Пред некој ден, си се шетаме со другарки и едно циганче ни вика ај дајте некој денар , и овие другаркиве дека не се од Скопје се сожалија и рекоа ај ќе му дадеме, ама јас го избркав и ова ме опцу и сакаше да ме плукне , ама ми се споија жичките и коа сум му залепила еден шамар надворешен, шпринт да го нема.
Разбирам стари и болни луѓе...ама бре, млада, права, здрава, тазе фарбана, се глеа ни корен ни нишо, значи имала пари да се исфарба госпоЏицата и проси на сто степени и детето го зам'кнала со неа на тие температури, мисли ќе добие поени на сожалување. На таква да и` дадам? Па таа не е човек како прво, ниту мајка како второ, детето гладно и` пишти, битно госпоЏа се исфарбала Море си сакаме муфтеее, многу си сакаме муфте...јас не сум видела млада жена да дојде на врата да бара на друг начин работа сем преку просење. Абе пример глеа пролетно темелно чистење, па да ти рече да ти помогнам во чистење, те молам многу ми требаат пари, детето гладно ми седи. На таква, ако стварно ја заврши работата и не ми украде нешо, па дупло ќе и` дадам од тоа што ми побарала.
лелелее како ме нервираат.господе прости ми ама претеруваат! одиме со мама и седнала циганкава до нејзе две три дечиња боси на овоа ладно и едно бебе малецко го држи,сирото премрзнало.какво беше црвено во обравчињата,можела да и ги направат а не може да работи,нека оди нека сади тутун а не да чека од небо да и паднат парите,мама како можеше цело лето да го сработи декар и пол ќе може и таа. и арно рече тогаш мама нека оди нека работи ја како садев цело лето,па и во право е!
Зошто јас сум сеуште девојче,мајка ми и татко ми таа работа.Ама не секогаш им даваат.На пример,пред едно 2 години ни дојде една жена циганка и бараше пари,ама мајка ми не и даде,не затоа што несакаше,туку тукушо зема плата и немаше ситно,а не сме богаташи за да дава илјадарка.Па помина едно 20 мин. и низ прозор гледам во двор на бетонот си седи и плаче ама се гледаше дека искрено плаче.Мајка ми и даде еден цел леб,две паштети и тегла компот.За два дена јадење ќе и стигне.А вака на улица не дава секогаш,затоа шт има и безобразни.Колку пати ни се има случено да не опцујат ако не им дадеме.Ама искрено,ги жалам што така родителите ги мачат,да просат за нив да им соберат дневница.
Во мојот град долу на автобуската има мало мовче седнале стари и помлади ромки деца ромчиња пружиле рака просат и велам на младата наместо да ја пружаш раката земи работи таа вели нема работа и велам како нема оди чисти по домови мети по згради тоа не е срамно си заработуваш за леб вели неможам јас болна сум и велам а здрава си студов да го кркаш таа вели јас цело време вака живеам ја погледнав сфатив дека таа знае самио да се лигави некој да и даде нешто Се додека човек има раце и нозе може да работи јас имам комшивка која плетеше на рака миленца кратеше облека кој и да ја викнеше одеше да чува деца стари лица па никогаш на ниту една комшика не рече немам или тешко ми е се е до карактерот на човекот имаме ромка која цел дел го чисти 4 влеза по 20 стана и 6 дукани жената поштено си работи што тоа го ценам и затоа се согласив да чисти и пред мојот дукан тие што просат банка не им давам но на трудољубиви луѓе знам и да ги наградам кога некој се труди вреди да бидеш фер,а просјак и просјачење на памет не ги ставам некој мене ме прашува ли како ми е како робот сум од сабајле до вечер сум во дуќан вечно насмеана а може да ми се плаче и на некој просјак да му дадам банка НЕ
Баш жално е, ама не знаеш кога лажат, кога не. Ова морам да ви кажам: татко ми бил во Скопје и го сретнале мали циганчиња. Му рекле да им даде 10 денари и тато им рекол дека нема ситно. И едното му рекло: „Што си убав, како Полат и како Џем, па и џип возиш“. Па тато им дал 20. Ја се изнасмеав кога ми кажа. А инаку баш ми паѓа жал кога ќе ги видам малите, така голи и боси.
