Па од т мобајл уконтале дека сме нација со карактер на магаре. Морков пред нос за да оди,инаку маф работа! Шо очекувавте не ми е јасно?! Да беше Мараја у живо ќе плачеа зошто не е Џастин Бибер! Жива среќа што нема досадна божиќна песна малиов,пошто стварно ќе си одам од планетава!
Трендафилке не бега и тоа...своевремено ќе се деси и тоа,ама искрено се надевам ќе му мутира гласот меѓувремено зошто сеуште не можам да се опоравам од Бејби,бејби! Туку шема на однесување...кога ќе излезе реклмата сите ќе имаат романтична реакција ко за рекламата на кока кола празници се ближат. Покваренковци! Прелажани биле! Ту,ту.Кој ве тераше да одите?! Не се свестите за алчниот гз,туку мрчите за прелажаноста?! Ви ветија нешто?!Не,епа како сте прелажани?! Ама едно е сигурно,дека сте алчни! Нареден пат по една краставица гратис,ем здраво е,ем поевтино,а и мултифункционална е! Тамам да пратам,Каша укака работа! Среќни празници дечки! Леле и тазе му е! Ноооо!!Ај донт уант то лив он дис планет енимоооооор!!!!
Ааа, кога делеа торта трчавте сите да си земете и репете за дома или тогаш утка направија со количината чоколадо Е, сега утката им е што ни ладни сендвичи и сокче не понудиле ради снимањето
Aбе сеа сите ќе какаме... Изненадување беше... Беше! За кого негативно, за кого позитивно. Не ни организирале нашиве, таму официјалното т-мобиле тоа. Озбилно, не се нашиве криви. Јес да се укакаа, али сеа тоа е... Јас бев на плоштад, си кснав колаче и си се вратив дома... Па не ме натераа со сила. И сигурно нема ради рекламава да им откажам претплата на т-мобајл.
Се молат T-Mobile да не не` тепаат волку многу со изненадувањава нареден пат. Цела среќа што не сум љубопитна, па не отидов.
Потполно се согласувам со тебе. Јас го гледав на нет стримингот ми можам да кажам дека бевме најмизерни од сите. Да видевте само Пољаците и Германците како рипаа и пееа на All I want for christmas. А кај нас, само стоеа, барем од она што покажуваа. Срамота!! А баш беше нешто убаво. Е сега ќе ги нема цицките на Симона и она дебилното Лике Лике ама тоа е. Не е за секого квалитет.
Колку неблагодарно и малограѓански еј. По дома ако баба ви ви рече дека ви спремила изненадување, а тоа да ти биле пунети пиперки а не нова кола, што ќе и напраите? Ќе ја лупнете со стол во фаца зошто за џабе ве возбудила? Па уште читам ја серат Мараја. Дива, има гласиште невидено, афирмирана низ цел свет, ама нееее, не проаѓа кај македонските намќорчиња. Причината е проста - па не е Гоце Арнаудов. Јебемти народот, јебемти.
Значи силата на маркетингот е толкава колкава е силата на народот да верува, да биде привлечен од реклама, да си замисли невидено и нечуено, да очекува неисполнително. Оно зошто инаку постои расипан телефон или чаршиски муабети? На фантазијата крај и нема. Еднаш, еден другар ми прати еден чешки документарец, кој се вика Чешки Сон. Група на уметници сакаа да ја испробаат силата на маркетингот и направија месец дена унапред кампања за отварање на „огромен трговски центар“, направија флаери, каталогчиња со неверојатно ниски цени (такви човек да не верува дека постојат), и секаде беше наведен датумот на отварањето со порака - дојдете и видете, ќе ве чека изненадување. Илјадници Чеши се упатија кон местото на настанот, пешачеа преку ограмна полјана затоа што во далечина видоа некои завеси....отидоа на лице место, и одеднаш завесите се спуштаат а зад нив мала бина и тимот на луѓе кои експериментираат со најава - ви благодариме што дојдовте, овае Чешкиот сон. Се полакомивте и не ги следевте внимателно рекламите, претпоставувавте дека е ова трговски центар а всушност никаде тоа не беше напишано, дојдовте да видите, и ете, само видовте дека ништо нема, сакавме да ви докажеме колку е голема глупоста на луѓето да не речам високите очекувања. Зошто го кажувам ова? Епа Т Мобиле е сејм сејм бат дифрент. Не се Т Мобиле идиоти, тие имаат само одличен маркетинг тим кој знае да привлече народ А ако се препуштите на неговата моќ, епа не знам на чија страна е тогаш грешката Дури и јас вчера пробав колкава е силата на маркетингот. Спомнав за Шакира и дигнав узбуна
И? Тоа значи дека мора да донесат жива Мараја Кери за ти и остали да продолжат да ги користат? Си рекоа изненадување, изненадија со холограм. Да ги зголемеа цените, да ве разберам да негодувате. Ама ова е преку леб - погача да си бараш.
Значи поголема глупост немам видено....а и луѓето шо се тепаја за да бидат шо понадпред уште поглупи не сакам да навредувам никого ама како лесно се лажи овој народ значи неможам да вервам,,,јас си реков кој знај шо ќе има..поарно ке седам дома на топло и на телевизија ке ја гледам мараја кери отколку надвор да замрзнам и пак ништо не видено...да беше таа присутна таму како би седела па и да е минус ама за на холограм да ја гледам ми е глупо в крај
Изненадување си е изненадување и може да биде позитивно исто колку што може да биде и негативно. Колку што сум упатена Т-Mobile никаде не спомна што и кој ќе биде изненадувањето, се беше оставено на бујната фантазија на народот и одлуката дали ќе присуствува на плоштад или не. Најважно, они си ја исполнија целта, собраа еден куп луѓе, си снимија реклама, оставија впечаток и луѓето ќе ги зборат. Некогаш дури и негативниот публицитет е добар.
Јас не сфаќам што плукате толку. Луѓето сами си створија приказни. Т-мобајл само кажаа дека ќе биде изненадување, нешто досега невидено. И кажете ми, погрешија ли? Ама такви сме ние, да плукаме по се, сакаме преку леб-погача. А за тоа кој краде-кој не, нема да коментирам. Сите си се исти.
Поминав натака (имав нешто работа), тогаш се вршеа подготовки, си слушнав малце музика од тој оркестарот што беше таму, веќе се собрал народ, си беа седнати на клупи, гледаа... јас се чудев, што е толку посебно? Ама не, не останав, мразам гужви, а и преуморна бев. Сепак благодарност со Т-Мобајл, 50 денари бонус си добив денес.
Да бев таму, ќе се испокршев од играње на All I want for Christmas, и онака ми е една од омилените Се сложувам и те како со постот на Саја. Какво е такво е - изненадување е, а и никој со сила не ве терал да одите. Имав обврски, и криво ми е што не можев да одам. Ако е точно тоа дека сите стоеле ко снобови- Кога веќе отишле, наместо да се мрзнеле и да паѓале во депресии разочарани од изненадувањето, можеле да се изнаиграат и самите да си створат пријатна атмосфера, па да им биде мило кога ќе си ја гледаат рекламата. Баш ме интересира каква ќе биде..