Аууу само јас испаднав БЕСЧУВСТВИТЕЛНА .... Lacrimosa сакаш да кажеш кога искачаш во град, на секој циган му даваш пари... Алал да им е, сигурно те гледаат како светица и се молат на тебе... А уствари у кој град тоа???
и јас сум како lacrimosa...едноставно не можам а да ја свртам главата...особено на стари лица, поготово на стари дедиња, многу лесно се растажувам... последен пример беше со дечко ми, бевме на пат, и на патарина не знам точно во кој град, старо деде циган беше, накај 85 години доаѓа и пружа рака едвај стоеше со бастунот! и се нажаливме ептен со дечко ми 150 денари му дадовме... леле, кога ѓи виде парите, мислам дека никогаш нема да му ја заборавам фацата, сонце 100 пати ни се заблагодари од душа и мене тука ми се насолзија очи....душа ,стварно многу ми е жал... сигурно на 85 години нема да оди и да работи! за едно лепче пита, сиротиот тој
Мене некој ќе ми даде ако просам? Не сум хуманитарна организација, некој се мачел за парите што ги имам, нема да раздавам на секој што ќе седне на плоштад и ќе проси. А ако веќе давам нешто тоа ќе биде храна, а не 10 денари што ќе ги потрошат на цигари или лепак.
Во Скопје, во Виена и во Струга. Мада најмногу во Скопје ги има. И да, 10 денари не ми вршат работа. Ако немој ми побара, ако имам во мене 10 денарка, 5 денарка зашо да не. И како што гледаш да само ти испадна бесчуствителна, скоро секој во пост што го прочитав на луѓево им е жал за таквите, само ти ми изиграваш некоја богата шмизлетина која не може да одвои некогаш 10 денари и само во тој момент да го погледнеш среќното лице на тој што си му ги дала па да ти се исполни душата. Море не е ни до парите, барем трошка жал да почувствуваше. Викам ја повеќе животните се за поштовање отколку денешниов народ. Верувај многу лесно се стига на улица, сум видела случај од човек завршенно градежен факултет,потекнуваше од нормално семејство, жената и детето му погинаа во сообракајка, човеков изгуби работа, од толку што му беше тешка ситуацијата, попушти малку психички, и заврши на улица. Што му преостанува во таква состојба освен да проси? Кој сака да вработи човек со попуштени нерви и искинат? Јбг, таква ни е државата и тоа е работа што никогаш нема да се смени. А зошто? Затоа што луѓето не се менуваат во врска со оваа работа. И така Маја, размисли маааалце само за оваа работа, и немој да бидеш толку строга спрема луѓето и да ги осудуваш овие, па ти што имаш фамилија, дом, работа(школо), може да згрешиш некогаш во некоја работа па ќе бараш прошка, ќе ти биде тешко ако те осудуваат, не ти опростуваат итн. Сите треба да си помагаме едни со други кој колку може за да функционираат до некаде работите во светот. Аха, и не, во никој случај не сум светица боже пази, само сум реална, тоа е се. Прави добри работи за да ти биде вратено со добро, кармата е стварно чудна работа.
ОМГ! Не ми е, и не ми е жал... Ќе кажам пак, жал ми е за инвалиди само, и за некој како твојов случај опишан погоре...Но ретки се тие луѓе како горенаведениот случај кои единствениот начин на егзистенција го гледаат во просење. Пред се има центри за социјална грижа и помош (иако знаеме какко функционираат). Ама за циганите не ми е жал... Едноставно не ми е жал, затоа што они не ни сакаат да бидат поинакви од такви какви што се(секоја чест за исклучоците, кои излегле од рамката на тој „цигански живот“)... Зарем ти не си свесна дека со парите што ке им ги дадеш тие ке купат цигари??? И не само тоа, многу одвратно се однесуваат... Ке го споменам пак случајот со „ДАЈ ПАРИ ИЛИ КЕ ТЕ ПЛУКНАМ“, или пак само што си ја измил колата, застануваш на семафор, без да праша ти шлапнува крпа на ветробран, и џабе миењето на колата, уште толку ке ти ја зашлака... Да не праиме муабет кога ке ти дојде на кеј, ке ти брцне во тањирот со рака Или пак оној што се прави глувонем, со тие ливчињата напишани... ПОсле 15 мин го гледам збори на мобилен.... па тој господ ке го казни... Штотуку родено бебе оставено на улица, без разлика дали е + или -40 степени, на таа што го родила битно и е пари да земе, и е гајле за детето... И има милион други прмиери поради кои имам вакво мислење какво што имам... И да, „10 денари не ти вршат работа“, ама ако им даваш на сите ( а нели пошто тебе ти е мноогу жал за нив) ги има на секој чекор, веројатно се враќаш со празен паричник дома.... И откако почнав да заработувам сама, и сама да си се финансирам за се, многу повеке ги ценам парите, и ми значи секој денар. ПОдобро 10, 20, 50, 100 денари ке ги ставам во ВЕРО во кутија за хуманирана помош, отколку да ги раздавам на циганчињата....