секогаш ми е жал кога ќе видам како просат и речиси секогаш им давам али има на некои што не им е за давање бидејќи имам многу случки кога сум им дала а ме навредиле, стоејќи на автобуска ми побара едно циганче 10ден му дадов и си се свртев настрана и после 1минута ме мава некој по г.з се вртам и го гледам циганчето му велам што правиш ти не ти е срам сега ти дадов пари а ти вака ми враќаш и ми вели ааа извини ја мислев друга е и ми се изнасмеа во фаца, на друго му дадов ми велеше демек да си купи за јадење и го пратам што ќе направи, после некое време оди во дуќан и се враќа со цигари аман. На едно немав ситно и не му дадов, па ме исколна и испцуја ептен сочно што да беше некој друг на мое место сигурно ќе го згазеше под нозе, али среќа налета на мене па си помина без ништо. Ги има и многу што лажат али има и многу што навистина се за жал, последна случка некна во вторникот 2циганчиња братче и сестриче само на тенки блузички а богами ладно беше, доаѓаат до мене со солзи во очињата ми бараат пари немале јадено од претходниот ден (беше поприлично касно) а јас поучена од погорната случка (бара пари за јадење а купи цигари) ги викнав со мене им купив по 1 кифла и им ги дадов, кога ги видов како се израдуваа на кифлата и како среќно и задоволно јадат, срцето ми се наполни и од самата глетка и од убавите зборови кои ми ги кажаа за да ми се заблагодарат
најнормално е да се проси уште од старо време имало луге кои просаат на еден друг трет начин но дали вистински просат и зошто ги употребуваат стекнатите вредности
Само што го прочитав и без зборови сум... Прочитајте го текстот и проследете го понатаму. Можеби на некој ќе му го спасите животот! Во близина на метро станицата седи женска личност на неодредена возраст. Косата и е бушава и валкана, погледот жалосен. Жената седи на валканиот под, а покрај неа лежи торба. Во торбата луѓето фрлаат пари. На рацете од жената, спие бебе старо година или две. „Тажна слика“ – бројните минувачи ќе донираат пари. На народот секогаш му е жал за оние кои имаат помалку среќа. Помагањето, изгледа како „Добар бизнис“. Поминав покрај питачката. Не ѝ дадов никакви пари, затоа што знаев дека тоа е банда! Погон од измами и парите собрани од питачите ќе ги има оној кој ги контролира питачите на тоа подрачје. Тие луѓе поседуваат бројни луксузни недвижнини и автомобили. Оф, и питачот исто така добива нешто, секако, шише вотка во вечерните часови и сендвич со плескавица или сл. Месец дена подоцна, поминувам пак покрај питачка… и како гром кој одненадеж ме удира… Застанувам на прометната раскрсница, зјапам во бебето, облечено како и секогаш во валкани тренерки. Сфатив дека изгледа „погрешно“, дете во валкана метро станица од утро до мрак. Бебето спие. Никогаш не плаче или вика, секогаш спие, со лице свртено кон коленото на една жена која најверојатно му е мајка. Дали некој од вас, читатели, има деца? Сетете се колку често спијат на возреаст од 1-2-3 години? Час, два, максимално три (со прекини) пладневна дремка, па пак – покрет. Месец дена, секој ден шетав во станицата, никогаш детето не го видов будно! Погледнав во тоа ситно битие со лице свртено кон коленото на мајка му, а потоа во лицето на таа жена питач и мојот сомнеж беше прогресивно формиран. „Зошто спие цело време? – праша зјапајќи во бебето. Питачката се направи дека не ме слушна. Ги спушти очите и го скри лицето во јаката од својата бедна јакна. Го повторив прашањето. Жената повторно го подигна погледот. Погледна некаде зад мојот грб, крајно иритирано. Конечно промрмори: „Е*** се!