Навистина, се познава тие кои немаат и се во неможност да работат (различни малформации), и жал ми е. Знам кога имам денар да оставам. Особено на деца. Децата ми се слабост дури и кога знам дека можеби лажат. Дете е, знам дека ако сега им се попушта ќе сфатат дека тоа е исправно, ама кога ќе видам во кинати алишта шета дали од клупа на клупа или седи и се ниша напред назад в место, се чувствувам исто како куче да цивка во период на болка. Дечко ми често знај да ми речи, пари не му давај, ако стварно сакаш да му поможиш дај му храна. Се согласувам со него апсолутно, и тоа во повеќе наврати го имаме практикувано и двата. Седмица нели сендвичите се огромни, па покрај тоа што повеќе од пола компири остајв за да каснам бар малце од сендвичот, успеав максимум 5 залаци да каснам и ми остана. Помина дете шо бараше пари, дм го праша онака „Пари немаме, дали си гладен?“. Абе онака само климна и му по дајвме сендвичот. Реално преферирам то. Да му дам за јадење, наспроти пари. А и ретко имам пари во мене, обично сум со мал „буџет“ И да, можеби сум по малце наивна, ама ете тоа е. Покрај деца во поќе наврати имам даено и на стари. Обично ко ќе имам денар поќе, врвам покрај црква и таму обавезно има некој. Сега патот ретко ме носи натака, па немам сретнато одамна некој што пита сем некое дете. А со децата дури и сакам ко ќе седнам да помуабетам, си ги седнуваш в парк или кај сатот на фонтана и слушаш колку се всушност паметни. пс. најкриво ми е што ги тераат децата да питаат. Имам забележано деца кои обично кај сендвичари долу одат кај тие кои прават сендвичи да питаат за сендвич. Знам дека тоа сигурно и не ги тераат од дома, би ги терале можеби за пари ама сметам дека околината ги налага на еден начин. Или немаат дома или сакаат поубаво а во околината има баѓи кои питаат, па овие го извлекоја онај „попаметниот“ начин.
Некогаш им давам пари некогаш не. Има некои на кои навистина им треба но некои се збеснати. И морам да кажам, циганчињата најмногу комплименти ми имаат дадено.
Скоро никогаш не давам на питачи. Едноставно ако видам, игрнорирам. Еднаш како помала се шетам со брат ми, и едно циганче од нигде никаде ми излегува оред очи, од памет ме извади, и ми вика дај за леб. Брат му само му свика, ова се тргна. А и ако им дадам, од кај знам на што ќе ги потрошат парите. Дали навистина на храна и лекови или на дрога и алкохол. Лани идам јас накај школо со автобус, и застанува автобусов на семафори после подвожникот. И имаше надвор едни циганчиња, и едното на луѓето од автобусот со раката им симулираше боцкање со игла во раката. А мали деца беа. Така да, затоа и не им давам, инаку ќе придонесувам во "семејниот буџет", за кој родителите си ги искористуваат децата.
Во Мк е масовна појава. Тоа покажува каков е стандардот и воопшто државава. Сигурно има и во други држави, ама кај нас премногу. Најголем дел се издвојуваат од ромската етничка заедница, каде е општо познато дека постои голем проблем со неедукација и невработеност на населението, така што државата треба активно да презема мерки и спроведува проекти за минимизирање на овие фактори.
Пред еден дуќан кај мене во населба една Ромка секој ден просеше. Некој од комшиите и купил леб. Замислете, лебот не го ни земала. И на такви да давам пари??? Нема шанси.
Добро што се случува со Тинекс?? Денес во Тинексот во центар ни се приближи девојче ромче и побара да му купиме јадење. Ни помалку ни повеќе пилешки прсти бараше. И земавме леб и салама и девојчево излезе на минутка и без храната се врати пак да проси од други. Наводно секој ден била во тинексот. Што е со тинекс нормални ли се што го дозволуваат ова? На тоа ниво ли се паднати? Се изнервирав зошто храната очигледно не беше за неа туку таа е експлоатирана и работи за друг, а Тинекс не реагира.... Буквално не вреди човек да помогне или да донира. Сите испаднаа преваранти...
Мене ми е жал за ромчињата, не се тие виновни за ништо, најчесто давам по некој денар на тие што се ненаметливи, не идат по тебе и не те плукаат. А на возрасни Роми не давам, здрави, прави нека одат нека работат нешто, кога ние можиме можат и тие, ги гледаш дека ништо не им фали, ама полесно им е да просат
Ali romcinjata so komplimentite se najjaki mi vika a muri vidi kakva si ubava ko kasandra ja mu vikam od kaj ja znaes kasandra 94' filmot e sniman Edna mi veli ko Latifa od Zade serijata si slusaj me vamu ke se mazis so sportist ke ragjas tri deci
ХАХАХААА Исто и мене ми е жал за тие помалите,и знаат така нешто да ми речат смешно,а на овие возрасниве не им давам зашо ми се има случено и да ме пцујат
На деца и возрасни не давам пари само ако видам некоја бабичка или дедичко тогаш давам пари за нив ми е жал, сигурно се на голема мака штом дошло момент да просат на стари години.
Во последно време ретко давам. Ептен ако некој ми побара да му купам за јадење. Скоро имаше една ромка, пред маркет просеше со бебе, да му купела за јадење. Јас не можам да ви опишам колку ги мразам тие жени, зошто дознав што им прават на тие јадни деца ама ова беше бебе. Не сакав пари да и дадам, па и купив кашички и сокчиња. Ама не ги можам бе, сите би ги затворила со деца што просат или што ги тераат децата да просат или што си ги изнајмуваат децата за просење. Стока одвратна. Ама и народов расипан стана. Имаше еден кај што работам, просеше во количка, наводно пари за операција собирал, нозете во завои, гипсови чуда. Го гледам утредента, завршил со "работа" и лагано си ја бутка количката и оди нормално. Второ, на врата ми доаѓаше жена, не беше ромка туку македонка и секој пат вика дека е мајка на Наталија, Стефанија, Марија...зависи за кое дете моментално се собираат донации. После ја видов на фб ја објавиле дека така прави со години. Смрдла. А го има и што навистина се на мака, но човек некогаш нема доверба едноставно.