1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Просење

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Offspring, 29 јули 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Не наидов на оваква тема досега а доста имам разгледувано. Мислам дека овде ќе можеме да ги продискутираме оние кои го одбираат тој начин за заработувачка. Јас искрено не поддржувам и се гнасам кога ќе видам мали дечиња парталави и искинати како одат и бараат по 10 денари. Не ми се гнаси од дечињата, напротив обожавам деца и жал ми е, туку ми се гнаси од нивните родители кои ги пуштаат на милост и немилост на -20 голи и боси да трчкаат наоколу и да им заработуваат дневница од по да речеме 500 денари. Ми се гнаси од оние, несовесни мајки, кои си ги влечкаат бебињата со себе седнати на бетонот во зима само за да некој се сожали.
    Ми се има случено еднаш и ептен се нажалив :( Шетавме со сестра ми замуабетени и не запреа двајца старци... Жената, со понизен глас ми рече "девојче, имаш ли 10 денари, ние живееме од продавање на пластични шишиња собрани од ѓубрето, ни фалат уште 10 денари за да купиме лекови". Леле колку се нажалив, мислам срцево ми се распара :( Ептен беше жално, ги извадив последните пари од џеб и и ги дадов иако никогаш не давам на просјаци. Потоа размислив, не ми е мене до тие пари дојдено, ниту ќе бидам побогата, ниту посиромашна. Можеби навистина им требаат. Ако им требаат ми е мило што сум им помогнала, а ако ме излажала нека и служи на честа и на годините.
    Секогаш велам дека страшно е да го допреш дното, ама уште пострашно е таму удобно да се сместиш, сметајќи дека некој друг денес треба да ти даде парче леб.
    Ваши искуства?
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ах Дарки, ми го прочита мислењето :) Само што ќе отворев тема која ќе се викаше „ Дадо дај десет денари“ бидејки често наидувам на циганчиња кои со мили очиња и испружени рачиња ќе ме замолат. Сум давала кога сум имала. Имаше едни и по школо се вртеа и на големите одмори редовно им давав од чипсот или смоките. Жалчиња се :(
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    35.545
    Пол:
    Женски
    Често пати се случува циганчиња да просат од мене, ама не сум им дала пари. Премногу лажат, а понекогаш се безобразни. Се шетаме со дечко ми низ плоштад Македонија и едно циганче во инвалидска количка му вика на дечко ми - чиче, чиче, дај 10 денари. Дечко ми не му даде. Истиот ден, после тоа, го гледаме истото циганче како ја турка инвалидската количка. На циганчињата воопшто не им верувам и не ги жалам.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Во тој контекст, едно ме има исплукано. Ми се згади се во моментот |(
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    35.545
    Пол:
    Женски
    Едно циганче, откако сестра не му дала пари, и рекло - Да ти е*ам мајката. Сестра ми го удрила неколку пати. А друго циганче ме има фатено за газ откако не му дадов пари и јас го удрив по глава. Секогаш кога некое циганче ќе ми побара пари му викам - Бегај ајде.
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    И другарка ми ја имаат плукнато откако она одбила да им даде пари. :devil: Инаку јас не давам, посебно не на циганчиња, како што кажа SummerGirl премногу лажат!
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    35.545
    Пол:
    Женски
    Ни малку не сум будала да им дадам пари на циганчињата. Не само малите, туку и големите лажат. Се случува да ми дојдат на врата со лист во рака (на кој што има слика од дете) и со неколку 10 денарки. Бараат пари за операција на нивното болно дете. Ма немој? Каква операција бре. Парите ги трошат за цигари и за алкохол. Кога ќе им отворев врата почнуваа со приказната и веднаш им ја затварав вратата. Сега ѕиркам низ окцето и не им отварам.
     
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Па чим децата лажат, мора и возрасните да лажат, инаку кој би ги научил?! Инаку за ова на врата истото го правам и јас, ама во последно време гледам дека и Македонци доаѓаат да просат, сепак ни на нив не им верувам, дефинитивно лаже народов. Не верувам во некои блиски, не па на некои што прв и последен пат ги гледам во живот.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не, никогаш не давам ништо на оние кои просат, не ги ни загледувам, не ме фаќа жал и точка. Посебно тие што ѕвонат од врата на врата со документи како е некој болен и му треба операција под итно :^) денес за око, утре за срце, задутре за не знам што...
    Единствено можам да кажам што можам да дадам - ако некој ме замоли за храна или вода. Тоа не можам да го одбијам.
    Нема да заборавам, пред некоја година дојде една женичка пред врата, значи не молеше за пари, за операција, туку за храна. Како може да не му дадете храна некому? ;( Мислам дека го собрав целиот фрижидер и и го спакував. Тоа да.
    Пари, никогаш.
     