“ -Зошто тоа спие?!!!! Скоро се расплакав…. Зад мене некој ја стави раката на моето рамо. Се свртев. Некој старец ме гледаше со неодобрување: „Што сакате од неа? Зарем не гледаш колку е напатена… Ех…“ Тој изброја некоја пара од џепот и ги фрли во торбата на питачката. Следниот ден повикав пријател. Тоа е еден смешен човек со очи како маслинки од романска националност. Тој успеал да заврши само три и пол години образование. Сепак тој недостаток на образование не го спречуваше да се движи низ градските улици во доста скапи странски автомобили и да живее во куќа со безброј прозори и тераси. Од тој мој пријател успеав да дознаам дека овој бизнис, и покрај привидната спонтаност, јасно е организиран. Питачењето е организирано од страна на криминални банди! Децата се користат во „закуп“ од семејствата алкохоличари, или едноставно се украдени. Потребно ми да добијам одговор на прашањето – зошто бебето спие? И го добив. Мојот пријател ми раскажа, со потполно обичен смирен глас кој ме остави во шок, исто како да зборуваше за временска прогноза: „Тие се на хероин, или на вотка…“ Бев вчудоневидена. „Кој е на хероин?!“ „На кого – вотка?!“ Тој ми одговори: „На детето, така да не вреска. Жената седи таму со него цел ден, и замисли како тоа може да биде досадно?“ За бебето да спие по цел ден, потребно е да му се даде алкохол или дрога. Секако, органите на децата не се во состојба да се носат со таков шок. И децата често умираат. Најстрашно е – понекогаш децата умираат во рацете во текот на „работниот ден“. И имагинарната мајка мора да држи уште едно мртво дете на рацете до вечерта. Тоа се правила. И минувачите ќе фрлаат пари во нејзината торба, верувајќи дека се морални. Помагајќи ја „мајката“…. Утредената отидов на истата станица на метрото. Криејќи се зад лажниот новинарски идентитет, и бев спремна за сериозен разговор. Разговорот не успеа. Но, се испостави следното: „Жената седеше на подот и во нејзините раце држеше дете. Кога ѝ поставив прашање за документите на детето, и што е најважно, каде ѝ е вчерашното дете, таа едноставно сè изигнорира. Моите прашања не беа игнорирани од страна на минувачите. Ми беше речено дека сум надвор од себе, врескам на питачката со дете… Единствено што остана е, да се викне полиција. Кога полицијата стигна, питачката со бебето исчезна. Стоев долго и размислував дека ја всушност само „се борам со ветерниците“. Кога ќе видите на плоштад, на мост,на некоја станица, на улица или сл… жена со деца, питачка, размислете пред раката да се фати за парите. Размислите за тоа, ако не беше таа ваша милостиња, ваквиот бизнис ќе умре. Таквиот бизнис би требало да умре, а не децата – од дрога или алкохол. Не гледај на спиењето на детето со љубов. Погледни го хоророт…
Ако и давам пари на сите со просат, па ќе треба со цела плата да идам на кафе,(нем да снемам да се засрамам )не е едно или две.Искрено многу ми се досадни, вулгарни и секако невоспитани.Порано ке дојде некое и ке напрае жална фаца и те моли дај 5ден.да си купам кифла.Ти му даваш и за 15мин. поминува со бронза Спојлер Малку офф иде мало циганце и ми бара 5ден и почнува да благословува ''Дај дадо 5ден да си фанеш убав дечко со убава кола и со плави очи....'' И јас одам другарка ми до мене и му викам ''Јас некам плави очи сакам со зелени''. Малото вика ''Аааа ако сакаш со зелени ке даиш 10дИнари''
Питањето е многу лоша работа, гледаќи од страна на оние кои немаат пари,оние кои ги тераат децата да питаат било за јадење или цигари и алхохол,оние кои бараат а имаат.Постојат различни питачи, едни за потреба други за преживување.Колку е жалосно кога гледаш некој парталав,валкан,беден а всушност што е вистината? emerald.orchid како што кажа жално е некој да се искористува на таков начин.А друго кога некое циганче ќе ти рече ,,дај дадо 10 ден.,, или ќе ти дадат слика од болното дете кое треба да се оперира па му требаат пари а што е најлошо некои се безобразни,вулгарни,невоспитани.Ми се има случено циганка да ми рече ,,дај 10ден. или влице ќе ти плукнам,, е на такви не сакам да им давам пари па може и да те плукне???? Но кога некое мало циганче ќе замоли за малку јадење ми е жал и не можам да го одбијам зашто гледам дека тоа го јаде и е гладно но за родителите е навистина жално што на децата не можат да им обезбедат барем корка леб.....
