Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Просење

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Offspring, 29 јули 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Просјаци... Хммм... ги има на секој чекор! Некои здрави и прави седнале на патот и чекат милостиња, ако не им дадеш ќе ти возратат на ,,твојата нехуманост,, со плукање, фаќање за газ, со клетва, со пцовка...а ако им се пружи прилика да те оплачкат ич око нема да им трепне...ќе те суредат и магла ќе фатат! Ако пак се смилуваш и им дадеш некој денар убаво ќе те запаметат и секогаш кога ќе те видат ќе се влечкат по тебе и на мир нема да те остават,нема да престанат да ти барат! Значи со нив не можеш ни со добро ни со лошо!
    Сум поминала лошо од такви просјаци, имам лошо искуство... и не им давам ни денар!
     
  2. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Не давам повеќе на просјаци.После тој ден кога ми дојдоа на врата,и јас им дадов овошје,а потоа истото беше расфрлано по цела зграда,не давам!Они сакаат ќеш,не се будали да ми ги јадат моите јаболка и портокали,сакаат пара,да си купат они што сакаат.Е,ако сакаат така нека се фатат за работа.На никој не му тече низ врата.Ај овие што доаѓаат на врата,ама оние па малите деца што се влечат по кафичи и сендвичари-е мнооогу се напорни.Леле,едно пролетва кога ми запна,јас јадев надвор во сендвичара,и кога запна сакам од твоето шише кисела вода да се напијам и точка!Јас му викам,влези си внатре,потражи си водичка,ќе ти дадат.Не,он сакал од моето шише :D И така,јас и мојот мал пријател привлековме вниманите кај сите што седеа надвор дури се тегневме околу шишето и верувале или не малце ми фалеше да го треснам,така малце посилно! :D
    И ќе кажам само уште ова-срамота,за оние што одат од соба по соба по студентските домови и просат пари од студенти.Студентот е последниот човек од кој се бара пари!
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Човечки е да им се помогне, ама некои едноставно не заслужиле. Ако не дај боже ви текне да му дадете на некој пари од тие што просат на Камен Мост, е дури тогаш ќе видите што ве снашло. Еднаш посматрав една ситуација во која еден странец му даде пара, 5 евра мислам беше на едно циганче. Додека да стигне човекот до плоштад, по него се влечеа минимум 10 такви, меѓу кои имаше и една постара со мало дете в раце. Одвратно :puke: , го жалев човекот, сиромашкиот не можеше да се освести што се случува :?:
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Им давав, ги сожалував... Си мислев стварно немаат што да јадат (имам постирано и претходно мое мислење)... Ама тоа што го видов на Тв се запрепастив, мали дечиња просат, ти мислиш дека гладно е болно е... а тоа одело во Шутка и си купувало хероин за 100 динара :| Па уште и кажуваа како од овој од оној, и на крај оделе и се дрогирале со НАШИ пари, а ти го сожалуваш. Па и по тоа рацете уште да се покажеше :puke: , цело избодено од игли (самото се засука и се покажа).
    СРАМОТА!
    Е па не им давам веќе. :fubar:
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.613
    Искрено, ич не ми текнува дали сум им дала или не. Само на една случка се сеќавам, бев помала и на плоштад јадев крембанана и едно циганче мало рече дадо може ли малку? И ние застанавме со мајка ми и мене незнам што ми стана, некако само надмено одгоре го погледнав и си продолживме. Да знаете колку ми беше жал и мака после што не му дадов бар другата крембанана и ја прашував мајка ми зашто не му дадов, друг пат да дадам ли и ми рече како сакаш ти.. :( Не ми се десило да ме влечат за нога, дрпаат по гз или нешто слично. Ко обично на плоштад мали и ќе