Жал ми е кога ќе видам луѓе што просат, беспомошни стари лица поготово.. им давам кога сум во можност. Но за цигаништана што просат ич не ми е жал! Секаде ги има.. на семафори.. во трговски.. на улици.. нема спас од нив. Еднаш малку фалеше ташната да ми ја здрпа едно мрсулаво , или па не дај боже ако му кажеш немам! ај тргни се.. ти вика ДАЈ! или ќе те плукнам, удрам, и што уште не! а којзнае колку луѓе ги имаат испокрадено до сега.. Уф ги мрзам! Никогаш нема ни денарче да добијат од мене!
Ги жалам .. и секогаш кога имам им давам .. ама многу ме нрвираат кога нема да им дадеш и почнуваат да те пцујат
Бидејќи сум мала не ми се десило да побараат некој денар од мене,туку од моите родители и другите во семејство,но се сеќавам дека ми имаат раскажувано дека многу лажат,а и еднаш видов со свои очи како ги лажат и пцујат. Беа еден постар и дете и и побараа пари на една жена(а тогаш циганката буричкаше во контејнерите) и таа жената рече дека нема пари моментално,жената ја знам,секогаш е сама со нејзиното куче,бледа е ко дух и мислам дека има проблеми..леле кога почнаа да ја вреѓаат,да ја пцујат,таа почна да бега со кучето,а тие одат по неа и и се дерат Господи боже што се нема....
До пред некое време давав ситно 5-10 ден. посебно на дечиња. Некако жал ме фаќаше, такви парталави и смрзнати надвор. Ама после тоа што ми го раскажа другарка ми, богами нема повеќе. Значи група на циганчиња си оперира пред влезот на ГТЦ од кај Плоштадот. Гледаат кој вади пари од банкоматите и тргнуваат. Две му се пикнале пред него (таткото на другаркава), а две позади. Успеале да му брцнат во џеб, додека овој од предниот барал нешто ситно да им даде. Му собрале 1000 ден. ама човеков по неколку метри сфатил дека парите му ги нема, се завртел и некако ги докачил. Притрчал и некој полицаец кој се нашол таму, а циганчево од страв ја фрлило банкнотата на земја. Објаснувањето на полицаецот: -Да, знаеме дека крадат, ама не им можеме ништо. Ако ги однесам во полиција, одма се креваат на бунт, секакви невладини вртат на телефони и не' обвинуваат за кршење на нивните права. Ни се закануваат со Комитет за човекови права итн... Никој не може да ги пипне, ви се молам, малцинствово угнетено , и ги обвинуваат за малтретирање, национализам . На што личи тоа?
Кога ќе ми заѕвонат на врата да бараат пари, јас им давам нешто за јадење, некое колаче, сендвич... После тоа одма ја заклучувам вратата, зашто знам дека крадат. Еднаш дедо ми се враќал од некаде и некое мало дете од оние што просат го замуабетило, дедо од кај си ова она, дедо ми доаѓа дома и гледа му нема 600 денари што ги носел во џеб, луѓе стар човек од скоро 90 години солзи ронеше, многу му беше мака зашто му беа последните пари од пензијата. Па навистина не знам што да речам, безобразни се и оттогаш не им давам пари никогаш. Друга случка: Во Скопје со другарка ми чекавме автобус и пиевме лименки. Доаѓа едно од тие децата и вели дајте ми пари. Јас му велам немам пари, ама ако сакаш еве ти ја Кока-Колава (сосем малце се имав напиено и не ми се пиеше веќе). И тој и’ се сврти на другарка ми: Дај ми ја и фантата! (Спрајт пиеше таа иначе ), ама таа само што ја отвори лименката и му вика абе ми се пие. Неееее фантата фантата! БЕЗОБРАЗЛУК. Му го даде Спрајтот за да не’ остави на мира. АМАН. А една друга другарка има јадено камен по глава од едно зашто не му дала пари. И тоа прилично беше удрена на аркадата, сина одеше две недели. Среќа што не и извади око.