Пари во животов сум дала така само на некој кој на одреден начин ги заработил. Тој што ми го измил стаклото на колата, што ми помогнал куферите да ги пренесам преку скали... Можеби им требало само минута да го направат тоа, ама заслужено ќе добијат пари од мене, и повеќе одколку побарале. А безделничарите можат и 10 минути да ме молат, не им давам ни денар. Поготово после години поминати околу Клиничкиот центар во Скопје, колку луѓе сум видела што лажат за здравјето, па и на такви не верувам. Кој сака да најде работа, ќе ја најде, ама полесно им е да просат. Кој не знае да седи цел ден и така да заработи дневница (што најчесто е поголема од минималецот што еден работник ја заработува), и јас би го правела тоа. Ама уште пред да наполнам 18 години си наоѓав работа во слободното време, затоа што не сум ни глупава ни саката, па да не можам сама да заработам некој ден. И тоа не затоа што сум морала, туку сум сакала. А тој што е толку заглавен да нема за јадење, тој уште толку повеќе треба да е мотивиран да бара работа. Како дете седев голем дел од денот со баба ми, и живеевме во куќа. Цигани нон стоп ни доагаа во двор барајќи нешто. И кога баба ми ќе им речеше да ископаат еден дел од дворот, да завршат некоја работа, и да им плати поштено за тоа, тие одбиваа. Сакаа само да им се даде, а не и да се заслужи. За такви луѓе немам ни најмала намера да одвојам од своите заработени пари, ниту од лебот што го јадам. Ако сум можела јас да го добијам со сопствен труд, може и било кој од нив.
Навистина ми е жал за просјаците, кога ќе видам некоја постара женичка како едвај оди и бара пари од луѓето срцето ми се кине, на такви давам пари, а потоа кога гледам како купува гевреќ од некоја пекара ми доаѓаат солзи на очите и срцето ми се исполнува, сум помогнала на некој на кого навистина му била потребна помош. Еднаш ми се има случено на едно мало детенце около 10-11 годинки му дадов 10 денари, а потоа го гледам со цигар во устата еднотавно ми се згади... За жал има и такви измамници кои праќаат деца и парите им ги земаат а како награда за тоа децата добиваа ќотек Најмногу ги почитувам оние што се трудат да заработат а не да добијат на готово. Собираат шишиња или старо железо. Најмногу ме нервираат оние што одат по куќите со изговор дека се нешто болни и собираат пари за операција, има такви случаи навистина, но повеќето лажат. Еднаш ми се има случено да откријам две жени. Бев кај соседите и некој заѕвони, погледнав низ вратата и видов 2 жени, едната ми беше позната, ама незнаев од каде. Дошле да бараат пари за нејзиното дете наводно болно од рак, со слика во раката(сликата беше симната од интернет ја имав видено и предходно). Кога се вратив дома заѕвонија и на нашата врата, кога го видоа дедо лицата им пожолтеа. Се сеќавам убаво на зборовите: "Што правиш чичко _ _ _ _ _,како си ? Ние бевме кај наша колешка да ја посетиме па на минување и тебе да те видиме." Јас како што стоев до дедо само превртев со очите и ништо не реков. Потоа го прашав дедо кои се овие и ми рече дека едната била ќерка на негов пријател. Не му кажав ништо затоа што знаев колку добри пријатели се а ќерка му само може да се засрами и нека и служи на честа !
Искрено ми е жал за ваквите лица,често ми просат но да бидам искрена кога ќе дадам кога не,не сум јас таа која можам да им помогнам или да им решам проблем,ќе им решам привремено за еден ден не сум моќна засекогаш.Жалосно е да се гледаат како одат голи и боси во најголемите жештини или снегови,ти се молат за 10 денари кои место за леб ги трошат за цигари наше е само да ги сожалуваме,ама државата е онаа која треба да им подаде рака
Има многу просјаци на кои што им требаат пари, ама има и такви кои што лажат и заради тоа луѓево ретко даваат пари на просјаци. Јас одамна не давам пари на таквите. Нека одат да работат нешто за да земат некој денар.
Често се запрашувам какво суштество треба да си, да родиш по пет деца што треба да ги одгледаш, да им дадеш леб, топол дом. А ти наместо тоа ги праќаш да се мачат и да молат за леб на улица. Па и луѓе со поприлично добри услови, не прават толку деца. Ама тоа е што да правиш, ако можеш ќе помогнеш. Иначе обично давам на луѓе со инвалидитет, дечиња никогаш не можам да заобиколам. Нема пожално да видиш мало дете босо на ова време, а ти ни со два пара чорапи не можеш да се стоплиш.