Јас бев со другарки и пишав порака и се појави на видеобимот Еднаш ќе решиш да искочиш од дома , ќе искочиш и џабе ќе смрзнеш .
И јас вчера се сполетав за Шакира, си викам еее концерт топ! Ал за среќа денес полесно од математичка равенка ги открив. Отвараш т-мобиле страни на Хрватска, Црна Гора, Полска, Австрија гледаш дека секаде во 18 часот е најавено изненадување. И поврзуваш 2 и 2 и знаеш дека е ил бим ил холограм. А Мараја Кери на страната со линк од т мобиле си имаше ставено дека во 18 часот директно јавување ќе има. Али морам да им ракоплескам за супер шпекулацијата вчера, за Шакира, им се може да бе, па уште имаа не е Шакира ќе има уште поголемо изненадување, си собраа полн плоштад и си снимија супер божиќна реклама. А тоа што смрзнаа луѓето многу им е гајле ко што им е гајле со години што не крадат, ем плаќаат казни во неколку наврати ко секретарката, ем директорите бивши на т мобиле се тужат за кражби, ем пак луѓето да се избира оператор т мобиле ќе го кажат. Овци сме си, овчички
За инат не се пребацувам на Т-лажеле сеа. Шо е најтрагично ќе биде многу убава реклама, иако е цел свет разочаран во моментов.
Еве вака се снима реклама за ич пари. Наместо да им плаќаат на луѓе да мрзнат и да пеат во ноември божиќни песнички, ние тоа гратис им го завршивме. Барем по нешто ситно да ни дадеа, да вредеше цупкањето во место...
Поголема катастрофа нема.. ебати изненадувањето! Јас па си викам сеа ке има нешто специјално они лажат со Шакира и Мараја... жално е што сите се исполажаа и отидоа се собраа на плоштад.. Се моли Т-Мобиле да не прави повеќе изненадувања.. Само се смрзнавме!!
Јас па не ве разбирам вас што сте отишле и на другаркиве им се чудев и се изнасмеав, мада не е за смеење, ама со кој памет имаш надеж дека ќе дојде светска пејачка или ќе пее или не знам што ќе прави таму и тоа пази на плоштад на 0 или некој степен под нулата ни мање ни више, кога и самите си се знаеме што сме што вика Дузи наши сме си, си знаеме кој колкав апаш е А јас за Шакира не слушнав, ми дадоа линк демек Мараја Кери ќе пеела на плоштад и си реков уатевр и не разглабав подетално зошто секако немав намера да одам, туку тоа време го искористив во краткотрајна дремка што мноооогу ми требаше Не ми е некоја пејачка не ме интересира, не се запалив нит возбудив па и да дојдеше, ама да доооооојдеше И викате ќе ве има на реклама, а? Леле превара на векот, јас би им ракоплескала за тоа како успеаа да намамат толку луѓе, да беа нови и неоткриени ајде де, ама вака бе?! Иначе откако имам мобилен сум постојан корисник на Т-мобиле, свесна сум за далаверите што ги праат на глобално ниво, ама мене не ме интересира, лично не ме украле досега бар не сме откриле такво нешто, на сметка сум во одличен пакет, ама ствааааарно одличен малку плаќам, се утепувам од зборење не би да откривам зошто го нема во јавност пакетот и неговите опции и супер ми е. Гледајте си лично за вас луѓе, ако не ви одговара за било што па променете го операторот, јас не би размислувала околу тоа, сепак за свои пари секој има право да си одлучува не сме венчани за Т-мобиле
Се моли Т-Мобиле да не прави повеќе изненадувања.. Само се смрзнавме!![/quote] хахахаха јакоооо ме изнасмеа! целосно се согласувам!!
додека има овци ке има и вуна и незнам што се жалите коа навистина ви приредија изненадување и тоа над очекувањата ваши ретко кој очекуваше дека ке го приредат ова рајт?
Да требаше да дојде некој славен артист една година унапред ќе се збореше за тоа. Важно рекламата се снимила и операцијата е успешно завршена.
Мене не ми е ни мизерно, ни глупаво. Тие кои што го наполнија плоштадот отидоа добороволно, значи никој не ги извлече од дома со сила. Лаком народ сме, сите очекуваа нешто муфте... Т-Мобајл не ветија ништо. Изненадување? Изненадување! Ни Кери, ни Мери, ни сестра и. Само изненадување Народот шпеклираше. Ако активно ја следевте фејсбук страната на т-мобајл ќе видевте дека тие ништо не најавија освен изненадување. Со тек на време луѓето почнаа да пишуваат оваа е онаа е. Е сега, кога отидоа и видоа дека нема гратис бројче или гратис пакетче се изреволтираа па почнаа со плукање. То је то, шта чеш?! Настапот на Мараја се гледеше во 5 европски земји и во Македонија, но секаде беше организиран од Т-Мобајл. Значи, нашите не приредија ништо специјално за нас. А тоа дека се е од наш џеб, не вреди да се коментира. Не само оваа прослава, се плаќаме ние преку сметките. Во случајов Т-Мобајл (сите не само нашите) испаднаа креативни и „го искористија“ настапот на Мараја за да си снимат реклама. Ама едно мора да признаеме: рекламите на Т-Мобјал секогаш се далеку покреативни и поубави од оние на другите оператори. Не сфаќам што гледате глупаво и мизерно во ова...
јас не отидов и не смрзнав тралалал не знам кои уште им верува на овие. златен Вип се изназборев за ич пари. се осеќам паметно
Сега свакате зошто нас во помалите градови ни е поубаво? Нема кој вака да не лаже од проста причина што не им се исплаќа.Мал град= мал број на заинтересирани т.с. мал број овци. Спојлер ама слатко се изнасмејав па не можев да пропуштам шанса за да се пошегувам Нашле овци па стрижат.Паметни си се они, секоја им чест за креативноста.Не е мала работа да собереш толку луге пред телевизор
Негде околу 8 часот си одев од кај една другарка, т.е. чекав автобус и слушнав една баба како се жали: „Не излагаја само овие т-мобиле, мислевме поклончиња ќе даваат а они ништо, ниту поклон, ниту ништо, само пуштиле некои спотови таму на бим и овие нашиве девојчиња без памет во глава му прават реклами таму, се растресиле, се разиграле“ Ете тоа беа импресиите на една разочарана баба