слушнав пред некој ден за ова ама незнам како се мерат пропорции каде поточно се става метрото за шиење за да се измери? вие колкави пропорции имате, колку е нормално?
За да се измери метрото се става околу колковите, половината и градите.Колку што знам, на тој начин може да си видиш колку се пропорциите.Инаку, моите пропорции се, колкови 90, половина 70, гради 85.А за нормално или идеално, мислам дека е како што кажа членката пред мене
мислам дека 90-60-90 беа идеални али по новите истражувања докажаа дека тоа е многу малку, незнам дали сум во право моите пропорции се 95-70-95
Јас не можам точно да се измерам Долу еднаш 90, еднаш 93 ми испаѓа во зависност дали кај карлицата или подолу мерам. (пред еден месец- два мислев дека сум 94/95 -.- ). Половината ми е 60, а горе сум 85 Отприлика
па мислам дека метрото го поставуваш каде што ти се најшироки колковите пример,таа бројка шо е најголема таа е точната ..барем јас така мислам иначе и јас баш се мислев за ова пред некој ден.
Моите пропорции се 85-75-99 Си ја имам позадината И јас колку што знам се мерат градите, половината (кај пупакот) и колковите каде што се најшироки
Море јас г‘зот си го мерам кај што ми е најиспапчен и си се радувам. Тоа е мојата пропорција, само неа си ја важам (мошне сериозна сум инаку..)
За тинејџери нема конкретни пропорции бидејќи телото сеуште се развива. 90-60-90 е за девојќи кои ја надминале фазата на растење. А моите пропорции се 86-59-90. Само градиве уште ми растат. Уште 4 сантиметри, повеќе не барам.
На сликата лево е прикажано како/ каде отприлика се поставува метрото (без делот за нозете нели). Инаку, кога сме веќе тука, јас сум 85-62-87. (за колковите не сум баш најсигурна иако знам дека тука некаде беа отприлика, баш ќе измерам ако го најдам метрото и ќе се поправам доколку сум згрешила).
Висина 170. Пропорции:80-67-90...половинава ќе морам барем уште 3-4цм да си ја намалам,пред тоа ми беше 60
95- колкови 62- половина 80- гради 168/9- висина 54- тежина п.с. Не се чудете за големината на колковите, голем проблем ми е за пронаогање фармерки а истовремено и горда сум. I got it from my momma, and my bf adores it.