Дали би направиле изненадување на родителите кога би ви препишале стан на ваше име. моите ми поклонија т.е поточно ми препишаа стан и сакам да ги соберам да ги частам но сакам да викнам како изненадување жива музика, најдов но се мислам па сакав да ве прашам и вас Феминки дали би направиле нешто вакво да сте на мое место, имам усте два дена само да размислувам побрзајте. Хахха се шалам. Пишувајте ги вашите мислења. И да напоменам дека никој незнае. Само јас. хахаххахаха.
Мене лично ми е крајно глупава замислата да се викне жива музика за препишување на стан, ми делува како да сакаш ти на сите да им се пофалиш....еј видете имам стан на мое име.....малограѓанство бескрај. Ако веќе сакаш да направиш нешто да им се заблагодариш на родителите ако си во можност уплати им некое патување, ако не си во можност однеси ги на една вечера. Тоа што ти препишале стан не мора да се раструби на секаде, доволно е што вие си знаете, не мора цел град да знае
Извини но морам прво да ти кажам дека не е трубење не е фалење ке бидат само нашите родители, и кумовите. А второ за патување сме патувале па незнам веќе каде не и ние и моите исто така. Исто така и за вечери не сме од оние што седат дома. Но секој има свое мислење.
Инимини, сфаќам дека тоа те направило среќна, но навистина нема потреба од живи музики и триста чуда. Најубаво би било ако во сега веќе твојот стан приредиш една вечера за најтесниот круг на семејството и на тој начин се заблагодариш. Или пак, ако не можеш таму (немаш доволно простор, немаш време да спремаш и сл.) тогаш во ресторан однеси ги. Излишно е правење не знам какви прослави за едно препишување стан.
И јас мислам дека нема потреба од жива музика. Но да сум на твое место сигурно би направила коктел забава на која ке бидат поканети родителите и пријателите
Ако не е трубење, фалење тогаш која е поентата на живата музика? Јас не сум баба Ванѓа па да знам каде се не сте патувале, ти и твоите родители, и дали седите по дома или не, и на крај краеви ретки се тие луѓе кои посетиле секој дел од земјината топка.Јас напишав место живи музики, како гест на благодарност да им уплатиш патување. И да секој има свое мислење, некој има потреба да се фали, некој нема.
Ти како нивно дете никогаш нема да можеш да им се оддолжиш ама можеш да им заблагодариш. Што и да правиш и како ќе правиш немора тоа веднаш да го направиш. Еве на пр. на нивната годишнина од брак приреди им некоја вечера и плати им некој пансион во некоја бања или сл. (претпоставувам дека се пензионери). Или одведи ги во некој рибник или ресторан каде што има жива музика. Пр. Етно село ти пее Алачки или Ѓезме (доста се добри) ако веќе сакаш жива музика. За роденден подари им нешто што ќе им остане како успомена. Што и да правиш ќе е мало во споредба со нивниот гест ама сепак убаво е да им приредиш и тие да се чувствуваат убаво. А Фемина што ќе ја честиш се зезам
Малограѓанство дека славиш за стан... Хмммм дај боже да се почуствувам еден ден малограѓанка додека славам за новиот стан. Кој не би славел, кој не би се радувал? Барем така јас мислам, не секој ден добиваш на поклон, купуваш, ти препишуваат или што и да е подарок од над 70 илјади евра. Тоа е дом, тоа е твојот иден дом. Е сега проблемот е како ќе прославиш. Музика да викнам дефинитивно не. Музичари за 6 души? Мене ми е смешно. Но од друга страна секој има различно мислење и нема право да критикува што некој се радува за својот нов дом. Јас лично сметам дека убава вечера, смеење, заблагодарување, со убаво подготвено јадење и многу вино е сосема доволно Мене музиката ми е ту мач за прослава за 10 луѓе максимум, живата музика е за големи забави, големи веселби. За мене нема потреба од тоа. Но вкус е. А убаво ти викаат едно патување на викенд за нив двајца ќе биде огромно изненадување. Но да не знаат додека не им го подариш ваучерот. Сеедно што сте биле на одмори и викенди, сепак тоа ќе е патување од тебе со посвета. Добро би им дошол еден спа викенд да речеме во банско. Но твое е. Во секој случај со убаво нека ти е вселувањето во новиот дом. Дај боже сите да си го доживееме тоа