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Мене еднаш ми дојде на врата една баба....незнам што беше на бугарски ми зборуваше, имаше икона во рацете, и ми рече да ти гледам иднината, ти дај ми нешто пари! Мене ме фати страв, ако не и дадам, дан ми фрле некоја клетва или магија ......хехе, и и викам бабе немам пари во мене, ме гледаш мало сум, не ми оставаат мене дома пари! и таа ми рече ...тогаш дај ми месо! :^) :^) :^) ! отидов до замрзивач и и дадов 2 мали најлончиња со месо! :lol: :lol: :lol:
    Оттогаш ме фати страв, и на никој не му отворам пред да видам од прозор кој е!!!! :x
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    35.545
    Пол:
    Женски
    Ме нервира кога некое циганче ќе ми побара пари и откако ќе го одбијам, постојано се вртка околу мене. Некогаш лошо ќе го погледнам и тоа самото бега. И кај мене доаѓаат Македонци да бараат пари за операција. Ни на нив не им верувам. Кога им отварав врата ќе кажеа што имаат да кажат и јас им велев - Немам никој дома. Сега ми стана навика да ѕиркам низ окцето и не им отварам. Не отварам веќе на непознати.
     
  12. Paranormal

    Paranormal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    18
    Пари на такви што просат му имам дадено само на едно детенце се вика Стојанче и го знам детето нема родители со баба му живее а наше е ама по цело време е со цигани, многу ми е жал за него и затоа секогаш кога имам му давам а на други кога ке ми побараат им викам дај ми ти на мене :)
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Е сега со бабиве ме потсетивте. Кога бев помала 9-10 години, на врата зазвоне некоја ептен стара баба, сигурно имаше над 75 години. Јас отварам, таа почна нешто да збори, јас се дерам по баба ми да дојде, таа бараше помош, што имаме да и дадеме, храна, вода, облека, пари, било што. Баба ми и даде стол да седне, донесе вода, и спакува храна и нешто стара облека која не ја користиме и ја даде. Ама бабата толку многу ме растажи, ептен ми беше жал, ја гледам едвај оди, со бастум во рацете, раскажа за себе, дека мажот и умрел, децата исто, и премногу уверливо звучеше, што на крајот се расплакав. ;(
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    И јас исто не ги ни погледнувам. Ако не им обраќаш внимание си одат одма. Инаку плукаат, фаќаат кај што не трба, се од погоре што сте набројале. А не да лажат...
     
  15. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Поразителен е фактот со просјачењето. Оние кои просат на раскрсниците во Скопје кои се наоѓаат околу плоштадот Македонија од сите можни страни ,,заработуваат,, дневно од 1.500 - 1.800 денари. И ајде што ,,заработуваат,, макар и што за тоа што сум против, туку парите не одат за ништо друго освен за хероин. Значи, најмладиот регистриран зависник (констатирано со докази од страна на полицијата на Р.М.) од хероин на игла е на 8 годишна возраст. И да не кажам сите, ама ајде нека бидат 98% од сите тие, а и тие што се мотаат на плоштадот џепарошат, крадат ташни, ограбуваат и насанкуваат странски државјани....од 10-12-14 годишна возраст, жж, СЕ Е ТОА НА ХЕРОИН..........страшна работа........значи децата просјачат за да си ја обезбедат дневната доза дрога на себе и на своите родители...... :x :x :x :x :x
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    8.192
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми е жал за просјаците :worried: Кај нас по градот,пошто помал,ги нема...Ама имам идено во Скопје,е таму се на секој чекор и многу ми е жал кога ги гледам.
    Многу често на врата знаат да ми зазвонат циганчиња,стари жени и циганки да бараат пари за операции,да ми бараат храна,а мојата пуста добра душичка не може да одбие.Секогаш им давам по 10тина или 20тина денари.Еднаш ми падна многу жал за една бабичка која ми рече дека немала да јаде и ако сум немала пари да и дадам нешто за јадење.Тогаш и дадов цела кеса храна...
    Криво ми е што некогаш ќе дадам пари кои циганчињата ги трошат на цигари и алкохол.
    Неретко давам алишта што не ги носам во социјалното за соседното село каде има многу сиромаштија,луѓето живеат по шупите...Баш пред некој ден дадовме 2 големи кеси...Се надевам убаво ќе се искористат алиштата :)
     