идат по тебе и нормално само пари бараат, а не храна. Иделе онака малку време по мене, видоа не им давам и си отидоа. Да им е за лепче или нешто друго, сокче ќе им дадам, само да не се безобразни. А ако им е за пари и после да се дрогираат, да пушат или да си ги додадат на другите нивни украдени и повише пари отколку што јас имам - не фала, не им давам. ;) И ги жалам дечињата што нивните им кршат раце, нозе и слично колку пари да им дадеш. Ццц. И едно што се чудам, зар нема македонци, албанци, босанци и слично болни, изнемоштени и без работа и пари па вака да просат? Само циганите просат. Зар неможат некоја работа да земат, да се вработат, што и да било. Чистач, чистач. И таму ќе зима 4000 - 5000.. А има некои стварно што им треба, сретнавме една така постара жена со мајка ми, со нејзиното кученце скитник вечер одеше по улиците во нашата населба, и рече ех што ни направија, оваа влада, становите како што ни беа и бедни ни ги срушија... А со мајка ми се враќавме од кај баба ми и носевме кифлички, женава немаше што да јаде и и дадовме. Женате благодарна рече фала, мајче, нешто господ да те благослови, не памтам одамна беше. И мајка ми баш точно рече, памтам , еех ова се сиромаси, овие стварно немаат а не циганите на плоштад што крадат и слично . :@
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Некому навистина му требаат пари, но не е просењето единствен начин да се заработи. Било каква работа може да најде да работи барем за преживувачка. Искрено на таквите луѓе (барем кај нас што доаѓаат од други градови да просат) не им верувам ама ич. Пред некој ден маж и жена ми доаѓаат пред врата и жената ми вели: чедо идеме по помош колку имате дадете. И оттука на мажот му ѕвони мобилниот в џеб, го вади пред мои очи НОКИА 6300 (како мојот) и се јавува, си разговара. Е велам пари имате да си купите мобилен и доста добар а сте тргнале да просите за леб. Им реков дека сум сама и дека немам пари во мене. Срам да ги е. Друга случка пак еден човек ми вели ако имате дајте некој денар правиме фонтана па собираме средства кој колку може да даде и си велам луѓето ли треба да дават пари за фонтани или треба општината да си ја плати, и не му дадов. А и тие што одат по кафичи се прават глуви, неми и незнам што а една другарка ми кажувала како еден човек се правел глувонем и просел, а подоцна го видела прав, здрав, си зборува човекот, се смее и си ги брои собраните пари. Срамота! одат во други градови каде не ги познаваат и просат. На сила се прават болни и што ти знам. Секакви приказни измислуваат само да дојдат до пари.
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Искрено, имате фирма, продавница... што и да е... И би ги вработиле циганчињата од плоштад кои просат за да купат дрога или нивниот татко кој пие, или неговата мајка која краде? :^)
    Не е само да се каже нешто, најпрво тргнете од самите себе, ДАЛИ ВИЕ би го направиле тоа.
    Сигурно не, нели? Иако не се сите такви, ама тука веќе преовладуваат предрасудите и она каков е еден, такви се сите. Со кој си, таков си!
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Па како што јас разбрав мислам дека сигурно нема таквите луѓе да ги вработат во продавница затоа што можеби не знаат да сметаат и други причини што сега не ми текнуваат. Но можат да работат некаде да метат да чистат зошто да не и од таква работна рака има потреба, и од тоа се заработува, овде не гледам дека може да се украде. Ако се сака може се да се работи.
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Абе циганска работа, и чистач да е, ако сака да стигне до пара ќе стигне, тоа во крвта им е.
    И искрено не ги жалам веќе :x