Браво Росонерке, многу паметно момиче си жими сѐ. Секој збор на место. (Ко да те фалам за мажење ) На денешно време таков е поголемиот дел од народот, ако некој човек искрено се радува за нешто што купил, било да е стан, кола, и сака да почасти или ете и жива музика да викне да му свират, ќе следат коментари дека сакал да се пофали или слично, наместо со добра душа и искрено да се израдува за среќата на другиот. Јас најискрено се радувам кога некој ќе добие нешто, мило ми е и сакам и јас да се радувам со него. Се разбира дека постојат и такви коишто ќе сакат да ти се пофалат само и иронично да ти се испонашаат, како демек еј види што добив, а ти немаш хаха... Таквите нека си се радуваат слободно и понатака, и нека си живеат со злобна душа и завист. Ама во ниеден момент нема да ми направат некое лошо чувство. Подобро ќе прославам и да им дадам почит и благодарност на тие кои ме изненадиле со таков подарок, отколку триста тракатанции и 5-6 врсти меса и торти за матура. Мене тоа ми е повеќе како еве види колку имам на масава. Не дека некој толку ќе јаде, и божем нешто јако завршил па ајде. Абе фукни тука баклавата, саламче кашкавалче и тоа е. Ако ти мислиш дека жива музика би ги израдувала, слободно. Нормално нема да вика 100 луѓе и жива музика на бина, 2-3 свирачи и една вечера. Или како што спомнаа патување, или подари им фотографија урамена од вас, нека не биде обична слика, ете однеси ја некаде нека ти ја нацрта некој уметник.
Малограѓанство не е да славиш за стан ама да викаш жива музика за препишување на стан е, барем според мене, родителите на сите нас еден ден ќе ни го препишаат имотот, сигурно нема да му го оставаат на комшиите. Некој тоа го праваат пред смртта за избегнување даноци, некои оставаат да се реши сето тоа после нивната смрт. Прослава мала и така и така ама жива музика барем за мене е too much.
Благодарам за сите васи мислења. Но како што реков секој си има свое мислење, А Што некој рече дека секој родител остава на детето не е бас така има многу што не оставаат уствари има секакви мислења. Сум патувала многу благодарение на моите родители, а за станот не се вселив во празен се бесе до вилувче наместен. А кога еден од родителите е со лошо здравје (пола инвалид) ако сте слушнале за МС сакаш бар малку да биде весел како во мојот случај. И што уште не за разлог на таква веселба а за гости нема врска колку се битно е да се весели. Па не е малку 20 души за една веселба.
Ти посакувам се нјубаво и несто вакво да ти се случи па ке сватич најубаво на своја кожа сто викаат старите.
Мислам дека за да ни кажеш дека ти поклониле стан, доволно беше да напишеш во СДК. Муабетот ми е дека не ти беа важни мислењата. И да, сум осетила, ми се има случено и сваќам што направиле моите родители за мене. Јас да ти кажам најискрено, кога ќе створам, па да и оставам нешто на ќерка ми, јас ќе викнам жива музика А на родителите мои, би им викнала музика и онака од ќеиф...а фала за што направиле ќе им кажам и покажам поинаку. Дури и да не ми беа оставиле ништо материјално истото ќе го правев секој ден од животот.
не викам дека не покажувам секој ден многу си ги сакам моите родители. Но повеке сакав да видам ваши мислења како вие би направиле а не да ме критикувате но ок е се.
Како што секој родител знае што го развеселува неговото дете,така и детето би требало да знае што може да ги развесели/расположи неговите родители. Со оглед на тоа што кажа дека еден од родителите боледува од МС,сосема ја разбирам твојата идеја за жива музика.Мислам дека поважно ти е да им приредиш изненадување-доживување со жива музика на родителите ,да ги видиш насмеани и расположени ,а станот доаѓа како изговор. Само напред,организирај си музика во местото кај што мислиш да прославиш-стан,ресторан-и гајле да си немаш.Дали некој ќе те нарече малограѓанка или не,ама ич да не ти чуе. Ти најдобро си ги познаваш родителите и што сакаат тие.Понекогаш човек е посреќен кога ќе чуе добра музика и ќе му ги врати спомените и разбуди емоциите,отколку сите патувања,јадења и сл. Гласам ЗА музика,според вкусот на родителите,тивка ,со виолини или пак со трубачи. Ј... га ,еднаш се живее,не живееме за други.Направи си го кефот и на себе и на родителите,да не ти е криво еден ден зошто ова задоволство кое е достижно не си им ги пружила. П.С.Навистина ми е жал за дијагнозата МС,знам низ што поминува твоето семејство,затоа само напред,дај им насмевка на лицата и восклик во срцата на луѓето кои се околу тебе.