А сега откако излегоа муабети за Стопанска Битола, одма на вести да не се ширеле муабети. На народов кај плати не зимаат уште и ова фалеше, од шо ќе живееме со кризата шо иде еве не знам. Господ само нека ни е на помош.
Тат била пирамидална шема, башка со огромни камати за влогови, на начин што се обезбедуваат од следниот штедач.Секој со малку познавање од економија знае дека ваквите структури не се за долг рок, едино ќар имаат основачите(најгоре во пирамидата) во денешно време вакви се Лајонес, Кешбек и сл... Јас ко што знам ТАТ има и официјално банкротирано, а во меѓувреме којшто и како крадел е друго. Инаку да, не може да се споредува со банка.
До сега е во добра кондиција и ги исполнува минималните услови пропишани од НБРМ;и нема ограничувања на финансиските активности или да има изречено некоја забрана од гувернерот.
Затоа треба да се следи и да се информира човек постојано. Во земјава ваква каква ни е, треба за сѐ да си во тек, инаку тешко ти се пишува. А за ТАТ се сложувам, народот се затрча по високите камати, без да стави прст на чело, ама лековерен народ уште има - и тоа чудо едно.
Како бе сите знаеја? Може, тие што се во банкарскиот сектор претпоставуваа, ама обичниот граѓанин сигурно не. Исто како што многумина се чудат за Стопанска Битола, Уни и сл. Еве ја појма немав, зошто има луѓе што не се замараат со политика па не пратат вести, нити тв. Туку што правиме со 35 илјади пензионери што таму земале пензии. Сега додека се префрлат во друга банка ќе помине еден месец, нареден месец пензија ќе нема, а поголемиот дел живеат со парите од 1ви до 1ви. А оние што ставиле над 30000€ огромна сума во една банка ич не ги жалам, ај што пари имаат ама мозок немаат.
Точно. Има народ што ништо не следи. Па секој ли обичен граѓанин има инсајдерски информации кога ќе пропадне банка? Сите ли треба да сме експерти по економија. Наше е да работиме, штедиме, а друг да гарантира за парите. И банките се недоговорни. За можности за кредити, нон стоп стигаат мејлови, а тоа што сум отворила книшка кога каматата била 4.3 отсто, а сега е 1.1, никој не ме информирал. Еве со месеци, кога одам да дополнувам на секои 3 месеци, не ја внесуваат каматата, колку и да е. Не знам зошто? Да не чекаат година да помине, па да пресметаат.
Кој сака да знае, ќе разбере. И јас не сум банкараки сектор ама си следам трендови. Е сеа...што ќе прават?? Нека слушаат и читаат, на сите.медиуми се збори.
И после оти народот чувал уште пари под перница, дома. Боже ме сачувај. Нина ја даваа и на вести, браво за неа.
посебна контрола во смисол на строги мерки, како што вели газдата трифун: https://faktor.mk/kostovski-za-fakt...-a-ne-da-dozaglavime-so-ushte-15-milioni-evra ако лаже тој и јас прелажувам... нина групер се спомнува во смисол на сомнителна за злоупотреба... ...ако знаела дека оди кон пропаст банката и ги повлекла парите и ѝ дозволиле да ги повлечи... па, ако не, нека се жртвува и таа ако веќе сите мора да ја делат истата судбина... ... нели “животот“ треба да е за сите исто! ако веќе доаѓаат финансиски кризи, нека се направи како во кипар, на сите им скинаа 10% од банкарските депозити и готово. но, подобро тоа кај нас само да им се скине на богатите над одредени суми, не на сите нас обични смртници.
И во банка и под перница може да ти ги украдат во Македонија, и никому ништо. Мило ми е ако ја гонат Нина. Ако знаела, сигурно требала да преземе друг потег како министер. Деца, прифаќаат да бидат министри, мислат лесно е.
А што да правиме во ситуација ако знаеме дека банката ќе пропадне/банкротира за некое време а имаме кредити во таа банка?
Мислам дека се префрлаат во друга банка. Пишуваше и дека во Пошта нема да може да се плаќаат сметки додека не ги преземе друга банка.
Ништо. Ќе продолжиш да отплаќаш , но кредитните обврски ги превзема друга банка, ќе те известат и ќе ти мигрира долгот во таа банка. Ништо страшно. И онака ќе плаќаш рата со камата, што е битно во која банка.
Мајка ми е корисник на услуги на М.Пошта за исплата на пензија.Сега треба во друга банка да се отвори сметка? И како да се извести Фондот за тоа?
Треба да си изберете Банка во која сака мајката да ја зема пензијата и да напишете писмо до неа, најдоцна до 21.08.2020 (обавезно копија од трансакциска од пошта, копија Л.К.) Потоа Банките имаат должност да го известат Фондот за ПИОМ за промените кои ќе следат. Е сега, М.Пошта не се спомнува никаде, таа во моментов е блокирана заради тоа што работеа со Еуростандард Банка и потребни се неколку дена да средат сметки и да се префрлат во друга банка, ама мој искрен совет е - бегај од таму, оди си во друга Банка.
Од вчера е објавата https://faktor.mk/dosie-eurostandar...na-vrata-na-edna-mala-moderna-i-nadezna-banka