    Имаше кај нас еден циган и го вработија како чиистач (за дневница околу 200/300 ден не сум сигурна многу). Знаеш колку пати дојде на работа? ЕДНАШ! Циганска работа, живеат од ден за ден. Му ја дадоа дневницата и не се врати веќе. За една недела пак дојде да си ја врати работата, ама помина возот, џабе е.
     
  10. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Имам слушнато дека во америка постојат луѓе кои се занимаваат со просење :D сакам да кажам го сметаат тоа за нивна професија, живеат во удобен дом со семејство само наутро по доручек наместо да облечат костим или сл одело тие се облекуваат во скинати парчиња облека и просат пред трговските центри. Некои од нив дневно се враќале дома со поголема “заработка“ и од луѓето кои што работеле во трговскиот. Е ај сеа де
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Kolkava diskriminacija ima vo zemjava, toa e nesto neverojatno!!!!!

    i mene mi se slucilo edno 1000 pati i da doagjaat Romcinja po mene, i da mi baraat pari, i lebce, ili bilo sto drugo.

    I NE GI OBVINUVAJTE DECINJATA, TUKU NIVNITE RODITELI, TIE GI TERAAT DA PROSAT, namesto da gi pratat vo uciliste, oti kaj Romite mazot e ZAKON, mazot uziva i pie, a zenata i deteto.decinjata prosat, i isprosenoto go nosat doma :( , za zal taka e , i na TV kolku pati go imaat pokazuvano toa, cel narod go znae toa ;(

    VLADATA TREBA DA GI KAZNI RODITELITE STO NE IM DOZVOLUVAAT NA SVOITE DECINJA DA SE OBRAZUVAAT SO NAJSTROGI MERKI, oti vaka DEFINITIVNO NE BIDUVA :$
    [mod-kirilica:1v8q4hmx][/mod-kirilica:1v8q4hmx]
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ама ептен сум изреволтирана од тоа што се дрогираат бе, вие разбирате?
    И не дискриминирам јас никој, туку ја кажувам реалната слика, која за жал не е убава за очи.
    Ајде како ќе го објасниш тоа, дете просе за да си купи хероин?
    Или малечко детенце (околу 6 год) главата ја пикнало во ќесе и дише боја :|

    Тука не станува збор за дискриминација :x
     
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    за барање можат да најдат работа, ама како што кажа ти денес одат утре не, инаку за тоа дека има предрасуди-има до некаде, ама ете пак, две улички над нас живеат едни цигани, ама никогаш не биле без работа, колку што знам секогаш си одат на работа, ако не можат сами да најдат, како што ја разбрав таа над мене(кога си бегав од школо во автобусот беше пред мене и на една жена му кажуваше) си пошла во социјалното и му рекла да и кажат каде бараат работници да најде работа и ете од кога ја знам работи, како и сите од кај неа, значи сепак може да се најде, може не секој ќе им даде работа, ама ете има...
    за тие во америка не дека просат-просат, туку всушност така си заработуваат-со свирење на улица, и на кој му се допаѓа му остава пари во футролата од инструментот, така да има голема разлика од ова просење кај нас, не одат по улица и да му се закачи на некој и да не го остава на рает додека не му даде пари
     
  14. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    На Ромите што просат никогаш не им давам.. многу се безобразни бре! А може сте ги сретнале едни дечиња обично кај кафичите по кеј се... продаваат паломи и мастики.. е за тие многу ми е жал.. секогаш купувам иако не ми треба :(
     
  15. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    и јас сум против давање пари на ромите бидејки се наредени како на стартна патека значи ако дадеш на еден другите те опколуваат и си бараат по одредени суми веке им се накачи и на нив тарифата.во последно време забележувам и деца кои не се роми а се дотерани скоцкани и просат тоа ми остана во очи дома имат пари а детето просе кога се приближи кај мене се изненадив бидејки го познавам и не ми беше јасно и многу пати го срекавам секогаш бара пари од дома не му давале.еве уште еден пример за ромка која барала пари од врата на врата и отишла кај наша позната која и понудила дневница еве земи пари ама исчисти ми го станот ке ти дадам повеке пари нормално дека си одбила со изговор дека не сака да чисти не и се работи паметни се тие се сакаат на готово да им биде а пак деца имаат еден куп ни самите не знат колку
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Не давам пари на циганни(од сите возрасти), а не давам ни на оние ко врват по куќи. Мајка ми и баба ми им даваат, демек било за операција некаква, и стално им викам. Ти велат за операција, а одат јадат хамбургери, купуваат цигари или алкохол. Е, само ради тоа не ми се даваат пари на такви. Ни 10ден. не давам на цигани и сите останати раси на питачи. :D
     
  17. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Јас им давав цело време, на почетокот кога дојдов во Скопје. Кај нас нема просјаци, па ми беше жал. Ама сега се почесто одбегнувам да им дадам, затоа што вистина е дека ги трошат за дрога и цигари. Еднаш едно дури и во лице ми кажа, кога го прашав за што ти се, ми рече “за лепак“ :^)
    А има една случка уште од првата година тука, што никогаш нема да ја заборавам. Со дечко си купувавме сендвичи од кај „Чичко Стоилко“ и седнавме на тие клупите таму да јадеме. И дојдоа две ромчиња, машко и девојче, на возраст од некои си 9-10 години. Ни побараа пари, им дадовме 20-тина денари. И така као што седевме, тие се врткаа таму околу нас, и одеднаш девојчето се приближи до нас, се наведна и го зема телефонот кој што ми беше паднал на земјата без да забележам и ми рече: „Даде, твој ли е телефонот?“ Не сте свесни колку се наежив во истиот момент. Дури и солзи ми надојдоа во очите, не можев да поверувам дека тоа ми го рече циганче. Замислете, а од дома скоро сите се научени да крадат. За чесноста му дадовме уште 50 денари :lol:
     
