Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пропаѓање на Еуростандард

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од The Saturdays, 12 август 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Искрено повеќе ми е жал за оние што евај преживуваат ден за ден и немаат пристап до своите пари моментално, за пензионерите што може немаат за леб да си купат денес, отколку за оние што обезбедиле за 5 поколенија и имаат заштеди уште во 10 други банки. Ама што знам јас, ваљда модерно е само за најбогатите да се мисли.
     
    На Mikha4, PaLaVa, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.
  2. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Еве и од анкетниот лист што го има приложено, значи вистина е дека имала пари во банката. Само не е познато кога ги има префрлено парите во друга банка.

    И самата во соопштението не ни демантира дека не е така, туку вели да истражат новинарите кога ги повлекла парите.

    П. С. Кога има стапено во брак? :?:

    Screenshot_20200813_130848_com.android.chrome.jpg Screenshot_20200813_131001_com.android.chrome.jpg
     
    На Laufinam и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  3. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Најискрено, сите знаеме дека банките до одредена сума можат да ви гарантираат враќање на сумата. Тоа е политика на секоја банка, само секоја банка има различна сума на враќање. Така мислам дека е во цел свет. Инаку до сеа сите ќе беа богаташи со 500 мил на сметка.
     
  4. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Не, еве признавам за ова си во право!
    Колку ли само бизниси пропаднаа годинава, што стари што новоотворени, од државата помош во трошки!
    Тоа е само уште еден доказ дека ваквите министри "ставени само за потписи убавина " ( а убава си е ,признавам) нема спас за овој народ во нормална ситуација не пак во ваква економска светска криза каде треба да бидат вклучени најголемите економисти експерти а не деца бизнисмени или бизнисменчиња кои во време на режим од гледна точка на опозиција се стекнаа со богатство во милијарди!
     
    На PaLaVa, tina2018 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не се стекна она сега со овој имот татко и беше нарко бос на Балканот под рака со Шутурков. Она само ја продолжи фамилијарната традиција. Само сега на "поштен" начин, елегантно од фотеља, а не од подземјето...преку глава ми е од вакви "министерки" и ебаа мајката на "Нашата татковина" , ми иде усвет да фатам и да не се свртам
     
    На PaLaVa, christinnn, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Вистина е ова дека не може во пошта сметки да се плаќаат?
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Да.
    Сега директорот Ејупи на вести имаше изјава
     
    На Lima24, cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми.

    Тоа значи дека не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и социјална помош.

    Сè додека не се избере друга банка со која ќе соработуваат за вршење платен промет, услугите ќе бидат блокирани. Рустеми не знаеше да одговори кога ќе се изнајде решение и кога ќе се потпише нов договор.

    „Од денеска, поради неработењето на Еуростандард банка, на шалтерите на ‘Пошта’ не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош, други банкарски услуги и безготовински платен промет за депонентите од Еуростандард банка. Сите овие услуги ‘Пошта’ во својата мрежа ги обезбедува во име на Еуростандард банка и за нив наплаќа соодветен надоместок“, посочи Рустеми.

    Според него, во првите шест месеци во 2020 година ‘Пошта’ обезбедила 110 милиони денари само од услугите што од денес не може да ги обезбеди, што е 19,4 отсто од вкупните остварени приходи.

    „Во услови на пандемија, ова беа значајни приходи за ‘Пошта’ бидејќи здравствената криза придонесе и за огромен пад на приходите за поштенските услуги. Најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај. Над 870 вработени во ‘Пошта’, целосно или делумно, извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот од наведените финансиски услуги обезбедува плата за речиси 560 вработени во ‘Пошта’. Изразувам жалење за настанатата ситуација до сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги, со кои имавме одлична соработка во делот на наплата на нивните сметки или фактури“, додаде Рустеми.

    Сега ‘Пошта’ бара спас од Владата како основач и Народната банка како регулартор на нивните услуги.

    Макфакс
     
    На SandStorm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Крмзов и Минка само кон овие две струмички фирми (едната блиска до заев, другата до дпмне) банката беше кредитно изложена со 75% (повеќе отколку што треба) + додаваш и кредитот од комерцијална. Овие извештаи се заклучно со 2018.
     
