Ова е многу интересна тема, стандардите не се секаде исти. Модните агенции не го гледаат само тоа, треба да има сооднос на пропорциите со висината и килажата, обемот на рацете со нозете, должината на ногата итн... Се прават детални анализи на телото, а и изгледот на лицето игра важна улога. Пропорциите од 90-60-90 се задржани од поодамна како синоним за убаво и совршено тело, но овие бројки треба да ги носиш со висината, а таа не треба да биде под 175цм. Пример, за модел на VS потребно е да имаш 34-24-34 (86-60-86цм.). и идеална висина од 173цм. Доколку твојата висина е над 176цм. тогаш стандардите за идеални пропорции се качуваат на 90-60-90цм. со идеална тежина од 56кг, или -120 од твојата висина. Овие бројки се доста високи стандарди, идеални пропорции за манекенки и топ-модели од светска класа. Метрото се поставува кај градите, половината (баш кај струкот) и колковите. Моите неодамна измерени пропорции се: 90-65-90цм, со висина од 178цм и тежина 58кг. Со оглед на тоа дека активно вежбам и се одржувам во форма веќе 10 години, горе-доле јас сум задоволна од изгледот на своето тело.
Не кажав дека и фали нешто, јас дадов пример за барањата и стандардите на модните куќи, а и сите овие бројки се само бројки. Секој може да ја исполни нормата од 90-60-90 доколку сака и се потруди.
Јас кога ја поставив темава мислев на убаво тело а не на ковчести манекенки што ги бараат во модни агенции
Не знам на што си мислела, насловот на темата е за пропорциите на телото и јас дискутирав на таа тема. Прашуваш за идеални и нормални пропорции, јас ти одговорив. А можеби мојата замисла за убаво тело е токму во тие пропорции, секој има своја илузија за убаво тело, секое тело е убаво на свој начин. Најбитното е ти да се чувствуваш убаво, а како што споменав погоре, ова се само бројки. Убавината не е само во телото и надворешниот изглед, не треба да се биде празноглава барбика. Нема потреба од нервози.
Јас не се нервирам само за мене повеќето манекенки со такви пропорции имаат стапчесто тело кое воопшто не ми е убаво тоа сакав да го кажам. И не зборуваме овде за празноглавост полека со муабетите
Гради 75 см, половинче 58 см и кукчиња 90 см ( стигаат и до 95 ). Далеку од идеални пропорции ама мене доволни ми се. Висока 158,9 тешка 41
Јас сум висока 165цм, а пропорции 90- 63- 88. Треба пак да си се измерам за секој случај да не сум утнала некоја цифра
Гради - 85 Половина - 62 Колкови - 93 Висина 1.72цм 53кг (килажа да ставам повеке супер ке ми биде телото )
Гради-76 Половина-60 Колкови-90 Висока сум 156 цм и имам 45 кг Сакам да имам повеќе килограми до кај 50 и да имам поголеми гради Ама никако да се здебелам
Сум пораснала бе, мајката! Само, не знам дали има напредок во колковите. Сигурно има, ама ете не меревме со шнајдерката. Не ни требаше, ни требаа гради и половинче. 87 - 66 - ? Тесни колкови имам, не верувам ни 87 да сум, ама ајде. Имав на времето и идеална половина од 60 сантиметри. Ама имав, веќе не.
Гради 90 Струк 63 Колкови 90 Висина 167 Тежина 53кг Да потенцирам дека пред циклус градиве ми се потечени за 3-4 цм
Бев 86гради-60половина-90колкови со 165 висина и тежина 50, а сега сум 86 гради(не мрднале ) - 66 струк - 94 колкови со 53 килограми, висината исто не мрднала. Работам на постигнување на идеалните, стомакот и задникот лесно ќе се решат, а за градите ако не бива силиконче ќе ставиме или некое чорапче (шала, добри си се).
Моите пропорции на телото се 110цм колкови, 82цм половина и 107цм гради. Висината ми е 175цм, а тежината 80 килогорами. Што мислите дали е во ред?