Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пропаѓање на Еуростандард

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од The Saturdays, 12 август 2020.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Вие да не и дојавивте на Нина Групер да си ги подигне 200 000 евра пред 2 дена? :D
     
  2. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Значи друга банка ги зима кредитите за да се отплатат за да не се собираат камати.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl и referentka им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Зошто да и дојавиме кога таа сама си знае, во таа бранша е:)
    Ехее колку подигнале и по високи суми па никому-ништо.
    Нејзини се, што сака тоа нека си прави.
    Не ми ги зеде мене од џеб па упорно да трубам.
    Таму е, слуша, гледа и си префрлила ете.
    Остај Нина...глеј за народот ако знаеш некој корисен совет пиши овде.
    Од пљукања и разни Нини нема фајде.

    @Lima24 да.
    Јас веќе добив службени дописи , претпоставувам на сите кои имаат сметки таму ќе им стаса писмо.

    Еве нешто, можеби на некогое му значи
    https://sdk.mk/index.php/naslovna/o...-dena-veli-fondot-za-osiguruvane-na-depoziti/
     
    На boomsleng, Ahoy, g8lQQk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    168
    Најпрво, се обештетуваат депозитите на физички лица до 30.000 евра. Тие што имаат суми над овој износ се намируваат од стечајната маса.
    Депозитите на правните лица не се осигурани, што значи истите одат директно без пријавување како побарувања од стечајна маса.
    Друго прашање е колкав ќе биде износот на стечајната маса и дали сите ќе можат да се намират.

    Во врска со Македонска пошта. Значи МП се Акционерско друштво во државна сопственост (не се Јавно претпријатие подолги години) и нема никаква врска со Еуростандард банка. Меѓутоа МП имаше своја банка Поштенска банка, која беше купена пред 5/6 години од страна на Еуростандард банка, дел од договорот беше Еуростандард банка да го користи шалтерскиот систем и трезорот на Македонски пошти за свои потреби. Така да Македонска пошта нема да е засегната од пропаѓањето на Еуростандар банка бидејќи тоа се две различни правни лица.
     
    На tina2018, GirlRose, ohlalalala и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Па не би рекол баш, кога во случајов Нинка не е министер туку странка-клиент во банката..

    Оддавање и неовластено прибавување деловна тајна Член 281 (1)
    Тој што на неповикано лице ќе му соопшти, ќе му предаде или на друг начин ќе му ги направи достапни податоците што со закон се прогласени за деловна тајна, како и тој што прибавува вакви податоци со намера да ги предаде на неповикано лице, ќе се казни со затвор од една до пет години. (2)Тој што на неповикано лице ќе му соопшти, ќе му предаде или на друг начин ќе му ги направи достапни податоците што со пропис или со одлука на надлежен орган на управување се прогласени за деловна тајна, ако оддавањето на овие податоци предизвикало или можело да предизвика потешки штетни последици, како и тој што прибавува вакви податоци со намера да ги предаде на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. (3)Ако податоците од ставовите 1 и 2 се од особена важност или ако оддавањето, односно прибавувањето на податоците е извршено заради нивно изнесување во странство или ако сторителот примил поткуп, ќе се казни со затвор од една до десет години.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали затекнатите заглавени средства на трансакциските сметки во банката се сметаат како депозити и треба да ја следам таа постапка за да си ги добијам парите? Или пак можеби за нив ќе има некое одделно решение?
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Можеме до недоглед да се препираме.
    Како странка ли, како министер , шо е важно?!
    Баш ме заболе за нејзините пари,.ама и незнам зошто се трудиш околу неа?!
    Нејзини средства, нејзино гајле.
    За Банкава дека тоне се знаеше од лани летото зашто имаа лиценца до 31.12.2019.Тоа не се тајни информации, јавни се.
    Кога се натегаа за лиценца и кога се преговараше со Хари дали би ги превзел пак по медиуми имаше.
    Е сеа...да имам 200 000 евра, да слушам вакви информации, нормално дека нема да бидам глупак да ги оставам парите таму.

    Незнам уствари што се обидуваш да покажеш...дали Нина е крива за колапсот на ЕСБ или....???
    Нејзини пари, нејзина работа !
     