  17. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Немам коментар за темава.Наместо да најдат работа, барем да чистат по куќи или да продаваат, тие спијат на картони и просат. Очигледно вошките им го испиле умот.. Е нека спијат и на Камен мост и под Железничка, ич не ги сожалувам, сами си се криви за тоа. Како да не можат да тропнат на нечија врата да најдат некоја работа. А за оние што се со физичка маана и што навистина се принудени да просат за парче леб, ја обвинувам државата што сеуште не нашла начин да ги згрижи.
    а за овие навистина жално...
     
  18. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Значи тие што просат ме нервираат :@ :@ премногу.
    Во Прилепов има така едно 6-7 кои се редовни. Ме нервира што здрави, прави и седнале, седат и просат. :fubar: :fubar: Еј треба да си пореметен да го правиш тоа. Седнале најголеми пијаници по плочникот и тоа пред бизнис центарот и цел ден ќе седат така со раката пуштена. Помини покрај нив смрди корни на алхохол. И после некој ќе речи не си хуман. Па зошто да му давам пари кога знам дека за цигари и за алхохол ги трошат. Ама па понекогаш си велам, ајде ни тие од 10 денари ќе се збогатат ни јас ќе осиромашам па оставам.
    А на тоа малите Роми ако им речеш немам тогаш те следат, а па ако им дадеш пари тогаш ќе те запомнат и секој пат по тебе ќе идат за да им дадеш пак. И што дека, кога нема леб да купат, да се најадат туку и тие за цигари. Голи, боси и зиме и лете и не знам како не им дојде памет дека треба да станат и како и сите да работат нешто, а не после државава им била крива.
    А за тие што шетаат по куќи им давам, ај гревота е си велам.
    Ама кога ќе ти дојдат со истата слика и другата година :envy: е тогаш претеруваат. Еданаш на еден му се развикав и реков Ај ќе ти дадам пари ама почекај да се јавам во болница и да прашам дали навистина има вакво девојче за операција. Штрафта фати човекот.
    И баш претходнава недела ми дојде еден на врата и пак пари за операција. И јас изнанервирана, уште тој ми требаше му реков -Добро бе чоек, уште ли со таа финта ќе не зае*авате. Што не кажиш дека ги собираш парите за децата, за да им купиш леб, а не за опереција. Тој што е човек ќе ти ги даде парите кога гледа дека си без работа и дека си ја газиш честа за 10 денари. А не да лажиш.
    И му дадов 20 денари и замина човекот.
    Има вакви уште многу и за сите важи истото нека застанат и нека се разработат, оти мрза газа не рани.
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Има кај нас во град многу мали циганчиња што просат. Ама така се мили дури ако им дадеш пари ќе ти испеат нешто :rofl: . Секогаш кога имам ситно им давам. Знам дека за цигари ги трошат, ама ајде грев ме фаќа.
    А еднаш што ми се има случено... седиме летно време со дечко ми на тераса во пицерија и оди едно циганче од маса на маса и проси... му дадовме 10-20 денари и си отиде. Кога гледаш немаше ни 2 минути кај нас околу маса 5-6 циганчиња се собраа, ова другото им кажало... И мораше келнерот да интервенира :lol: . Инаку низ селово наше, да видите какви се луѓето горделиви и си ја чуваат честа, ќе немаат за леб ама никогаш не сум видела ни еден да излезе да проси или по куќи да оди.
    Инаку ми се допаѓаат тие низ центар, што наместо да просат, свират на нешто, барем не му сметаат на народот, кој сака нека си остави. Секоја чест за таквите, срцето ми се стопува кога ги гледам.
     
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Не е „просјачење“ туку ПИТАЧЕЊЕ. Ве молам воздржете се од невкусните коментари и навреди.Прво не се вели цигани, туку Роми.Навистина можете барем малку да се има осет или почит кон луѓето. Мислам дека темата е во ред, но со навредливи коментари, не се постигнува ништо.