Кај нас во зграда скоро секој ден иде по некој или болни собираат пари или циганчиња просат.Кога имам им давам на сите.Најмногу ми падна жал вчера,дојде една жена со дете и ми вели -Дај ми нешто за детево -И викам ако сакаш 50ден само толку имам да ти дадам -Вели дај ми и лепче доволно е,за да го нахранам детето И дадов леб и јадење што имаше дома жената со солзи на очите срцето ми го скрши,толку скромна,да беше некој друг ке речеше дај ми парите не ми треба леб.
И јас порано им давав на циганчињата по некоја ситна паричка, а кога ќе дојдеа пред врата мајка ми им даваше купишта алишта, плус за јадење. Ама и ја како Трендафилка више не давам затоа што на другарка ми пред Миднајт и украдоа новчаник со долари, авионска карта, картички истите тие накој има давав пари
Гревота е стварно за некоку парички нема да осиромашиме Ама па некои незнаат да го ценат тоа. На едни така нонстоп кога поминував им давав по некој денар колку што имав толку ,а тоа нонстоп мислам секогаш кога ќе поминев покрај нив неколку години. И еднаш си купував нешто облека и не ми останаа ич се случува и така сега пари не ми врнат од небо и тоа малото идеше по мене и дека му реков немам - ме плукна и се налутив и си реков повеќе денарче не добиваш ти од мене. По неколку дена излегува прилика со сестра ми излегуваме и на јадење идеме и ние си порачуваме тост од 30 а тоа 2 тоста од 60 порачани веќе си ги зема ЦЦЦЦ ами од каде толку пари бе со тие пари 3 леба ќе си купи и на крај кога си идевме дома со сестра ми ги гледам со мајка му во такси си влегуваат а ние 2 км пешки и после тоа no way денар им немам дадено а на други им давам грев ми е ако не ме разочараат секогаш че имам некоја паричка за фрлање
Оставам понекогаш пред просјаци, ама на дечиштана во ГТЦ сум рекла веќе во живот не им давам. Еднаш се заб... му давам на едно и одеднаш 10 околу мене, ме тегнат онака мрсулави, ми бутаат прсти во рацете да не имам уште пари... НИКОГАШ повеќе. Има една женичка редовно ми доаѓа на врата, значи ја знам и пред да остане бремена и бремена и со бебето ми иде Секогаш и давам и пари и облека и храна и за бебето сокче, бисквити, овошје, пудинг, барем со две кеси си оди... Ама иде ретко, порано еднаш месечно, сега уште поретко. Не е нападна, можам да кажам дури и фина е. И немам проблем да и помогнам. Маж ми ме кара што не сум и речела да оди да чисти ако веќе нема школо за друго, ама па не можам, така сум и воспитана, од врата просјак без ништо да не враќаш. На други им давам најмногу по 10 денари, некогаш и јадење (ама еднаш го најдов фрлено пред влез, а му направив сендвич бе со цел памет!). А најмногу се лутам кога ќе почнат да се расправаат да им дадам цигари (а не пушам) па се кара со мене бе копиљот зошто сум била таква?!
Абе тие циганите вечито се жалат а ги гледам секој ден у продавница или во Тинекс си купуваат паштети,кока кола и Цигари со по 10 деца па ако немаат пари што ги правеле Во принцип не давам а и по влез не идат азшто ставија шифра да внесеш па ќе ти се отвори вратата. Еднашка им дадов на едни цигачиња пред Тинекс зашто прво правеја стој ан раце салто и др и ептен ми беа интересни и им дадов некој денар. А на другар ми се возел во кола и на мајка му некое циганче и рекло: Тетке дај ми 10 денари убава си ко Шехерезат.
Во мојот град фала богу се уште нема такви! Кога одам во поголемите градови давам кога имам, жал ми за тие деца, но како што кажавте многу лажат земат пари и наместо за храна трчат да си купат цигари на рефус.