    Последна измена: 13 август 2020
  10. KajaVN

    KajaVN Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Me interesira da ne znae nekoj kolku trae celata taa postapka na stecaj na banka, potocno me interesira koga bi izjavile kolku e stecajnata masa i dali ke ima sredstva za isplata na ostatokot od depozitite na fizicki lica sto nadminuvaat 30000evra.

    Znam deka imalo nekolku drugi banki sto istotaka pominale niz ovaa procedura na stecaj, pa ako nekoj ima informacija sto se slucilo so pogolemite depoziti na fizicki lica t.e dali bile isplateni vo celost ili delumno, koj procent itn.

    Ili ako znaete nekoj stecaen upravitel kogo mozam da go prasam kako odat ovie raboti za da znam sto me ocekuva naredniov period.

    Fala Vi.
     
    На Hurikanke20 и Laufinam им се допаѓа ова.
  11. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    За споредба, за ТАТ сеуште постои стечајна маса и управник.
    ТАТ беше 1997.
    Се надевам си во добро здравје и витални години.:)
     
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Кажаа на вести 30 дена ќе траела стечајна постапка, инаку не се разбирам во ова.
     
  13. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Господ знае дали и овие до 30к ќе бидат обесштетени со оглед на тоа што и државниот буџет е празен.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    попатно, од имотниот попис нина групер имала брачен другар кој по се изгледа е моторџија....
    дали и тој беснее ноќно време по скопје?
    (ценам по тоа да бе-ем-ве од 2020 год. за 13.000 еур може само да е мотор)

    а за движење на парите, ако ги извлекла парите откако народна банка ја ставиле еуростандард под посебна контрола пред 1 год., тогаш навистина делува сомнително да имала информација... такви мерки не се баш нешто што банките јавно рекламираат, а таа би знаела посекако по службена должност...
     
    На tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Луѓе тешко на народот. Тешко на тие што штеделе и имале пари таму. Којзнае дали ќе им вратат пари воопшто. Јас од стечајна маса, две плати чекав година и пол, а придонеси за тој период не плати стечајниот, немало пари од продаденото. Не се зезајте. Имале за пет поколенија? Како тоа? Ако имаш над 30.000 евра имаш за 5 поколенија? Па што ќе купиш со тие пари во Скопје? За стан, за некоја стара гарсоњера е тоа доволно или можеби и не. Луѓе рмбаат во странство, да грицкаат после оти од овие овдешни плати се живее од 1 до 15 во месецот, а сега кога ќе им ги снема парите, гајле им е на сите. Абе одговорност.

    Кога слушнав вчера, си реков јас да имам пари, па барем ќе купам недвижен имот, а не да отидат парите во ветер.
     
    На Laufinam, tina2018, diff и 2 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Каква е таа посебна контрола?!
    Сите кои имаат пари отприлика знаеја дека има лиценца за работа до 31.12.2019.
    Еве јас немам врска со банката па знаев од рекла-казала.
    Имаше во ФОКУС четири страни со Трифун и со проблемот.
    Кој што има СУМА во банката, си знаеше и си повлекуваше пари без-шумно.

    Темава е Нина или Еуростандард, ама стварно незнам.

    Тој што има многу пари, си распоредува во секоја банка пп 30000 евра коллу што е законсла гаранција да исплати банката.
    Па и во стаански банки чуваат пари.
     
    На Doozy, azelea, Lima24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Јас мислев дека завршија времињата кога пропаѓаа банки, а луѓето остануваа без пари, за Македонија зборувам. Мислев дека сценарио ТАТ нема да се повтори. Ме растажи веста иако немам врска со банката.
     
    На Роберт 7, cresa-jagoda и Laufinam им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Од ТАТ до сега и Закони се сменети.
    Плус ТАТ беше штедилница.

    Оно, ова беше намерно обезвреднување на ЕСБ за да може Хсри да ја купи за беспари.На сите кои го следеа текот на настаните им беше јасно.

    Сеа Стопанска Битола е на ред.
     
    На Doozy, azelea, Nade-sunrise и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    ТАТ нели било буквално кражба, а не стечај/банкрот?
    За ТАТ знам преку ноќ ги снемало парите. ЕС пропаѓале со месеци, ама се криело.:?:
     
    На Laufinam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Koja e на Oрце? Охридска? Јас со Тутунска и Комерцијална си имам работа, ама немам голема заштеда.