  18. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Многу ми е жал за тие што просат. Кога беа студовите видов нешто што ме наежи и сеуште се стресувам кога ќе се сетам на таа слика...Се враќав од школо и таква премрзната цела, во автобус си седам и си посматрам, кога видов ромче по тенка блузичка и теееенки панталонки подвратени до колена, но најлошото е дека детето беше БОСО! Го гледам како криви и имаше солзи на очите и се стресов...Замислете - надвор сигурно имаше -15 степени, и јас бев облечена во ултра дебела јакна, носев два пара хеланки, па пак ми студеше... ;(
    Сепак, имам лошо искуство секогаш кога сум дала пари....или ќе ми се насоберат уште дваесет дечиња...или родителите ќе го пратат пак детето за пари...
    Еднаш ми се случи 5-годишно девојче да дојде кај нас и на една другарка и побара цигара...и пред нас за минутка ја испуши, и после дојде пак и побара цигари и за мајка и...ние нормално ја избркавме, ама ни се врати со стап и тоа огромен....па се стрчаа сите да бегаат, и јас видов-не видов тргнав накај неа да и го земам стапот, но се исплаши и избега...
    Друг пат се шетаме по камени мост и две ромчиња се залепија до мене и ми бараа пари...ама буквално се залепија....мене ме фати страв, се обидов да ги оттурнам ама не успеав и го удрив едното по глава па се тргна....и продолживме понатаму, кога брцам во џеб и ми ги нема парите!!! Се вртам назад и гледам еден дечко им зима пари и иде накај мене и ми ги врати :) Господ здравје да му даде, не беа малце пари, ама и 50 денари да беа, па кој ти ги дава
    А да, и ми се има случено со мајка ми и нејзина пријателка се возевме со кола, и на семафори дојде девојче и побара 10 денари. Ние се сожаливме и и дадовме, ама после тоа дојдоа четири други, ја опколија колата и не можевме да мрднеме...за среќа успеавме неако да се тргнеме од таму, едвај...
    Оттогаш решив да се држам понастрана од нив
     
  19. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Просењето во Скопје ,посебно на раскрсниците е еден вид на организиран криминал ,барем ние што се занимаваме со социјалната дејност така го нарекуваме ,затоа што преку употребата на мали деца Роми, извесни ,,големи,, Роми многу добро заработуваат:За секого е лесно да седне денес, да ја испружи раката и да заработи минимум 1000 денари. Тие дечиња се за жалење , затоа што се експлоатирани и тоа многу често од сопствените родители, а државата често превзема мерки за да се спречи просењето.На пример, од ЦСР, секое утро се праќа по едно комбе ,кое ги собира дел од децата по улиците ,ги носи во Дневен шелтер и ги враќа во нивните домови околу 4 по извршен извесен степен на социјализација.Но ,тоа е се за џабе,тие утредента пак се враќаат и пак просат.Инаку секој семафор во Скопје го држат различни ,,работодавци,, и на пример ако некое дете сосема случајно отиде на семафорот кај Соборна ,веднаш ќе го избркаат ,или поточно сите си имаат точно запоседнати места и колку и да е неверојатно се работат плански. И да, не треба никогаш ама баш никогаш колку и да ни е жал да им даваме пари затоа што со тоаа всушност ја поттикнуваме и поддржуваме нивната дејност.
     
  20. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Многу ми е жал за дечињата кој што ги пракаат да просат, ама за тоа јас мислам дека родителите треба барем малку да имаат родителска љубов и наместо да ги пракаат децата на улична мака да си ги засукаат ракавите и да се фатат за работа за да им обезбедат убав живот на децата.
    Еден случка ке ви кажам кога еднаш едно мало детенце дојде и ми бара пари, мене ми падна жал но не му дадов пари туку му купив сендвич за да јаде, но одеднаш кога дотрча повозрасна жена (ваљда мајкаму) и почна да ми се дере зошто сум му купила сендвич а не сум дала пари.....................бог да чува од такви родители