Никаде банките не се ликвидни. Сите тргуваат со пари што ги немаат, се е тоа на илузија и проценка дека нема сите во исто време да си ги извадат парите. За Нина не знам дали ги извадила два дена пред тоа, не сум чула ни видела. Тат е пирамидална шема која исчезна преку ноќ, Еуростандард е банка која веќе цела година има ограничување за работа од НБРМ. I'll give her the benefit of the doubt дека како што кажа, одамна си ги извадила парите, а не пред 2 дена. Треба ептен да си глуп да чекаш последниот ден да ги извадиш парите од банка која активно пропаѓа. Да ја сакам Нина, ич не ја сакам. Групер работат на минималец со додаток на плата под рака, во плико де... значи како прво таа не исплаќа целосно даноци на државата на која е министер за финансии. Плус што е кукла само таму и нема појма ни што се случува, нити има право на глас. Сите одлуки во врска со тоа министерство од партија идат, таа е само таму да биде убава. Сето тоа на страна, пак ќе речам, толку глупа не може да е да не ги извади парите пред време. Зошто нема ни 1000 луѓе со влог над 30000 евра? Оти сите што имале си ги извадиле, и тоа почнале уште кога НБРМ ги ставила ограничувањата. Во таа една година, Еуростандард отишла 15 милиона евра во минус. Во споредба со тие, што се 250 илјадите на Нина? И сигурно верувате дека сите јајца во една кошница си ги ставила, и тоа баш во Еуростандард? Мда...
Ама банката е под клуч. Мора да се утврди СЕ по процедура па да почне исплата. Еве на форумов има банкари, може да ти објаснат се по ред.
Трифун Костовски: „Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија. Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме. Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата“, вели сопственикот на банката . „Практично, ние имавме забрана за работа од НБМ. Како во тој случај да се подобри состојбата. Исто така, НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката. Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски. За докапитализацијата рече дека таа била од пари на семејството, односно од средства на нивни фирми. „Тоа се нови десет милиони евра кои што се влезени. А најверојатно, можно е уште да ја докапитализираме, бидејќи имаме намера да ја зголемиме и активноста на банката уште со некои додатни пет до десет милиони евра, што ќе ја стави во редот на силните средни банки, со тенденција да порасне и понатаму“ Зошто пропадна можната зделка односно продажба на Комерцијална банка, Костовски тоа го образложи дека двете банки не се нашле во преговарањето на условите. По ова, и Комерцијална банка ја извести јавноста дека почетните разговори се прекинати, поради, како што рекоа, очигледните разлики во вреднувањето. Тогаш од таа банка информираа и дека „одобриле кредит од 10 милиони евра на компанијата на бизнисменот Трифун Костовски“. Оттаму додадоа и дека овој кредит ќе биде обезбеден со залог над акции од Еуролинк осигурување.
Со пошта ништо. Тоа си е јавно претпријатие ЈАВНО ПРЕТПИЈАТИЕ Пошта на Република Северна Македонија. Тие беа депонент на ЕуроС банка, денес ќе го сменат депонентот и толку.Депонент се менува за неполни 5 минути.
Вчера правев некои уплати во пошта. Сто години вака немам плаќано, ама вчера како ѓавол да ме натера некој. Ќе има некој проблем? Има некој некаква инфомација?
Најверојатно исплаќањата ќе се префрлат колективно во друга банка, претпоставувам... Пример, кога пропадна македонска банка пензионерите ги префрлија во стопанска ад скопје.
А да, не ми беше за Нина поентата. Немам средства во Еуростандард, не сум засегната лично, само сум била во ситуација да вадам поголема сума на пари од друга банка, ми требаше целата заштеда во моментот, и знам кои патештествија се за да извадиш нешто поголема сума, не ни зборувам за над 30000 евра. И повеќе од неколку дена требаше за да може сето тоа да се организира, а и многу нерви, закажувања, префрлања по централи и слично. На тоа мислев. За другово со "големциве" не ни навлегувам, не гледам што да дискутираме, само ќе се нервирам кај живееме
Дај од заштедата Да, секое вадење над одредена сума се договара, ама луѓе кои имаат огромни суми на пари имаат и личен банкар. Тие ни во банки не се мешаат со „обични смртници“
Отиде шмрк шмрк Ааа зошто немав приватен банкар, дали ја пропуштив шансата да бидам од големото добро утро? Иначе овие имаа проблем што немаа доволно кеш во моментот, јас сум во друг град, имале само во централа, па лично во Скопје идење и слично Ти викам не беше ни некоја голема сума ни приближно 30000 евра пример, ама немаа
За сума над 5000 евра по новиот Закон, мора да е известена НБРМ и ФИНПОЛ,тие по брза постапка истражуваат потекло на пари. До пред теи години беа 10000 евра, сега се 5
Преку предходната работа таму имавме сите трансакциски во Еуростандард и последните плати ги оставав, не ги извадив.. Не е кизне каква сума на пари, ама за мене е, се надевам дека ќе ги исплатат....се секирам. Пишувате дека година уназад се зборувало за припаѓање на банката, јас немав слушнато...
До 20.000е веројатно ќе бидат вратени барем така тврдат, ама со многу процедури и мачење, нерви, време,можеби со месеци. Моето семејство изгуби 15.000е во ТАТ, денар е**н не видовме од тие пари покрај сите тортури, закони, судови. Моите ги штедеа за стан. Сепак ќе ви речам не се надевајте премногу дека ќе ви бидат така лесно вратени.
Гладна кокошка, просо сонува... Го купуваат припрост и сиромашен народ со 100 евра картички пред избори, исто така добиени со позајмици од ЕУ, кои ќе треба да се враќаат во иднина, а од друга страна поскапуваат 7.5% струја, одредени банки неликвидни и пропаѓаат, огромна буџетска дупка и дефицит, распадната економија со скоро никаков раст и население кое живее во најголемата можна апатија. Многу ме интересира што ќе се случува после септември кога се најавува економска криза дури поголема од таа во 2008.
Кредитот ќе си го вратиш како попче. Ама ако имаш за земање депозит, е тогаш ...мало сутра Се шалам. Крадитите на Еуростандард банка ги превзема Комерцијална. Такво инфо добив Се занимавам со вакви работи па од таму знам. @Abracadaver е што има врска тоа што го пиша во постот со темата?!