    На ohlalalala, Doozy, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  8. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Нит сум банкар нит се разбирам многу многу, ама кога би имала толку пари никогаш не би ги ставила во такви аматерски банки кои работат со домашен капитал од типот Еуростандард банка, Стопанска Битола, ТТК и уште некои анонимуси е баш од оваа причина. Воопшто не им верувам на овие бизнисмени од типот на Трифун кои го разграбаа државниот имот, кои лапаа во време на транзиција и не донесоа до ова дереџе. Тек смо почели работава, не очекува огромна светска криза, Господ нека ни е на помош. Оние што се разбираат во економија и бизнис може ќе се спасат, останатите гуд лак.
     
    На Mikha4, PaLaVa, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    А во државата кои се надлежни органи на управување кои меѓусебе соработуваат кога се работи за економијата на државата? Дали се тоа министерството за финансии и НБРМ? Нина е министерка за финансии, НБРМ го известува министерството за финанси за донесената одлука затоа што таа влијае на економијата на државата. Значи Нина и ова и онака ќе знаела прва. Ова нема врска со законот за издавање на деловни тајни. Доколку Нина тоа го кажала на некој трет е тек тогаш имаш издавање на деловна тајна.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  10. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Нина делувала како клиент со свои пари од приватна своја фирма!
    Ако не ја суди некој сега, ќе дојде време ќе се отвори случајот.
    Сигурно Виски-Обвинителство во овој момент нема истрага да отвори.
    Ама се мењаат времињата..
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Зошто Нина и останати што ги извадиле средствата последниов месец дена, не ги извадиле претходната 2019та година кога знаеле дека банката пропаѓа??
    И нејзинии пари нејзина работа кога ќе биде обичен граѓанин, а не министер што зема плата од народни пари и како МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ директно може да влијае во банкарскиот сектор!
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Сега и дошло јајцето на газот затоа, ја тупите многу. Како ваши да се парите, шо сака тоа ќе прави, и ти да си бил на нејзино место ќе си ги извадил парите.

    Инаку јас немам заштеди во банкава па не ме засегнува многу. Како и да е не верувам дека некој ќе си ги добие парите над 30.000€ а кредитите ќе се вратат.
     
    На ohlalalala, Ahoy, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Стварно ги извадила последните месец дена? :?:
    Па 2 месеца е веќе решението од гувернерката потпишано...
    Озбилно е толку глупа?
     
  14. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    168
    Ги имаш помешано работите. Членот на кој се повикуваш не се однесува на Нина туку на службено лице кое евентуално би оддало деловна тајна. Што е деловна тајна се определува со други прописи. Во конкретниов случај стечајот влегува во деловна тајна.
    Меѓутоа Нина не го сторува кривичното дело, ниту пак повредува било која друга законска норма. Затоа не ми е јасно зошто бараш постапување на ОЈО против Нина. Пак викам...ако има одговорност за оддавање на деловна тајна таа е на страната на службеното лице, не на страната на клиентот.
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  15. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Ивини ама Таа е Државен Службеник избран со политичка одлука на позиција раководење на Финансиски сектор на ниво на цела држава и е под посебна морална и кривична одговорност.
    Јас, ти и други немаме ниту надзор, ниту влијание во банкарскиот сектор!
     
  16. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Нина може да биде обвинета како соучесник, т.е. како лице кое ја добило службената тајна и ја искористило во остварување на свои потреби!
     
  17. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Ама пак е клиент во банката, нема врска нејзината професија. Ако парите се нејзини тогаш може да прави и да ги носи кај сака. Ако има нешто што направила против законот тогаш нека ја судат а вака не гледам причина.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Се моли антизападниот Мицкоски да излезе и да каже кој стои зад пропаѓањето Еуростандард банка.

    Оти западниот Зеко го боли стапО.

    ;) ;) ;)
     
  19. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Апсолутно има врска нејзината професија! Кој е над неа во финансиски сектор во државава?
    Тоа значи дека во иднина секој кој располага со приватни бизниси треба да му се замрзнат се додека не заврши со обавување на државна функција.
    Не велам дека е виновна, НО дека постојат индикации за сторени еден куп кривични дела и те како.
    Да сум во Обвинителство ќе знаев како да постапам, вака ќе чекаме некој да разреши дилемата, и нека докаже дека нема никаков криминал.
    И да, секое лице е невино додека не се докаже спротивното!
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    168
    Хахахах како ова?!

    Не, не грешка си, погрешно го толкуваш законот. Нема одговорност на страната на клиентот.
    Стави се ти на тоа место. Добиваш инфо, си ги вадиш парите кои се твои легални, оданочени, и после оп кривична одговорност. По кој член, по кој закон?
     
    На referentka и Lima24 им се допаѓа ова.