така и денес, банкарскиот сектор го преставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото наше општество. Истовремено, живееме во време кога новите технологии и интернетот даваат многу можности, но за жал во голема мера се користат и за ширење лаги и дезинформации коишто ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети. Со овие предизвици се соочува и нашето општество. Затоа, Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) уште еднаш сакаат да укажат на потребата од високо ниво на внимателност кога се работи за информации коишто се однесуваат на банките и штедилниците. Тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации. За таа цел, ги повикуваме медиумите секогаш, пред да објават каква било информација поврзана со банките, штедилниците и банкарскиот сектор, да ја проверат од релевантни извори, за да можат да им ја пренесат вистинската слика на граѓаните и на економските субјекти. Исто така, апелираме до граѓаните и економските субјекти мошне внимателно да ги проверуваат информациите коишто излегуваат во јавноста поврзани со банките и штедилниците, бидејќи не е во прилог на јавниот интерес создавање какви било избрзани реакции коишто покрај тоа што го одземаат времето, создаваат и дополнителни трошоци. Злонамерни појави на ширење шпекулации и неточни информации имало и ќе има, а вообичаено се пласирани од личности кои покрај тоа што не водат сметка за својата одговорност, пред сѐ поради кратковидоста на своите лични интереси, не ги земаат предвид далекусежните влијанија на тие невистини врз јавноста и врз општеството во целина. Затоа сакаме да апелираме до граѓаните и компаниите коишто имаат какви било прашања отворено да ѝ ги поставуваат на својата банка, на МБА или на Народната банка. Исто така, бидејќи банките се транспаренти економски субјекти, тие се обврзани и редовно објавуваат повеќе податоци за своето работење, коишто може и треба да се следат од сите заинтересирани граѓани и компании. Само на тој начин може да се заштитиме од пласираните невистини и да донесеме основана одлука за банката со која се соработува. Превземено од Народна Банка.
Море чим вреснаа и се исплашија толку од овие постови на фемина, дефинитивно има нешто сомнително. Па и соопбштенија на нбрсм ццц...